Македонија
(Видео) Арсовски: Додека со еден компјутер се едуцираат по две-три деца, Заеви се луксузираат
„Зоран Заев сè уште не излезе да одговори пред јавноста на тврдењата на странските и домашните медиуми дека близок негов и на неговото семејство поседува луксузна хациенда на Халкидики. Зоран Заев е најскандалозниот премиер и во регионов, за жал, наместо да се фалиме со неговите успеси, ние сме познати по неговите скандали“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
„Уште еднаш јавно прашуваме, бидејќи вчера бевме игнорирани, денес повторно јавно прашуваме дали близок на Зоран Заев или некој од потесното семејство поседува имот на Халкидики, односно луксузна вила која чини неколку милиони и дали Зоран Заев и неговото потесно семејство биле чести гости годинава во оваа вила на Халкидики?
Да појаснам уште еднаш за граѓаните, се работи за нова вила за којашто излегоа тврдења во медиумите, странски и домашни, дека ја поседува близок до Зоран Заев, а не онаа којашто претходно беше објавено дека ја поседуваат на друга локација исто така на Халкидики. Имајќи предвид дека мештаните самите тврдат дека Заеви се чести гости во таа вила и дека нивни блиски ја поседуваат, зошто Заев не сака да излезе и јавно да проговори на оваа тема туку ја игнорира“, додаде тој.
Според него, откако Заев јавно тврдеше дека не поседува фирми и компании во странство, сега според тврдењата на странските медиуми, испадна дека поседува не само фирми туку и имот во странска држава.
„Уште колку ли вакви имоти Заеви и нивните блиски фирми поседуваат во странските земји? Богата мафија на власт, сиромашен народ. Додека секојдневно гледаме тажни стории каде што со еден компјутер во просечно семејство се едуцираат по две, три или четири ученици, бидејќи нивните родители немаат пари да обезбедат компјутери за сите ученици во семејството, Заеви се луксузираат во луксузни вили за кои медиумите тврдат дека ги поседуваат, а тие игнорираат и воопшто не сакаат да проговорат на таа тема.
Тоа е тажната вистина за Република Македонија. Богата мафија на власт, сиромашен народ кој не знае како да преживее од ден за ден. Уште еднаш сакам да ги охрабрам медиумите и сите оние кои имаат каков било пристап до информации за имотите на семејството Заеви и нивните блиски фирми да ги објават, бидејќи се предмет од интерес на јавноста. Имајќи предвид дека целото семејство е поврзано со безброј скандали и тендери во Република Македонија“, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 09:00 до 12:00 часот дел од корисниците, на село Горно Соње, општина Сопиште.
Македонија
Сообраќајот низ државата во зимски услови, магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица до 60 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 11 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Од среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.

