Македонија
Сојузот на средношколците најави бојкот во ноември ако не се дозволи комбинирана настава

Сојузот на средношколците најави бојкот на наставата од ноември доколу во октомври остане стабилна епидемиолошката состојба, а институциите не дозволат комбинирана настава.
Претседателот на Сојузот, Бленди Ходаи, рече дека ова треба да се сфати како ултиматум до министерката Царовска и министерот Филипче.
„Доколку епидемиолошката состојба во октомври е стабилна, тогаш учениците треба постепено да се враќаат во училиштата со комбиниран модел. Ако тоа не се случи, секој ученик ќе ја бојкотира онлајн-наставата во ноември“, велат од Сојузот.
Оттука истакнаа дека нивното главно барање за комбиниран модел на настава – онлајн и со физичко присуство – било одбиено. Сепак, како што посочија, институциите на нивно барање се согласиле учебната година да почне од 1 октомври, праксата да се одвива со физичко присуство, а домовите да профункционираат со половина од капацитетите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Лакордов: Југоисточна Европа ги здружува силите против организираниот криминал

Нашата цел е јасна – заеднички да идентификуваме и пресретнеме високоризични пратки и патници преку аеродроми, копнени граници и пристаништа во регионот. Криминалните мрежи не познаваат граници, и затоа мораме да делуваме преку координирани акции засновани на темелни проценки, докази и најдобри меѓународни практики, истакна помошник директорот на Царинска управа за контрола и истраги, Влатко Лакордов, на регионалниот состанок на фокални точки и координатори на Меѓуагенциските гранични единици од Југоисточна Европа, во рамки на Заедничката акција на Европската Унија и Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (UNODC) за промовирање на владеењето на правото и доброто управување преку засилени мерки за гранична контрола на пристаништа и аеродроми во регионот.
„Овие предизвици бараат од нас да бидеме не само контролен орган, туку и аналитички, превентивен и оперативно-ефикасен безбедносен систем. Соработката не е опција – таа е предуслов за успех“, истакна Лакордов.
Преку навремена реакција на Меѓуагенциските гранични единици, додаде тој, само во делот на заложбите за спречување нелегална трговија со тутун и тутунски производи на граничен премин Меѓународен аеродром Скопје запленети се 682 штеки цигари, 29 килограми тутун за наргиле и 18 килограми режан тутун од патници кои се обиделе нелегално да ги пренесат кон Лондон.
Во два последни случаи, преку профилирање на сомнителни патници и размена на информации, спречени се обиди за шверц на вкупно 162 штеки цигари, кои требало да бидат пренесени кон Лондон преку аеродромите во Белград и Приштина.
Македонија
„Две задкулисни коалиции, Левица со ДУИ за Струга и Тетово и СДС со Јакимовски за маркици и тендери во Карпош“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„На овие избори се разоткрија вистинските лица на политичката сцена. На едно место се собраа и се обединија структури за најголемите криминални интереси и политички профити, се здружија само поради една цел, да ги заштитат личните бизниси“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Првата коалиција на терен е Левица и ДУИ кои се претставуваа како антагонисти за сега во Струга и Тетово да ги гледаме рака под рака Али Ахмети и Димитар Апасиев. Се со цел да го спасат ДУИ од пораз во прв круг во овие два града.
Апасиев и Левица истите кои беа поддржувачи на СЈО за дебели хонарари сега на овие избори повторно се продаваат за позиции, фотелји и многу кеш. Тоа е политиката на пазар и мито која Левица се обидува да ја прекрие позади маската на идеологијата.
Втората коалиција се Стевчо Јакимовски, човек на црната листа на САД кој се здружи со Венко Филипче под директива на Зоран Заев. Карпош за нив е претворен во пазар на политички зделки а кандидатот на СДС е само декор, нема ниту кампања, ниту поддршка а нема ниту шанса на овие избори.
Триото Заев, Филипче и Јакимовски нема идеологија, само профит и проценти. Триото Заев, Филипче и Јакимовски ги спојува криминалот, градежната мафија и тендерите. За ова трио, Заев, Филипче и Јакимовски општина Карпош е само каса од која ќе се финансираат нови коруптивни шеми за луѓето околу нив.
Двете коалиции, Левица со ДУИ и СДС со црнолисташот Јакимовски се прочитани и ќе бидат дебело поразени на овие избори.
Народот ги препознава игрите зад кулисите на овие политички актери како Заев, Филипче, Ахмети и Апасиев и ќе ги испрати во политичка пензија“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром и Сопиште

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Црноризец Храбар. (општина Аеродром)
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. 11 во Горно Соње. (општина Сопиште)