Македонија
Заев на првиот училиштен ден: Да се придржуваме до мерките и да бидеме солидарни

Претседателот на Владата, Зоран Заев, и министерката за образование и наука, Мила Царовска, придружени од градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев, се обратија по повод првиот училиштен ден во основното училиште „Јан Амос Коменски“ во Карпош.
По тој повод, премиерот истакна дека денешниот ден е особено радосен и возбудлив за првачињата и е еден од нивните најзначајни денови во животот.
„Овој ден денеска е посебен, ден што ќе го паметите целиот ваш живот. Убеден сум дека вашите родители во очекување на овој ден ви го раскажувале и нивниот прв училиштен ден. Сите го паметиме. Тоа е првиот ден од илјадниците денови што ќе ги поминете во училиштето, во кое ќе ви се случат некои од најважните работи во животот. Тука ќе учите. Тука ќе ги направите некои од пријателствата што ќе ви траат во текот на целиот живот. Тоа е училиштето. Тоа е местото што од сега натаму ќе го посетувате секој ден за да стекнувате многу знаење. Знаењето што ќе го примате и совладувате со вашите умни главички, во ова училиште, и во другите училишта подоцна, ќе ви помогнат да бидете лекари, градители на највисоки згради и на најубави мостови, ќе ви помогне да бидете најдобри сликари, балерини, новинари, глумци и се што ќе посакате вие да бидете во животот“, рече Заев во обраќањето.
Тој нагалси дека оваа школска година, која не е како ниедна од претходните, па, така, поради пандемијата на коронавирусот, оваа година надвор од училиштата ќе се спроведуваат мерки за заштита на здравјето на децата и на наставниците.
„Сите мора да бидеме солидарни и да покажеме разбирање во целиот овој процес. Ако сите се придржуваме до мерките, полесно ќе ја поминеме оваа училишна година и на тој начин ќе се погрижиме таа да биде единствена и последна ваква. Вие децата сте многу паметни и љубопитни. Тоа е многу добро. И секогаш да бидете љубопитни. Јас сум убеден дека токму поради вашата љубопитност, сите вие веќе знаете зошто ќе треба да носите маски, да се дружите малку пооддалечени едни од други и редовно и почесто да ги миете рацете. На тоа ќе ве потсетуваат вашите наставнички и наставници, а вие ќе бидете умни и ќе ги следите нивните совети. Постојано носете маски, одржувајте растојание со другарчињата и често мијте ги рачињата. Ова да си го повторуваме секој ден и секој ден да ги потсетуваме своите другарчиња“, порача Заев честитајќи им го првиот училиштен ден.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Овој ден буди тага, но ќе се памети и по човечноста и хуманоста, Град Скопје оддаде почит на жертвите од земјотресот

Делегација на Град Скопје предводена од градоначалничката Данела Арсовска, оддаде почит на жртвите од катастрофалниот земјотрес кој пред 62 години главниот град го остави во урнатини. Скопје се сеќава на 26 јули 1963 година, ден кој засекогаш го промени ликот на градот, трагедија која одзеде над илјада животи.
„Овој ден буди чувство на тага, но секогаш ќе се памети и по човечноста и хуманоста на сите кои помогнаа во најтешките моменти“, велат од Град Скопје.
Во рамки на одбележувањето 62 години од земјотресот, вечерва во 20:00 часот во Музејот на Град Скопје ќе биде отворена изложбата „Скопје за време на земјотресот и потоа“.
Македонија
На граничните премини Табановце и Пелинце се чека по 45 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, јави АМСМ. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила на граничните премини Табановце и Пелинце, а времето на чекање е околу 45 минути.
На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Сојузот потсетува дека од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија на сила е летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури. Термините се следни:
петок од 17:00 – 22:00 часот,
сабота од 09:00 до 18:00 часот и
недела од 09:00 до 22:00 часот.
Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забранaта ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот.
Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје (со важност до 01 септември) се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
петок од 15:00 – 22:00 часот,
Uncategorized
Го онесвестиле удирајќи го со клешти оти се сомневале дека им краде лубеници

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека заедно во група извршиле кривично дело – Насилство предвидено во член 386 став 6 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.
Осомничените, на возраст од 39 и 31 година, на 24 јули во скопското село Орешани извршиле грубо насилство и ја загрозиле сигурноста на едно лице, за кое сметале дека украл лубеници од нивата на првоосомничениот.
Со товарно возило го следеле оштетениот додека тој со автомобилот се движел од Петровец кон селото Таор, се додека не се паркирал во дворот на куќата на неговиот внук во Орешани, се наведува во соопштението од Обвинителството.
Осомничените пристигнале веднаш по него, излегле од возилото и го нападнале. Насилно го извлекле оштетениот од возилото и го удирале со тупаници и шамари по главата и телото. Вториот осомничен извадил водоводџиски клешти од камионот, па и со нив го удирале се додека оштетениот не паднал во безсознание. Му нанеле тешки телесни повреди поради кои тој во живото- загрозувачка состојба е хоспитализиран на Клиниката за неврохирургија. Со дејствијата на насилство, кај сведокот – внукот на оштетениот и во јавноста предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв.
Ценејќи ги сите околности и ризици, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.