Свет
(Видео) Трамп излезе од болница за да ги поздрави приврзаниците, потегот предизвика жестоки реакции

Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера ненадејно излезе од воената болница „Валтер Рид“ кадешто пред три дена беше хоспитализиран откако му беше потврден коронавирус.
Вчера тој излезе од болницата и од возило им мавташе на неговите приврзаници кои беа собрани пред болницата. Ваквиот потег предизвика остри критики. Најжестока е онаа на еден лекар кој работи во болницата „Валтер Рид“, Џејмс Филипс.
Every single person in the vehicle during that completely unnecessary Presidential “drive-by” just now has to be quarantined for 14 days. They might get sick. They may die. For political theater. Commanded by Trump to put their lives at risk for theater. This is insanity.
— Dr. James P. Phillips, MD (@DrPhillipsMD) October 4, 2020
„Секоја личност во автомобилот за време на тој целосно непотребен претседателски поход сега треба да биде во карантин 14 дена. Тие би можеле да се разболат. Може да умрат. Поради политичко шоу“, напиша Филипс.
Портпаролот на Белата куќа, Џад Дир, го опиша излегувањето на Трамп од болницата како „кратко возење во моторизирана поворка за да им мавта на приврзаниците“ и додаде дека Трамп многу брзо се вратил во болница.
Дир истакна дека се преземени соодветни мерки на претпазливост за да се заштити претседателот и оние што го поддржуваат. „Потегот беше одобрен од медицинскиот тим“, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Еколошка катастрофа – нафта истече во Јадранското Море

Големи количини гориво истекоа во Јадранското Море на островот Хвар во Хрватска. Неофицијално инцидентот се случил кога пукнал резервоар на танк на бензинската пумпа ИНА, објави „Далмација данас“.
Полицијата е на терен и се истражува како се случил инцидентот.
„Утрово околу 09:30 часот е примена информација дека во градот Хвар, заливот Крижна Лука, имало загадување со нафта во морето. Припадници на Полициската станица Хвар и Поморската полициска станица, пожарникари, Хрватската крајбрежна стража и припадници на Капетанијата на пристаништата се на местото на настанот. Покрај спроведувањето на постапката за санирање на штетите, ќе се спроведе и постапка за утврдување на сите факти и околности на настанот“, соопшти сплитската полиција.
Свет
Орбан: Пристапувањето на Украина во ЕУ може да ја уништи унгарската економија и да донесе војна

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека Унгарија не може да го поддржи пристапувањето на Украина во Европската Унија бидејќи, како што изјави, „достигнувањата што се постигнати досега мора да бидат заштитени“.
Во интервју за јавното радио, Орбан објасни дека проширувањето на Европската Унија во минатото било корисно за постојните членки, како што е Унгарија, но дека приемот на Украина во блокот би бил штетен за Унгарија, објави „МТИ“.
„Зошто да губиме, кога би можеле да имаме корист или барем да го заштитиме она што сме го постигнале“, праша Орбан.
Тој изјави дека слободниот проток на украинска работна сила може да го загрози целосното вработување во Унгарија, што го смета за најголемо достигнување во последните 15 години.
Тој исто така истакна дека членството на Украина во Европската Унија би можело целосно да ги промени финансиските основи на европското земјоделство, што би ги оставило унгарските земјоделци без средства и би ги ставило стотици илјади семејства во многу тешка положба.
Орбан предупреди дека ако Украина стане членка на Европската Унија, во Унијата ќе влезе војната.
„Доколку го одобриме пристапувањето на Украина, во Европската Унија, која беше создадена како сојуз за мир, ќе има војна“, рече Орбан, повикувајќи, членството на Украина да биде отфрлено.
Тој додаде дека брзото членство на Украина може да „ја уништи унгарската економија“ и дека неговата земја може да банкротира.
Орбан потсети дека граѓаните на Унгарија имаат право да одлучат за датумот на пристапување на Украина, но дека е многу тешко да се поддржи тој процес.
Тој ја критикуваше и одлуката на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која објави дека Украина мора да биде примена во Европската унија до 2030 година, нагласувајќи дека, според него, „процесот не може да се запре кога ќе стигне до последната фаза“.
Свет
(Видео) Верниците се собираат во базиликата „Свети Петар“ на последниот ден од збогувањето со папата Францискo

Река верници, во текот на ноќта и до раните утрински часови денес, на последниот ден од збогувањето со папата Франциско пред неговиот погреб утре, се упатуваат во базиликата „Свети Петар“.
Базиликата беше отворена поголемиот дел од ноќта затворајќи ги вратите само три часа помеѓу 2.30 и 5.30 часот наутро.
Filipino Cardinal Louis Antonio Gokim Tagle led the fourth recitation of the Rosary in memory of Pope Francis at the Basilica of Saint Mary Major on Thursday evening, 24 April.https://t.co/g3UH8wNftf pic.twitter.com/NcT5eipwTP
— Vatican News (@VaticanNews) April 24, 2025
„Ноќта е најинтимниот момент, секогаш ноќе се манифестира Господ. Беше многу трогателно“, изјави за АФП, Николета Томасети, 60-годишна Италијанка, која го посети ковчегот на папата.
Телото на 88-годишниот папа, кој почина во понеделникот во своите соби во ватиканската црква „Света Марта“ по мозочен удар, беше однесено во церемонијална поворка до базиликата „Свети Петар“.
Оттогаш, речиси 130.000 луѓе од целиот свет се збогуваа со папата, соопшти Ватикан. „Чекаме со часови и часови, но не се чувствуваме уморно, не чувствуваме глад, не чувствуваме жед“, рече брат Вандо, 40-годишен бразилски капуцински монах.
Ковчегот ќе биде затворен вечерва во 20 часот. Кардиналот Камерленго Кевин Фарел, кој ќе ги води секојдневните работи на Ватикан сè додека не се избере нов папа, ќе ја предводи церемонијата на запечатување на ковчегот.
Се очекува денес во Рим да пристигнат повеќето од 50-те шефови на држави и 10 монарси, кои досега го потврдија своето присуство на погребот, вклучувајќи го и американскиот претседател, Доналд Трамп.
Италијанската агенција за цивилна заштита проценува дека неколку стотици илјади луѓе ќе пристигнат во Вечниот град овој викенд.
Италијанските и ватиканските власти воведоа строги безбедносни мерки околу плоштадот „Свети Петар“, при што илјадници волонтери и полицајци се распоредени во областа, систем против дронови, снајперисти на покривите и борбени авиони подготвени за полетување.
Конклавата за избор на нов папа, веројатно, нема да почне пред 6 мај. Во меѓувреме, кардиналите присутни во Рим, кои го презедоа привременото управување со Католичката црква, која брои 1,4 милијарда членови, ќе се состануваат секојдневно на општи конгрегации, пренесуваат светските агенции.