Црна хроника
Жена тешко повредена во сообраќајна незгода во Скопје
Вчера, во 9.30 часот, било пријавено дека на улицата Боро Кралевски во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ситроен“, со скопски регистарски озанки, управувано од Г. Ј. (46) од Скопје, и „форд“, со скопски регистарски ознаки, управувано од В. З. (44) од Скопје. Во незгодата тешки телесни повреди добила Г. Ј., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настанот од екипа на СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Судир на два автомобили и камион со приколка на автопатот „Пријателство“, тешко повредено едно лице
Во 17.40 часот во СВР Куманово било пријавено дека на автопатот „Пријателство“, во насока кон Куманово, атар на с.Романовце, кумановско, патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Г.Г.(35) од Велес, удрило во патничко возило „ланд ровер“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од М.Џ.(33) од Скопје, кое пак по инерција удрило во товарно возило „ивеко“ и приколка со битолски регистарски ознаки, паркирано од Т.П.(47) од Прилеп.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Џ., констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.
Црна хроника
Србин кршел на скопскиот аеродром, полиција го уапсила
Вчера во 05.00 часот на Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода Д.С.(43) од Република Србија, затоа што во терминалната зграда го оштетил стаклото на заштитната врата.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициското одделение Петровец за понатамошна постапка.
Црна хроника
Приведен крадец од Струмица, одземеното вратено на сопственикот
Вчера во 18.20 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Ѓ.Д.(25) од Струмица. Тој се сомничи дека истиот ден извршил кражба во магацин во село Дабиле, струмичко, при што одзел повеќе предмети.
Во службен разговор во полициска станица тој го признал делото и кај него биле пронајдени украдените предмети, кои се вратени на сопственикот. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по негово документирање против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.