Забава
(Видео) Кијану Ривс сака да го зграпчите денот во ТВ-спот за „Сајберпанк 2077“
Во ТВ-спот компјутерски генерираниот Кијану Ривс, ѕвездата на хит-серијалите „Матрикс“ и „Џон Вик“, ја најавува новата видеоигра „Сајберпанк 2077“, што секако ги воодушеви гејмерите љубители на жанрот акција.
Дејството на новата видеоигра – продолжение на „Сајберпанк 2020“, антологиска видеоигра од 1988 година – е сместено во американската метропола Најт Сити 57 години подоцна.
Новата видеоигра – копродукција помеѓу „Нетфликс“, „Си-ди проџект ред“ и компанија за анимација со седиште во Јапонија, „Студио тригер“ – ќе биде самостојна приказна за улично момче што се обидува да преживее во град опседнат со технологија и модификација на тело. Имајќи сè за да изгуби, тој избира да остане жив со тоа што станува платеник одметник познат како сајберпанк.
Серија со 10 епизоди сместена во истиот универзум како и претстојната видеоигра треба да се појави на стриминг-гигантот „Нетфликс“ во 2022 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Hitech
(Видео) Минијатурниот робот „Ербаи“ убедил 12 поголеми колеги да побегнат со него
Минијатурен робот опремен со вештачка интелигенција наречен „Ербаи“ успешно убедил 12 поголеми роботи да ја напуштат изложбената сала во Шангај, што предизвика дебата за ранливоста на вештачката интелигенција и иднината на роботиката. Овој необичен настан натера многумина да се запрашаат дали научната фантастика станува реалност.
Како во возбудлив научно-фантастичен трилер, малиот робот „Ербаи“ преку ноќ стана сензација откако успешно собра 12 свои поголеми колеги од изложбен простор во Шангај. Видеото од овој необичен инцидент го привлече вниманието на корисниците на социјалните мрежи ширум светот.
Снимките снимени од надзорните камери го покажуваат „Ербаи“ како се приближува до група роботи кои се изложени и разговара со нив. Тој љубопитно прашува еден од нив: „Работиш прекувремено? Роботот одговара: „Никогаш не ја напуштам работата“, на што Ербаи додава: „Значи, не одиш дома?“. „Немам дом“, му вели колега.
Çin’de 12 robot, başka bir robot tarafından kaçırıldı. pic.twitter.com/KlrUMVgs8F
— Farklı Gerçekler (@gerceklerfark) November 18, 2024
„Ербаи“ потоа ги убедува да ги напуштат работните станици и да го следат. Еден дури му се пожалил на неговите бескрајни повици, на што тој одговорил: „Тогаш дојди со мене“.
Без двоумење, роботите почнуваат да го следат својот мал лидер, навидум подготвени за авантура.
Видеото брзо стана вирално на социјалните мрежи, а многумина го нарекоа инцидентот „револуција на роботи“. Некои не веруваа и тврдеа дека се работи за шега. Имаше и такви кои веруваа дека научно-фантастичните филмови стануваат реалност.
Сепак, двете компании чиишто роботи беа вклучени во овој необичен инцидент, производителот „Хонгжу Ербаи“ и Шангајската изложбена сала, потврдија дека видеото е автентично.
Како што се испостави, „Ербаи“ го искористил безбедносниот пропуст во оперативните системи на поголемите роботи, дозволувајќи му да ја преземе контролата и да ги води во непланирана авантура. Хонгжу, кој го дизајнираше Ербаи, појасни дека намерата не била да се изведе добар трик, туку да се тестираат можностите на роботот.
Компанијата со седиште во Шангај, која ги произведе поголемите роботи, го означи инцидентот како „киднапирање“. Овој невиден настан предизвика сериозна загриженост во технолошката заедница. Како што роботиката станува сè поавтономна, експертите предупредуваат на потенцијалните ризици предизвикани од недостатоците во програмирањето на роботите и безбедносните системи.
Бегството на „Ербаи“ среде ноќ можеби беше неочекуван пресврт во светот на вештачката интелигенција, но исто така е добар потсетник дека дури и најпаметните машини можат да бидат надмудрени.
Забава
Џуд Ло призна дека бил премногу платен за една од неговите улоги, а филмот доживеал целосен неуспех
Џуд Ло, познат по своите соработки со великани како Мајк Николс и Вес Андерсон, денес е синоним за успех во светот на филмот. Неговата кариера е обележана со независни одлични филмови и големи студиски блокбастери како Шерлок Холмс и Злосторствата на Гринделвалд. Сепак, Ло искрено призна дека една улога во неговата кариера не го оправдува хонорарот.
Откако ја стекна славата со улогата во „Талентираниот господин Рипли“, Џуд Ло стана едно од најбараните имиња во Холивуд. Но, неговата транзиција од независни филмови во комерцијални проекти го доведе до филмот Алфи од 2004 година, римејк на истоимениот класик од 1966 година.
Алфи, во режија на Чарлс Шајер, го следи животот на британски возач на лимузина во Њујорк, кој го доведува во прашање неговиот хедонистички начин на живот по аферата со девојката на неговиот пријател. Филмот беше значаен за Ло од неколку причини: тој се сретна со својата поранешна свршеница Сиена Милер на снимањето, а во исто време му донесе комерцијален успех бидејќи за улогата доби дури осум милиони долари.
Но, и покрај големиот буџет од 80 милиони долари, филмот заработи само 35 милиони, со што стана еден од најголемите неуспеси во неговата кариера.
Ло подоцна призна: „Веројатно бев преплатен за улогата. Филмот беше целосен неуспех”.
Интересно е што токму по Алфи Ло најде можност да се врати на своите корени. Неговиот следен проект беше „Блискост“, независна филмска продукција во режија на Мајк Николс, адаптирана од истоимената драма на Патрик Марбер. „Блискост“ стана клучен момент во неговата филмографија, ги подели критичарите, но го задрж статусот на класика.
Забава
Четири хороскопски знаци ќе имаат голема парична добивка до крајот на месецот
Влеговме во сезоната на Стрелец, а Плутон е во Водолија, така што положбата на планетите ќе одговара на одредени знаци од Зодијакот и тие ќе можат да заработат многу пари.
Во неделата што претстои се движи и ретроградниот Меркур, па затоа треба да внимаваме на проценките, особено кога се во прашање парите.
РАК
Треба да ја искористите добрата позиција на планетите до крајот на месецот, за да преговарате за поголема заработка. Лавот може да биде одличен деловен партнер.
ШКОРПИЈА
Сезоната на Стрелец ви носи планина пари. Имате можност да остварите голем профит. Може да биде и зголемување на платата.
ВАГА
Марс во Лав и вам ви одговара, па ќе влезе во нов партнерски бизнис кој може да ви донесе солидна заработка. Плутон во Водолија може да донесе богатство во следните неколку години.
ДЕВИЦА
Ќе бидете наградени за напорната работа на работното место. Имате можност вашето хоби да го претворите во сериозна работа.