Забава
(Видео) Зелвегер открива зошто ставила само неколку килограми за „Бебето на Бриџит Џонс“
Рене Зелвегер е на листата со холивудски sвезди што ги трансформираат своите тела за улоги. Некои актери влегуваат во неверојатна форма за да играат суперхерои, а други радикално ја менуваат телесната тежина.
Актерката славно го смени изгледот во улогата на Бриџит Џонс во блокбастерот „Дневникот на Бриџит Џонс“. Физичката трансформација на оскаровката не беше ни приближно толку драстична кога ја повтори улогата во третото продолжение на серијалот.
Зелвегер стави над 14 килограми за романтичната комедија од 2001 година, според „Си-би-ес њуз“. Таа ја играше 32-годишната Бриџит, жена решена да преземе контрола над својот живот.

Зелвегер ја врати тежината што претходно ја изгуби за вториот дел „Бриџит Џонс: На работ на разумот“ (2004 година). Публиката го виде следното поглавје од животот на Бриџит каде што тежината и имиџот на телото продолжија да бидат главен фокус во нејзиниот живот.

12 години откако љубителите на филмот последен пат ја видоа Бриџит и шест години откако таа се оддалечи од Холивуд, актерката ја повтори улогата во „Бебето на Бриџит Џонс“. Сепак, овој пат работите беа поинакви. Да, љубовниот живот на Бриџит беше полн со настани и случки како и секогаш, но таа веќе не беше опседната со својата тежина.
Зелвегер во интервју за „Дејли телеграф“ рече дека очекувала оти треба повторно да се здебели за филмот, но режисерката Шерон Мегваер сакала Бриџит да биде во фаза од својот живот кога ја постигнува идеалната тежина.
„Шерон веруваше дека можеме да покажеме дека Бриџит ја постигна својата идеална тежина, но во исто време тоа не значеше дека нејзиниот живот е совршен“, рече Зелвегер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) „Ај кју“ со Pay the Price го продолжуваат музичкиот континуитет
Дуото составено од Бојан и Марија го продолжуваат својот музички пат со песни испеани на англиски јазик, а најнова во низата е песната „Pay the Price“. Музиката и аранжманот е целосно дело на Бојан, а текстот го напишаа заедно со Марија и уште една нивна редовна соработничка од Лондон.
Песната опишува едно типично секојдневие на партнери кои живеат заедно и низ шармантен и духовит начин ги доловува ситуациите кои се предизвици на партнерите.
Песната е снимена во Лондон во студиото во кое творат последните неколку години и на оваа песна ја продолжија соработката со ко-продуцентите од Шведска и Италија.
Забава
(Видео) Враќање во иднината со Јован Јованов и Елвир Мекиќ
Јован Јованов и Елвир Мекиќ повторно ги споија своите гласови и енергија, 16 години откако ја испеаја „Слаба точка“.
Музички позрели од претходно, а сепак со истата страст, тие ја снимија песната „Адреналин“, која ќе биде вистински хит, а ќе почнете да си ја пеете и да играте во нејзин ритам уште на првото слушање.
Премиерата на песната е закажана за 01.11.2025 (сабота) во 15:00 часот.
Забава
Заборавете на црното: овој капут е хит за зимата и тешко е да се победи
Оваа сезона ќе се оддалечиме од вечниот класик – црниот капут, кој е неопходен дел од зимскиот гардеробер, и ќе носиме таков што е малку потежок за одржување, но ја воздигнува секоја комбинација во студените денови.
Постигнувањето елегантен зимски изглед често се сведува на едно клучно парче облека – совршениот капут. Бидејќи ја дефинира целата силуета, добриот капут ви овозможува да носите речиси сè под него, а сепак да изгледате беспрекорно. Токму затоа модните експерти посветуваат посебно внимание на изборот на идеалниот модел секоја сезона.
Оваа зима еден стил и една боја особено се издвојуваат и привлекуваат внимание со својата ненаметлива софистицираност, а тоа е кремастиот капут.

Фактот дека капутите во оваа боја се вистински хит го потврдија многу познати личности, вклучувајќи ги Селена Гомез, Ема Вотсон и други, кои избраа вакви капути за разни пригоди во изминатите неколку недели, а истиот тренд го прифатија и многубројни инфлуенсери.
Одлична алтернатива на белата
За разлика од чисто белата, кремастите нијанси нудат помек и потопол изглед и создаваат посуптилен контраст на потемните бои внесувајќи доза елеганција, што е тешко да се победи.

Секако, клучниот предизвик со овој тренд е одржувањето. Бидејќи кремастите палта се чувствителни на нечистотија, се препорачува да се чуваат за суви денови и за посебни пригоди, а за дождливи и ветровити денови потемните модели се сепак попрактичен избор.
Свежо, елегантно и несомнено софистицирано, кремастото палто е парче што веднаш го воздигнува секој зимски гардеробер. Од популарни брендови до дизајнерски класици – понудата е побогата од кога било досега оваа сезона.
фото: принтскрин

