Македонија
Четири лица починаа, потврдени 48 нови случаи на коронавирус во Македонија
Во последните 24 часа потврдени се 48 нови случаи на коронавирус од 387 теста, а починаа четири лица, соопшти Министерството за здравство.
Во Скопје се потврдени 20 нови случаи, во Кочани – девет, во Струмица – четири, Куманово и Прилеп по три нови случаи.
По два случаја се потврдени во Виница и Свети Николе и по еден нов случај во Дебар, Тетово, Пробиштип, Пехчево и во Делчево.
Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 61 оздравен пациент, и тоа од: Скопје – 21, Куманово – 3, Штип – 2, Тетово – 5, Струга – 6, Битола – 1, Гостивар – 4, Гевгелија – 2, Крива Паланка – 2, Радовиш – 3, Кочани – 6, Пробиштип – 2, Виница – 2, Свети Николе – 1, Кичево – 1.
Во болнички услови се починати четири пациенти, од Скопје двајца пациенти на возраст од 73 и 62 години, од Куманово пациент на 69-годишна возраст и од Тетово пациент на 72-годишна возраст.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17.674, бројката на оздравени пациенти е 14.642, на починати е 729, а во моментот бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.303.
На Инфективната клиника во изминатите 24 часа примени се шест пациенти. Вкупно се хоспитализирани 70 пациенти. На кислородна поддршка се 33 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се четири деца и три мајки позитивни на Ковид-19, седум деца и седум мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се тројца, а вкупно хоспитализирани се 36 пациенти. На респиратор се шест пациенти.
Во болницата во Битола хоспитализирани се 17, а во болницата во Штип – 36 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и во Струга хоспитализирани се 173 позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Активни случаи по општини во Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 57
• Гази Баба – 77
• Аеродром – 107
• Карпош – 86
• Центар – 97
• Кисела Вода – 78
• Ѓорче Петров – 52
• Бутел – 30
• Шуто Оризари – 17
• Студеничани – 9
• Сарај – 11
• Арачиново – 7
• Илинден – 28
• Сопиште – 2
• Чучер Сандево – 5
• Петровец – 7
• Зелениково – 2
• Странец – 7
• Нераспределен – 2
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска температурата до 13 степени, викендов променливо облачно и постудено
Сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво
Македонија
Без струја делови од Аеродром, Илинден и Гази Баба
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул.1 Црешево и ул.1 Виниче, општина Гази Баба;
· во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците на технолошка индустриска развојна зона, м.в.Птицоводна станица (само магацинот објект на Нептун), општина Илинден;
· во периодот од 11.00 до 13.00 часот, дел од корисниците на бул.Кузман Ј.Питу бр.28 и 30., општина Аеродром.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.

