Македонија
(Видео) Арсовски: Странски медиуми известуваат за милионски имоти на Заеви, додека Македонија тоне во сиромаштија
Додека мафијата на власт се богати и стекнува имоти и во странство, народот тоне во сиромаштија, истакна на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
Тој нагласи дека Зоран Заев како премиер со денови го избегнува скандалот за кој пишувале странски медиуми – дека Заеви, нивни блиски луѓе до семејството стекнале ексклузивен имот на Халкидики во Грција.
„Дали Кланот Заеви метастазира до степен да го зафати целиот регион?“, праша Арсовски нагласувајќи дека Македонија поради Заев станува предмет на регионална опсервација.
„И македонската јавност и регионалната јавност отворено прашуваат уште колку имоти имаат Заеви надвор од Република Македонија, во време кога земјата е една од најсиромашните и на врвот по корупција во Европа“, нагласи партискиот портпарол.
Според него, ова е добар приказ за вистинското лице на Република Македонија.
„На една страна е мафијата на власт, на друга страна е сиромашниот народ. Македонија забрзано оди кон економски колапс дури хациенди никнуваат во Грција или кој знае каде на друго место во Европа и светот“, обвини Арсовски додавајќи дека јавноста мора да добие одговори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

