Економија
„Кроациа осигурување – живот“ го слави октомври, месецот на штедење, со подароци за најмалите, а за најсреќната полиса следи изненадување
Месецот октомври редовно го одбележуваме како месец на штедење. По тој повод, доделуваме подароци за најмалите со секоја направена полиса Коко детско штедно осигурување.
Љубовта преточена во амбиција и плановите кои ги имаме за нашите деца, уште од првиот поглед, детството, тинејџерските години, па сè до зрелоста, можеме да ги реализираме со полисата за Коко детско штедно осигурување.
„Кроација осигурување – живот“ ви нуди безбеден начин да создадете капитал во насока на обезбедување на најдобрата едукација за своето дете. Со склучување на Коко-полисата на најрана возраст на Вашето дете, испланирајте ги заштедите и исплатите за образованието на вашето дете, на начин прилагоден на образовното патување. Соништата на нашите деца се сериозна инвестиција.
Да се биде договорувач на осигурување е веќе многу чест подарок, бидејќи вредноста на детското штедно осигурување никогаш не старее и не губи, за разлика од сите материјални вредности кои би ги купиле во моментот. Таква е и замислата, децата да можат да бидат корисници на детското штедно осигурување, почнувајќи од еднамесечна возраст, па сè до 13 години.
Прочитајте повеќе за сите придобивки и бенефити кои ги овозможува производот:
• Коко детско штедно осигурување
Во месец октомври, посебно за сите нови осигуреници кои ќе се стекнат со полиса Коко детско штедно осигурување, „Кроациа осигурување – живот“ ќе подели подароци, а за најсреќната полиса следи изненадување.
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Илон Маск го сруши сопствениот рекорд на богатство, има 347,8 милијарди долари
Богатството на американскиот тајкун Илон Маск достигна рекордни 347,8 милијарди долари во петокот, поттикнато од континуираните добивки во акциите на „Тесла“ и новата рунда на финансирање откако неговиот стартап со вештачка интелигенција беше проценет на 50 милијарди долари.
Многу компании на Маск забележаа пораст на нивната вредност откако изборната победа на Доналд Трамп го круниса со политичко внимание.
Акциите на Тесла пораснале за 3,8 отсто во петокот, продолжувајќи да го поттикнува оптимизмот дека плановите на тимот на Трамп за автономни возила и субвенции за електрични возила ќе и дадат предност на компанијата на Маск пред конкуренцијата.
Маск, најбогатиот човек на светот, сега го собори сопствениот рекорд од 340,4 милијарди долари поставен во ноември 2021 година, според индексот на милијардери на „Блумберг“.
Економија
BLACK FRIDAY во СЕТЕК со попусти и до 70 отсто
Акцијата BLACK FRIDAY во СЕТЕК ги носи најголемите попусти и до 70 проценти.
На едно место бирајте сè што ви е потребно од најпознатите светски брендови за бела техника, телевизори, ИТ, мобилни уреди, апарати за домаќинство и уште многу други останати производи за домот и деловниот простор.
Искористете ја можноста да купите најмногу техника со најниски цени за BLACK FRIDAY во сите салони на Сетек и онлајн на www.setec.mk .
Сетек и оваа година, со радост ве очекува во сите салони полни со вашите омилени производи и уникатно шопинг искуство.
Акцијата трае oд 25 ноември до 2 декември 2024.
Има зошто сите купуваат во СЕТЕК.
Сетек – сè од техника е помеѓу водечките во трговијата со техника.
Не пропуштајте, сè што е најдобро – сега е и достапно: бела техника, апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, мобилни телефони, гејминг опрема и ИТ уреди.
Сетек континуирано, повеќе од 30 години ја развива својата мрежа и стратегија за блискост со купувачите. Со застапеност на 32 различни локации и модерни салони, вклучувајќи ја и онлајн продавницата, Сетек е достапен до секој миленик на современата техника.
Воедно Компанијата нуди и и многу помошни улуги како лојална програма, кешбек, премиум достава, можности за кредитирање, рати без камата и многу експертски услуги за правилен избор и корисна употреба.
(ПР текст)
Економија
Грин Машинс на БРАКО на клучен европски саем за зелена и циркуларна економија во Италија
Електричните и водородните возила на Грин Машинс на БРАКО учествуваа на еден од најзначајните европски настани, ECOMONDO во Римини, Италија, кој претставува еден од најзначајните саеми и конференции во Европа, и кој ги обединува и системизира клучните елементи кои ги дефинираат развојните стратегии на политиката за животна средина на Европската унија.
На овогодинешниот настан, Грин Машис го претстави 500H2, најсовремен чистач на улици со погон на водород, заедно со целосно електричните 500ze и 400ze.
Дилерот на Грин Машинс во Италија, Грин Форсес, известува за голема заинтересираност за македонските возила не само на саемот, туку и на италијанскиот пазар воопшто, во конкуренција со производители на возила за чистење од Европа, САД и други делови на светот.
Македонските возила имаат предност на светскиот пазар поради нивниот квалитет, ефикасност и современ дизајн, како и различите модели, кои се достапни на електричен, хидрогенски и класичен погон.
(ПР)