Македонија
(Видео) Калеска –Ванчева: Извештајот на ЕК е признание за напредокот на земјата

Извештајот на Европската комисија го препознава и соодветно вреднува напредокот на Република Северна Македонија во клучните области важни за нашата интеграција во ЕУ, изјави пратеничката од СДСМ, Снежана Калеска-Ванчева.
Според неа, извештајот е признание за досега преземените реформски процеси кои обезбедуваат висок степен на усогласеност со европските стандарди.
„Извештајот на Европската комисија се објавува во период на реафирмирање на реформските чекори и програми на новата влада и новиот парламентарен состав. На овој начин се отвора простор за поефикасно планирање на неопходните ресурси и поголема мобилизација на сите потенцијали во реализација на конкретни резултати кои ќе донесат позитивна трансформација на целата држава. Сето тоа е важно и во однос на подготовките на земјата за преговарачкиот процес, особено во овој период, кога го очекуваме одржувањето на првата меѓувладина конференција меѓу Република Северна Македонија и ЕУ, која треба да се одржи до крајот на годинава“, рече Калеска-Ванчева.
Според неа, извештајот дава јасна слика за состојбите во земјата и во него се нотирани областите каде што е постигнат напредок, но и областите каде што треба да се вложат дополнителни напори за нивно усогласување со европските стандарди.
„Во извештајот, наведено е дека содржинскиот дијалог на Владата на Северна Македонија со Европската комисија се наоѓа на многу повисоко ниво, како и дека Северна Македонија во голем број области постигнува високо ниво на усогласеност со европското законодавство. Меѓу другите, посебно се издвојуваат наодите во областа на фундаменталните вредности, изборите, владеењето на правото, судството и борбата против корупцијата. Ова, почитувани, е признание дека државата е на вистинскиот пат, но и мотив плус да продолжи процесот на имплементација на веќе донесените закони и постоечки механизми“, кажа Калеска-Ванчева.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Фото) И пратеници трчаа на скопскиот маратон

Денеска во Скопје се одржа 21. Визер Скопски маратон. Првпат институцијата Собрание настапи како организиран тим, со силна порака за блискост со граѓаните и тимски дух, под мотото „Собрание за граѓаните – трчаме заедно“, информираат од прес службата на Собранието на Македонија.
64 пратеници и службеници од Собранието трчаа во неколку дисциплини, и тоа: полумаратон, штафета и трка на 5 километри, за промоција на здрави навики, солидарност и институционална отвореност кон граѓаните.
Учеството на Маратонот е дел од Планот за подобрување и ЦАФ мерки кои успешно се имплементираат во Собранието од септември 2025 година, согласно Програмата за собраниска поддршка (ПСП).
На штафетата, Собранието беше претставено од 2 екипи, додека на полумаратонот трчаа 6 претставници. Во трката на 5 километри учествуваа 50 претставници на Собранието.
„Пратениците и службениците со гордост ја пренесоа пораката дека Собранието е институција блиска до граѓаните, која трча заедно со нив – во спортот и во развојот на општеството. Во суштина, ова учество не е само спортски настан — тоа е симболична порака за транспарентност, соработка и човечки пристап во работата на Собранието“, стои во соопштението.
Македонија
(Видео) Димитриевски: Застана откупот на пиперката ајварка поради срамно ниски цени, дебакл на ВМРО-ДПМНЕ

„Деновиве се случува дебакл со откуп на индустриската пиперката ајварка. ВМРО-ДПМНЕ ветуваше дека е договорена цена на откуп од 45 денари за килограм денес откупот е застанат целосно. Пиперката е на нивите а цената е 20 денари за килограм. Катастрофа“, кажа денеска прес-конференција Александар Димитриевски, Комисија за земјоделство на СДСМ.
„Половина од годинешната реколта на пиперката стои на нивите а земјоделците незнаат што да прават со неа. Оставена е да скапува. Субвенциите од минатата година за пиперката се уште не се исплатени. Христијан Мицковски наместо да тера лажна кампања во земјоделството да ги повика производителите на индустриската пиперката заедно со преработувачите да седнат и да договорат динамика на откуп и дополнителна финансиска поддршка за произведена и предадена ајварка во индустриските капацитети. Ова е една од најтешките години во земјоделството а ниту ВМРО ДПМНЕ ниту Трипуновски имаат капацитет да се справат, да разговара со земјоделците и да го одржи земјоделското производство, затоа наредната година ќе биде со рекордно најниско земјоделско производство. Лоша организација на откуп и финансиска поддршка кон сите стратешки извозно ориентирани култури. Токму најзастапените извозно ориентирани земјоделски култури се откупуваа и се откупуваат по далеку пониски цени од мината година. На земјоделците не им се потребни лаги туку реални политики, власта веднаш да преземе мерки“, истакна Димитриевски.
Македонија
(Видео) ЗНАМ: Обезбедуваме поддршка и квалитетни услови за живот на пензионерите во Куманово

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија во редовното дневно претставување на изборната програма денеска зборуваше за пензионерите. Куманово е општина која е пријател на пензионерите. Затоа што, пензионерите се нашата мудрост, нашата совест и нашата историја.
Затоа, наша должност како општина е да обезбедиме поддршка, квалитетни услови за живот и активна улога во заедницата, за пензионерските денови да бидат исполнети со достоинство, сигурност и почит. Во нашата програма имаме запишано повеќе проекти и активности со кои ќе покажеме должна почит кон највозрасните наши сограѓани, изјави на денешната прес-коференција, кандидатката за советик во идниот мандат Гордица Бошковска.
Таа ги наведе приритетните проекти што се предвидени во нивната програма:
• Нов објект на Домот за стари лица „Зафир Сајто“ во с. Проевце за зголемување на капацитетите и обезбедување поквалитетна грижа за повозрасните граѓани.
• Континуирана модернизација, проширување и подобрување на капацитетите во Домот за стари лица „Зафир Сајто”, со цел создавање подобри услови.
• Програми за поттикнување активен живот и поголема социјална интеграција на пензионерите.
• Субвенционирање на домашната нега и помош за пензионерите со попреченост.
• Поддршка на дневните центри за дружење, грижа и психосоцијална поддршка.
• Еднократна финансиска поддршка за пензионерите од социјално загрозените категории.
• Поддршка на пензионерските клубови за рекреација: шах, фитнес за возрасни, прошетки и групни активности.
• Субвенционирање на наменски пензионерски групни екскурзии во земјата.
• Поддршка за домување за ранливите категории пензионери.
• Вклучување на пензионерите во советодавните тела на Општината.
• Менторски програми во кои пензионерите со професионално искуство ќе работат со младите.
• Организација на меѓугенерациски културни и образовни проекти.
• Организација на културни и спортски настани посветени на пензионерите.
• Поддршка на едукативни работилници за здравствена заштита, лична безбедност, како и финансиска и дигитална писменост за пензионери.
• Поддршка на здруженијата на пензионерите и организирање заеднички настани и забавни активности за пензионерите.
• Ваучер за користење на Кумановска бања за пензионери кои имаат здравствени потреби.
Според Бошковска, ваквите проекти, само покажуваат дека ЗНАМ во континуитет води сметка за повозрасните жители на Куманово. Вистинската сила на едно општество не се мери само со современите згради и новите патишта, туку и со почитта што има ја даваме на оние што ја трасирале патеката пред нас. Затоа Куманово го правиме општина што е вистински пријател на пензионерите, општина што слуша, разбира и подава рака. Ние сме општина во која постарите не се заборавени, туку се ценети и вклучени, вели таа.