Македонија
Полицискиот синдикат незадоволен што случајот со прегазениот полицаец се третира како обична сообраќајка
Македонскиот Полициски Синдикат следејќи го текот на постапката со нападот на полициски службеници од страна на група на лица на подрачјето на ОВР Прилеп случен на 24 септември, во кој повеќе полициски службеници се здобија со повреди, а еден полициски службеник во критична состојба беше пренесен во клинички центар Скопје, го поздравува постапувањето на надлежното Обвинителство и надлежниот суд во која постапка на 10 лица им е изречена мерка притвор.
„Го поздравуваме ваквото постапување кое дава јасна порака за правична институционална заштита на полициските службеници при извршување на својата професија и јасна порака дека секој напад на Полициски службеник ќе резултира со соодветна итна постапка согласно кривичното законодавство“, се вели во соопштението на Синдикатот.
Во врска со настанот случен во Скопје каде беше прегазен полициски службеник кој поради здобиени повреди беше пренесен во Клинички центар Скопје, Синдикатот изразува големо незадоволство за постапувањето на надлежните институции каде настанот е квалификуван како обична сообраќајна незгода и во која постапка само формално е извршен разговор со сторителите и истите се ослободени.
„Сметаме дека ваквиот формализам придонесува кон охрабрување на сите сторители на вакви дела кон загрозување на животот и здравјето на полициските службеници. Укажуваме дека нападот со употреба на моторнo возило преставува напад исто како и нападите со користење на опасни орудија. Бараме од надлежните институции да ја преиспитаат квалификацијата на кривичното дело за овој настан и во рамки на постапката да ги преземат сите најстроги законски дејствија кои им се на располагање, раководејки се од правичното постапување во насока на целосна заштита самата професија полицаец“, реагираат тие.
МПС целосно ќе ја следи ваквата постапка до завршување на постапката и за целиот тек на постапката ќе ја информира јавноста.
За настанот во Битола, Македонскиот Полициски Синдикат ја информира јавноста дека против лицето во настанот со полициските службеници има поднесено Кривична пријава за напад на полициски службеник уште на 21. септември, што е очигледно од повеќето снимки кои беа објавени во вчерашниот ден.
„Бараме да не се донесуваат избрзани заклучоци во кои ваквите сторители на кривични дела би се претставиле како жртви во јавноста. Бараме од Јавното обвинителство во Битола да се забрза постапката согласно законски предвидената постапка за да се утврди вистината и ваквите сторители да се осудат за нивните постапки. Во однос на постапката која се води против полициските службеници, дали истите ги примениле полициските овластувања во рамки на законот потребно е да се почека постапката во која би биле утврдени сите факти во однос на постапувањето на полициските службеници. Да не заборавиме на уставно загарантираното право на пресумпција на невиност согласно кое секој се смета за невин се додека не се утврди во соодветна постапка и во таа насока бараме да бе се донесуваат ставови кои би биле резултат на предрасуди. Ги информираме полициските службеници дека МПС е со нив и дека активно ќе се вклучиме во остварувањето на правото на бесплатна правна помош на полициските службеници со личен избор на адвокат кој ќе ги застапува во постапката. Ги информираме нашите членови дека будно ги следиме сите постапки во кои се вклучени полициски службеници и дека позади нив секогаш стои колективната сила на Македонскиот Полициски Синдикат и колективната сила на Европскиот совет на Полициски синдикати во кој активен член е МПС, и кој Совет сегогаш е со јасна и недвосмислена подршка на нашите членови, на што сме сведоци во изминатите денови во кои добивме јавна подршка од Европскиот совет на Полициски синдикати. Нашите членови можат да бидат цврсто уверени дека не се сами во ваквите тешки моменти и дека секогаш здружени користејки ја колективната сила на Синдикатот максимално ке се залагаме за заштита и остварување на сите права како и за достоинството на професијата која ја извршуваме“, стои во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно време со температура од 11 до 18 степени
Времето денеска е биде променливо облачно и релативно топло, велат од Управата за хидрометеорологија (УХМР). Претпладне ќе има слаб локален дожд, а по одделни котлини ќе има појава на слаба магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта, првин во западните делови ќе има врнежи од дожд.
На повисоките планини во северозападните делови врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови наместа повремено засилен ветер од западен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18 степени.
Македонија
Независниот полициски синдикат утре организира протестен марш во Битола: За закани за тепање и убивање полицајци се оди во притвор
Независниот полициски синдикат (НСП) утре во Битола организира марш за еднакво спроведување на законите кон сите сторители на кривични дела, без селективен пристап по заканите за тепање и убивање полицајци. Маршот ќе почне во 11 часот со јавен собир пред Основното јавно обвинителство Битола од каде ќе се маршира кон хотел „Епинал“, а ќе заврши на плоштадот „Магнолија“.
„Како одговорен синдикат ќе организираме мирен марш со цел да се актуелизира и јавно да се побара доследно и еднакво спроведување на законите кон сите сторители на кривични дела, без исклучоци и без селективен пристап. Повод за маршот се последните јавни изјави и настани во Битола, во кој поединци се закануваа дека ќе тепаат и убиваат полицајци доколку се обидат да ги спроведат законите, кои повторно ја отворија темата за двојните аршини во постапувањето на институциите кога се работи за полицајци и останати граѓани и создадоа чувство на неправда. Целта на маршот не е насочена против ниту една етничка, социјална или друга заедница, туку е јасен апел и крик за потребата од владеење на правото, каде што законот ќе важи подеднакво за сите, без разлика дали се работи за полицајци, граѓани или институции“, најавија од НСП.
Барањата кои е се упатат од маршот се: еднаков третман пред законот за сите извршители на кривични дела, а не само на полицајците, крај на селективната правда и притвор за сторителите, бидејќи за ваков сличен настан пред само 2 години кој се случи во Прилеп, кога лице се закануваше на обвинителка веднаш беше побарано и определено притвор, барање за итна промена на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир и враќање на поранешната глоба која изнесување 1000 евра за омаловажување на државни органи и полициски службеници, наместо сегашните 50, односно 150 евра.
Целта на мирниот марш од НСП велат дека е и враќање на достоинството на полицијата.
Независниот синдикат на полицијата поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Битола против две лица поради упатени сериозни закани по животот на полициски службеници. Двете лица јавно се извинија за заканите со објаснување дека се заканиле оти биле под стрес.
Македонија
Магла ја намали видливоста до 60 метри на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози соопшти Авото-Мото Сојузот на Македонија (АМСМ), Намалена видливост поради појава на магла до 60 метри има на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица, на планинскиот премин Стража до 100 метри и кај Маврово до 100 м.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ потстува дека е на сила законската обврска за зимска опрема во возила и препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

