Регион
Словенија издвои 2,5 милиони евра за развој на вакцина

Словенечката влада обезбеди нешто повеќе од 2,5 милиони евра за Инструментот за итна поддршка на Европската комисија за финансирање на развој на потенцијални вакцини против Ковид-19, на кои работат неколку компании. Средствата ќе бидат вклучени во крајните цени на вакцините.
Европската комисија објави заеднички пристап на ЕУ во преговорите со производителите на потенцијални вакцини против Kовид-19, во стратегијата донесена на 17 јуни.
Целта на оваа иницијатива е да обезбедaт ефикасни, квалитетни и безбедни вакцини по најповолни цени и во најкус можен рок, како и еднаква набавка на вакцини под еднакви услови за сите граѓани на ЕУ.
Комисијата прво одлучи да ги распредели средствата за инструмент за итни случаи меѓу шесте производители на вакцини кои го покажаа најдобриот потенцијал (CureVac, Moderna, BioNTech / Pfizer, AstraZeneca, Janshen Pharmaceutical и Sanofi / GSK), но подоцна вклучи друга компанија (Новавакс).
Поради вклучување на нов производител и еднократно зголемување на дозите на вакцини произведени од BioNTeć / Pfizer, на Инструментот за итна поддршка на Европската комисија потребни се дополнителни средства, додека вредноста на целиот фонд треба да изнесува 750 милиони евра.
Дополнителните ресурси на земјите-членки се утврдуваат врз основа на прогнозата за нивниот бруто национален доход на ниво на ЕУ за 2020 година.
Средствата што ќе ги плаќаат членките на ЕУ ќе им бидат вратени во форма на пониски откупни цени на вакцината, под услов да добијат одобрение од Европската агенција за лекови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Пронајдени се телата на браќата од Хрватска во словенечките Алпи

Словенечките планински спасувачи ја продолжија својата акција утрово под врвот Тошќ, во Јулиските Алпи, каде што вчера лавина затрупа тројца хрватски планинари.
Исчезнатите лица, по кои се трагаше од вчера, за жал се пронајдени мртви, објавува словенечки 24ur. Како што неофицијално дознава словенечкиот медиум, двајца од нив биле браќа.
„Ги пронајдовме двајцата – едниот беше закопан околу еден метар во снегот, а другиот околу метар и пол. Првиот успеавме да го транспортираме во долината со хеликоптер, додека сè уште чекаме транспорт за вториот. Самиот терен е многу тежок бидејќи е карпеста, стрмна клисура со бројни карпести скокови, што ја направи работата опасна и тешка за спасувачите. За жал, ќе кажам дека сите тројца планинари што ги пронајдовме во лавината починаа. Им изразувам искрено сочувство на нивните семејства“, рече тој.
Регион
Се уште трае потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

Потрагата по двајцата исчезнати хрватски планинари во Јулиските Алпи продолжи утрово кратко по 7 часот, потврди Словенечката планинска служба за спасување за хрватски Индекс.
Вчера наутро, под врвот Тошќ во Јулиските Алпи беше предизвикана снежна лавина, при што беа затрупани тројца хрватски планинари.
За време на тешкото пребарување и спасување, еден планинар беше пронајден без знаци на живот, додека двајцата мажи сè уште се бараат.
Во потрагата денес е вклучен и хеликоптер.
Екипите веќе тргнаа кон локацијата, но точниот број на вклучени спасувачи сè уште не е познат.
Службата додава дека денешното време дозволува распоредување на хеликоптер, но условите во планините се сè уште нестабилни и постои ризик од нови лавини. Идентитетите на загинатиот планинар и двајцата исчезнати сè уште не се официјално потврдени, но неофицијално хрватските медоуми објавија дека двајцата мажи по кои се трага се браќа.
Шеф на спасувачката служба: Ситуацијата е сложена и опасна
Заменик-шефот на Словенечката планинска спасувачка служба, Клемен Белхар, изјави за ХРТ дека во областа има околу половина метар снег, што не звучи како многу, но создава висок ризик од лавини. Тој додаде дека во планините сè уште има групи алпинисти кои ќе бидат спасени денес и утре.
„Ситуацијата е доста сложена и опасна“, рече Белхар. На прашањето дали има надеж дека преостанатите двајца Хрвати по кои сè уште се трага се сè уште живи, тој одговори: „Секако ќе се однесуваме како да се живи, но колку надеж има, никој не знае“.
Регион
Трагедија во Србија: се преврте чамец во Дунав, има жртви

Брод со неколку лица се преврте синоќа во Дунав кај Бачка Паланка, во соседна Србија.
Како што јавуваат спрските медиуми, во несреќата има жртви и повредени.
На бродот имало 11 лица, 10 кинески државјани и еден српски државјанин, за кој се верува дека го управувал бродот. Според неофицијални информации, станува збор за обид за нелегално преминување на државната граница.
Досега се пронајдени осум лица – шест кинески државјани беа спасени од хрватски спасувачи, додека спасувачите од Србија пронајдоа еден преживеан и едно тело.
Потрагата по останатите исчезнати лица сè уште е во тек. Повеќе информации ќе бидат познати по официјалното соопштение од надлежните органи.