Македонија
Џафери на средба со Вархеjи: Собранието ги исполни своите обврски
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска се сретна со Комесарот за соседство и проширување на ЕУ, Оливер Вархеjи, во рамките на неговата работна посета на земјата.
Џафери изразил задоволство од повторната средба оваа година со комесарот Вархеjи и особена благодарност за добрите вести кои доаѓаат од Брисел оваа година, за напредокот на Република Северна Македонија во процесот на евроинтеграции. Тој истакнал дека Собранието ги исполнило своите обврски во рамките на реформскиот процес во претходниот мандат и изразил надеж дека активностите, во соработка со опозицијата, ќе продолжат со несмалено темпо како и досега.
„Нашите напори кои до крајот на годината треба да се формализираат со влегување во новото поглавје од пристапниот процес – отпочнување на преговорите за членство во Унијата и организирање на првата меѓувладина конференција во рамките на германското претседателство со Советот на ЕУ“, констатираше Џафери.
Од кабинетот на Џафери соопштија дека комесарот Вархели срдечно се заблагодарил за можноста да говори пред пратениците во Собранието, кое го оценил како привилегија на директно обраќање кон граѓаните на Република Северна Македонија. Според него, покрај Извештајот за напредокот и Стратегијата за проширување, во фокусот на Комисијата е предложениот економски план за регионот, што е особено значаен за натамошен развој на секоја земја поденинечно, но и посредно на Унијата во целост.
„Економскиот план има за цел пред сè целосно да го промени и подобри животот на граѓаните во регионот на Западен Балкан, со акцент на инфраструктурата, дигитализацијата како алатка за унапредување на економскиот развој, привлекувањето инвестиции, отворањето нови работни места, особено за младите. Овој пакет доаѓа со предуслови кои секоја земја аспирант ќе мора да ги прифати и спроведе и во таа насока, улогата на Собранието во тој процес е од исклучително значење во донесувањето на одлуките во соодветно време и со соодветна содржина“, заклучи комесарот Вархеји.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно и студено со сончеви периоди, повремено ќе дува засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 2 степена.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во вторник наместа дневните температури ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.

