Македонија
Сончево време со температура до 27 степени
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност поголема во западните делови, каде што е можна појава на краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер кој ќе биде најизразен по должината на Повардарието.
Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 12, а максималната ќе достигне од 21 до 27 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 25 степени.
До недела ќе преовладува претежно стабилно време. В недела ќе има услови за краткотрајна нестабилност, а потоа до среда ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи.
Утринските температури до вторник ќе бидат во постепено покачување. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од јужен правец, што ќе предизвика дополнителен пораст и на дневните температури.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.
Македонија
Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно претпладне со повремен слаб дожд. Ќе дува умерен, северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредните денови
Во среда и четврток во утринските часови има услови за појава на магла. Под влијание на влажна воздушна маса, од четврток од вечерните часови па се до понеделник, следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, наместа пообилни.

