Забава
Принцот Џорџ може да го задржи подарокот на Дејвид Атенборо

Британскиот телевизиски водител и природонаучник Дејвид Атенборо неодамна го посети кралското семејство. Кејт Мидлтон, принцот Вилијам и нивните три деца, принцовите Џорџ и Луис и принцезата Шарлот, го пречекале во дворот на Кенсингтонската палата, каде што заедно со Вилијам го гледале неговиот нов документарец „Животот на нашата планета“.
Принцот Џорџ (7) е голем обожавател на водителот, кој во таа пригода му подарил посебен сувенир – огромен заб на ретка ајкула што го нашол во шеесеттите години за време на семеен одмор на Малта.
Принцот бил воодушевен, но се појавилe проблеми. Малта побарала да ѝ се врати сувенирот со образложение дека фосилот треба да биде изложен на островот каде што е пронајден. Се верува дека е стар околу 23 милиони години.
Министер за култура на Малта, Хозе Ерера, смета дека забот треба да биде изложен во локалниот музеј и ветил дека ќе се ангажира лично за неговото враќање.
Малта беше британска колонија до 1964 година.
Сепак, властите на Малта одлучија дека британскиот принц Џорџ може да го задржи фосилизираниот остаток од заб од ајкула што му го подари познатиот природонаучник.
Портпаролот на Министерството објави дека Малта се предомислила.
„Министерот Ерера рече дека нема намера да продолжи да го решава ова прашање“, изјави портпаролот за „Тајмс оф Малта“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) „Бев заробена во своето тело“: модел ослабе 40 килограми, а потоа ја откри вистината

Поранешната манекенка Криси Тајген предизвика контроверзии откако за прв пат јавно проговори за Оземпик, популарен лек за слабеење што познатите личности го злоупотребуваат за да ослабат. Ова не е прв пат Криси да биде критикувана за нејзините естетски потфати.
Таа се појави во подкастот „Self-Conscious“ и откри како го користела лекот откако го изгубила бебето во 20-тата недела од бременоста, кога нејзиното тело многу се променило.
Како и обично, секогаш има оние за и оние против, и ова не е поинаку. Некои ја поддржуваа и ја пофалија за нејзината храброст, додека други ја сметаа за нечувствителна.
„Се чувствува како да го пуштивме духот од шишето и тоа ја остварува желбата на сите. Не сум тука да судам, јас самата го користев. Повеќето од моите пријатели исто така го користат лекот“, рече Криси.
Таа рече дека се чувствувала заробена во тело кое повеќе не е нејзино. Таа се здебели околу 18 килограми за време на таа бременост и го земаше Оземпик околу една година, но дури подоцна почна да ги забележува ефектите.
„Живеев во тело кое носеше живот 20 недели, а потоа станав тажен потсетник за тоа“, напиша таа претходно на Инстаграм.
„Храната отсекогаш ми била радост, утеха и борба. Зборувањето за Оземпик и овие магични апчиња за слабеење беше сосема искрено – за срамот, олеснувањето, чудното чувство кога гладот исчезнува. Сè е комплицирано, емотивно и да, малку смешно“, додаде Криси.
Меѓу коментарите беа и оние кои ја осудуваа затоа што претходно рекла дека ги изгубила килограмите кога се откажала од алкохолот, а сега е очигледно дека тогаш излажала.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Омилената џебна Венера носи „убиствени“ комбинации: која е најубава?

Актерката Ева Лонгорија често ја воодушевува јавноста со својот избор на облека. Без разлика дали станува збор за гламурозни креации или провокативни фустани, едно е сигурно – таа секогаш ќе го привлекува вниманието на јавноста.
И тоа беше случајот и овој пат кога објави компилација од модни изданија на својот официјален Инстаграм профил.
Прво носеше сатенско одело во металик сива боја, потоа избра тесен фустан без градник, а неделата ја заокружи со блескав сет во земјени тонови.
Заедничкиот именител на овие модни изгледи е минималната шминка што ја нагласуваше нејзината природна убавина, но и едвај забележливите додатоци.
Покрај добриот вкус за модата и нејзините трендови, омилената џебна Венера покажа и блескава насмевка…
Сега прашањето е – кој аутфит најдобро ѝ стои?
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Раскинувањето што не го очекувавме: беа како заљубени тинејџери

Италијанската актерка Моника Белучи и холивудскиот режисер Тим Бартон се разделија по две години врска, а изненадувачката вест ја потврдија за јавноста во заедничко соопштение.
„Со големо почитување и длабока загриженост еден за друг, Моника Белучи и Тим Бартон одлучија да се разделат“, гласеше кратко во нивното соопштение, според Дејли Меил.
Тие се запознаа пред 19 години на Канскиот филмски фестивал, но почнаа да се забавуваат дури во 2022 година, откако се сретнаа на меѓународниот филмски фестивал Лумиер во Лион, каде што Моника беше почесен гостин.
Една година подоцна, познатата актерка јавно проговори за својата нова врска за прв пат во интервју за француското списание „Ел“. „Драго ми е што го запознав. Тоа беше една од оние средби што ретко се случуваат. Го сакам Тим и навистина го почитувам“, рече таа тогаш.
Оттогаш, тие редовно се појавуваа заедно на бројни настани и секој пат изгледаа како двајца заљубени тинејџери чии погледи зборуваат погласно од зборовите. Затоа никој не очекуваше таков пресврт на настаните.
Нивното заедничко појавување беше во ноември минатата година на 21-от Меѓународен филмски фестивал во Маракеш, Мароко, кога Моника ја воодушеви јавноста и модните критичари со својот ефектен стајлинг.
Двајцата, сега веќе поранешни емотивни партнери, имаат по две деца, при што Моника беше мажена двапати, додека Тим беше оженет еднаш.
фото: принтскрин