Свет
(Видео) Жестоки борби во Нагорно-Карабах, светските лидери бараат прекин на огнот
Голем судир меѓу Ерменија и Азербејџан избувна во регионот Нагорно-Карабах. ООН повика на итен прекин на огнот.
Москва, Вашингтон и Брисел бараат итен крај на конфликтот, а Анкара ја обвинува Ерменија и најавува целосна поддршка за Азербејџан.
Двете страни распоредија тешка артилерија во областа, соопшти ерменското Министерство за одбрана.
Today at around 07:30, horrified by their huge manpower and equipment losses, the adversary used the #TOS heavy artillery system at the south-eastern direction. The #Armenia‘n side doesn’t have any losses from the shelling. pic.twitter.com/htk1IC3l8J
— MoD of Armenia ?? (@ArmeniaMODTeam) September 28, 2020
Портпаролот на тоа Министерство, Артсрун Ованисјан, на својот „Фејсбук“ напиша дека борбите продолжиле во текот на ноќта и дека вооружените сили на Ерменија постигнале значителен успех и немало прекин на огнот, пренесува ТАСС.
Ерменската страна објави видео, на кое се гледа соборениот дрон на азербејџанските вооружени сили.
Од друга страна, Министерството за одбрана на Азербејџан објави дека ерменските сили утрово го погодиле градот Тертер во Азербејџан, во близина на регионот Нагорно-Карабах, и предупредија дека ќе бидат преземени реципрочни мерки.
Ерменската страна тврди дека 17 ерменски војници биле убиени и над 100 ранети во конфликтите во регионот Нагорно-Карабах. Претходно, од Азербејџан беше објавено дека Ерменија претрпела големи загуби на првиот ден од контраофанзивата на азербејџанската армија – над 550 мртви и ранети.
Конечниот број на жртви од двете страни сè уште не е утврден.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

