Свет
Помпео го повика Ватикан да го осуди кршењето на верските слободи во Кина

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, го повика Ватикан да им се придружи на САД во осудата за наводното кршење на верските слободи во Кина.
Тој изјави дека Католичката црква треба да ја води борбата за основните човекови права.
На конференцијата за верска слобода, организирана од американската амбасада во Ватикан, Помпео рече дека никаде во светот верските слободи не се нападнати толку многу како во Кина, пренесува АП.
„Ние мора да ги поддржуваме оние што бараат поголеми слободи“, рече Помпео.
Во исто време тој повика на поголема посветеност на верските водачи и да се заложат за сите верници.
Секретарот на Светата столица за односи со државите, Пол Ричард Галагер, истакна дека Ватикан ја нагласува важноста на дијалогот и заемното почитување во сите свои дипломатски односи.
Во пресрет на својата посета на Ватикан, Помпео напиша есеј објавен во магазинот „Фрст тингс“, во кој посочи дека Ватикан го загрозил својот морален авторитет со потпишување договор со Пекинг во 2018 година.
„Близината на посетата на Помпео на Ватикан со претседателските избори во САД е причината зошто светиот отец не го прими државниот секретар на САД“, рече Галагер.
Наместо со папата, Помпео се состана со Галагер и со државниот секретар на Ватикан, кардинал Пјетро Паролин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Кина ѝ испраќа разузнавачки податоци на Русија за попрецизни напади врз Украина, вели украински разузнавач

Кина испраќа разузнавачки податоци до Русија за Москва да може да врши попрецизни ракетни напади врз цели во Украина, изјави Олех Александров, функционер на Службата за надворешно разузнавање на Украина, за новинската агенција „Укринформ“.
– Постојат докази за соработка меѓу Русија и Кина на високо ниво во спроведувањето сателитско набљудување на украинската територија со цел идентификување и понатамошно истражување на стратешки цели за гаѓање – изјави Александров.
Зеленски во април изјави дека Кина ја снабдува Русија со оружје и барут. Тој исто така изјави дека неговата влада има разузнавачки информации дека Кина произведува оружје на руска територија.
Свет
Групата Г7+ одржа итен состанок за помош на Украина по новите руски напади на енергетската инфраструктура

Групата Г7+, која беше формирана за координација и мобилизирање помош за Украина, одржа итен состанок по иницијатива на Министерството за енергетика на Украина. Причина за состанокот беа најновите масовни напади на Русија врз украинската енергетска инфраструктура, што дополнително ги влоши условите во земјата.
На состанокот присуствуваа повеќе од 100 претставници од земји и меѓународни организации, вклучувајќи ги САД, Канада, Германија, Франција, Холандија, Европската комисија, УНДП, Европската инвестициска банка (ЕИБ), Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), како и Секретаријатот на Енергетската заедница, соопшти Министерството за енергетика на Украина, пренесува Перши канал на украинскиот јавен сервис.
Украинската страна ги информираше меѓународните партнери за последиците од најновите руски напади, кои целеле на критична инфраструктура, вклучувајќи објекти во нафтениот и гасниот сектор. Заменик-министерот за енергетика, Роман Андарак, истакна дека со интензивирањето на руските напади, потребата од мобилизирање меѓународна поддршка е уште поголема.
„Мора да продолжиме да користиме ефикасни механизми кои веќе се покажаа како успешни за брзо обезбедување помош“, изјави Андарак.
Во текот на состанокот, беше нагласено дека приоритетните потреби на Украина вклучуваат брзо обновување на оштетената инфраструктура, како и обезбедување на дополнителни количини гас, енергетска опрема за поправки и реконструкција, и унапредување на физичките и воздушните одбранбени системи на земјата.
Претставниците на Г7+ ја потврдија својата поддршка за Украина и се согласија да одржат дополнителен состанок во блиска иднина за понатамошна координација на заедничките активности.
Групата Г7+ за енергетика во Украина беше формирана во ноември 2022 година со цел координирање на меѓународната помош во обновата и заштитата на украинската енергетска инфраструктура. Нејзиниот состав вклучува земјите-членки на Г7, Европската унија, како и други меѓународни организации како Светската банка, ЕБОР и УНДП.
Свет
САД ќе им нудат на тинејџерите мигранти 2.500 долари за доброволно враќање дома

Владата на САД планира да понуди 2.500 долари парична помош за тинејџерите мигранти кои доброволно ќе одлучат да се вратат во своите матични земји, јавува Си-Би-Ес њуз.
Во известувањето испратено од Министерството за здравство и социјална заштита во петокот, се наведува дека Министерството за внатрешна безбедност на САД ќе обезбеди еднократна помош „заради реинтеграција“ на мигранти без придружба, постари од 14 години, кои ќе одлучат доброволно да се вратат во нивната земја на потекло.
Оваа понуда се однесува исклучиво на малолетници кои се под надлежност на Канцеларијата за бегалци при Министерството за здравство, која е законски обврзана да ги смести во прифатилишта, згрижувачки семејства и други институции додека не наполнат 18 години или не им се најде соодветен старател.
Децата од Мексико не се опфатени со оваа мерка.
Според американските власти, повеќето малолетници кои сами ја преминале границата доаѓаат од Централна Америка без родители или законски старатели.
Доброволното враќање е посебен правен процес што мора да го одобри судија за имиграција, а грантот од 2.500 долари се исплаќа дури откако апликацијата ќе биде одобрена и детето ќе пристигне во својата земја.
Службата за имиграција и царина (ICE) вели дека програмата првично ќе им биде понудена на 17-годишници.
Оваа мерка е дел од пошироката стратегија на администрацијата на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, насочена кон намалување на бројот на мигранти во САД, и преку присилни и доброволни депортации.