Македонија
СДСМ: Мицкоски со говор на раб на плач кука за своите порази и грешки

Христијан Мицкоски и неговите малкумина приврзаници вечерва докажаа дека стојат цврсто на страната на неправдата и на криминалот на режимот, реагира СДСМ по протестот организиран од опозициската партија, на кој се обрати Мицкоски.
„Говорот на раб на плач на губитникот Мицкоски е кукање за своите порази и грешки. Тој не може да ја оствари единствената задача која му е дадена од Будимпешта – да ги спаси криминалците во сопствените редови. Очајно Мицкоски се заканува кон судството и обвинителство, со деструкцијата. Не треба да се чуди зошто е таму каде што е, казнет од граѓаните. Осамен и изолиран во опозиција, чекајќи ги инструкциите од Будимпешта, опркужен со малкумина следбеници од кои повеќето секојдневно се по судови“, велат од СДСМ.
Додаваат дека Мицкоски треба да знае оти нема да успее.
„Сите ќе одговараат, правдата е тука и секој што го прекршил законот ќе одговара пред судовите и пред граѓаните“, порача СДСМ преку соопштение.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Пожар на депонијата Дрисла, Ангелов смирува дека не е алармантно, но е сложено поради хемиските процеси

Пожар избувна на депонијата Дрисла.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, рече дека пожарот не е алармантен, а скопската противпожарна бригада работи на негово гаснење.
Сепак, како што објаснува Ангелов, гаснењето на било која депонија е сложен процес поради хемиските и биолошките процеси кои се одвиваат во внатрешноста на депонијата како резултат на кои се создаваат запаливи гасови.
(Фото: илустрација, архива)
Македонија
Муцунски во Стразбур: Потврдена посветеноста за унапредување на демократијата

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во рамки на работната посета на Стразбур, денеска оствари одвоени средби со Генералниот секретар на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Деспина Шацивасилиу, и со Вицегувернерот на Банката за развој на Советот на Европа (CEB), Томаш Бочек.
На средбата со Генералниот секретар Деспина Шацивасилиу беше потврдена посветеноста на Република Северна Македонија за унапредување на демократијата, владеењето на правото и човековите права, како и активното учество на нашата држава во рамки на Парламентарното собрание на Советот на Европа.
Со Вицегувернерот Томаш Бочек беше нагласена континуираната поддршка и конструктивната соработка со Банката за развој на Советот на Европа преку реализираните проекти на CEB во Северна Македонија. Воедно, беа разгледани конкретните можности за понатамошно продлабочување на оваа соработка во контекст на европската интеграција и регионалната стабилност.
Македонија
Откако Филипче замина во Франција да лобира за Македонија, владата падна, очекуваме да видиме каков Француски предлог ќе донесе повторно, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Откако Венко Филипче замина во Франција, владата падна, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„И откако Венко Филипче отиде да лобира за Македонија очекуваме да видиме како ќе излобира, и каков Француски предлог повторно ќе донесе, откако еднаш веќе ја забетонираа државата во место со нивното лобирање.
Исто така очекуваме да видиме како Венко Филипче ќе ги заштити Македонските интереси откако еднаш ги избриша“.
Според ВМРО-ДПМНЕ, кога Венко Филипче лобира за Македонија и македонските интереси, народот главата го боли цела година потоа.