Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Се ближиме кон сезоната на грип, болниците ќе бидат преполни, а нема ниту вакцини

Објавено пред

„Црвениот аларм одамна е прегорен. Поради неспособноста на Заев и Филипче само во текот на вчерашниот ден имавме 317 новозаболени од коронавирус. Македонија тоне, а народот е во страв, затоа што власта не си ја заврши работата навреме и не го организира општествoто. Филипче кога вели дека одиме кон есенски бран, треба да знае дека Македонија не излегла од пролетниот бран. Коронавирусот во Македонија е континуирано присутен во кризата до денес. И тоа е единствено вина на Заев и Филипче, кои несериозно го сфатија вирусот“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Според партијата, дополнително загрижува фактот што се ближиме кон сезоната на грип, болниците по обичај ќе бидат преполни, а нема ниту вакцини против грип.

„Поради неспособноста на Заев и Филипче ќе имаме општ хаос во болниците низ државата. Ако сега имаме над 300 заболени на ден, колку треба да очекуваме за месец или месец и половина од сега?! Што треба да се случи за Заев и Филипче да сфатат дека коронавирусот е сериозна опасност и дека тој не се лекува со прес-конференции и евтин пиар?! Тоа можеби носи поен плус на нивното политичко конто, но никако не носи сигурност за граѓаните.

СДСМ мора да сфати дека за справување на пандемија од светски размери е потребна сериозна стратегија и широка општествена вклученост на сите релевантни чинители. Поради игнорантскиот однос на власта, граѓаните само тонат и живеат во страв“, се додава во соопштението.

Соопштенија

Потпишување на нова соработка: клиентите со која било полиса за осигурување склучена преку „MintIns“ ќе добијат членство во „Interdomestik“

Објавено пред

На 04.06.2024 година во 11.00 часот, најавено е потпишување на соработката помеѓу „MintIns“ и „Interdomestik“. Настанот ќе се случи на Уу. Димитрие Чуповски 22, Дебар Маало – О. Центар, Кај Круг (Радио Бар).

dobivaj vesti na viber

Ова ново партнерство означува добра пресвртница во осигурителната индустрија, носејќи придобивки за осигурениците.

Соработката помеѓу „MintIns“ и „Interdomestik“ гарантира дека клиентите со која било полиса за осигурување склучена преку „MintIns“ сега ќе добијат членство во „Interdomestik“. Ова членство обезбедува сеопфатна помош и го олеснува добивањето на побарувањата, нудејќи бројни придобивки, вклучувајќи:

– Бесплатна консултација за утврдување на правната основа за надомест на сите видови штети

– Процедури за надомест на штета од осигурителната компанија

– Бесплатна категоризација на повреди од сообраќајни незгоди од независен лекар-цензор

– Алтернативна пресметка за материјална штета во однос на проценката на осигурителната компанија.

– Определување коефициент на инвалидност во случај на несреќа

– Консултации за третман на лице место преку контакт центарот

Дополнителните придобивки за осигурениците вклучуваат:

– Авансно плаќање на трошоците за изготвување на вештачење на штета во вонсудска постапка

– Организирана наплата на штета во судска постапка во случај на неточни понуди

– Авансно плаќање на трошоците за правно застапување во судска постапка

Оваа иновативна соработка е прва од ваков вид помеѓу осигурителен брокер и компанија специјализирана за помош и наплата на штети. Ветува позитивно да влијае на осигурителниот пазар и ќе обезбеди подобрени услуги за сите осигуреници.

Придружете ни се на овој значаен настан и бидете сведоци на потпишувањето на договорот кој најавува нова ера во осигурителните услуги.

Со нетрпение го очекуваме вашето присуство на настанот.

ПР

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Новото електрично возило ,,грин машинс” на БРАКО претставено во Минхен

Објавено пред

Новото електрично возило за чистење Грин Машинс на БРАКО привлече значајно внимание кај посетителите на најголемиот европски саем за комунална опрема и еколошки технологии – IFAT во Минхен. Посетителите беа главно претставници на општини, на специјализирани претпријатија и компании за јавна хигиена, кои на саемот бараа најдобри и најповолни решенија за одржување хигиена во урбани средини.

dobivaj vesti na viber

Новата електрична машина за чистење Грин Машинс, произведена во велешката фабрика, е најдобра во својата категорија на свипери и ќе отвори нови пазари во светот, таму каде се бараат возила за чистење со овие перформанси.

Оперативниот директор на Грин Машинс, Ангел Анѓушев, кој беше присутен на саемот во Германија, изјави дека електричните и хидрогенски возила на македонската фирма се високо ценети на пазарот и во многу нешта подобри од светската конуренција, која меѓу другите се состои и од американски, германски и француски производители.

,,Имаме наши фирми во САД, Обединетото Кралство, Германија , Холандија, сега влеговме во Мексико, а имаме продажна мрежа низ цел свет. Македонските електрични и хидрогенски возила за чистење се поквалитети и поевтини од тие на светската конкуренција и затоа успеваат да се продадат во над 60 земји. Можам да кажам дека како тим сме горди на нашата работа, горди сме што овде на саемот имавме што да му покажеме на светот”- изјави оперативниот директор на Грин Машинс, Ангел Анѓушев.

Возилото беше развивано две години од страна на инженерскиот тим за истражување и развој на БРАКО/Грин Машинс и експерти од Машинскиот факултет во Скопје.

ПР текст

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Бекутанова работилница за родители со бренд амбасадорот Тарик Филиповиќ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

Објавено пред

– Родителството, несомнено, е најважната и најубавата животна улога, проследена со голем број предизвици со кои се соочуваат мајките и татковците од раѓањето на бебето. Таа улога е толку драгоцена со сите свои предизвици, што, иако акцентот за грижата и за негата околу новороденото бебе, главно, е на страната на мајката, сѐ повеќе се согледува важноста на татковците, па се истакнува значењето на нивното активно учество во развојот на бебето од неговото раѓање. Татковците на некој посебен начин се поврзуваат со новороденото бебе, па со своето присуство создаваат нераскинлива поврзаност, која трае цел живот. Сето ова беа темите на овогодишната Бекутанова работилница за родители, која се одржа во прекрасната Magnolia Slastice, со познати татковци и со голем број мајки. Сѐ за најубавата улога во животот, татковската улога, ни раскажаа Стјепан Вукадин, Фабијан Павао Медвешек и д-р Натко Бек, заедно со д-р Диана Пужевски, со модераторот Мирна Медаковиќ Степинац и со специјалниот гостин Тарик Филиповиќ, кој по раѓањето на својот син покажа неизмерна доверба во „Бекутан“ и стана негов горд бренд-амбасадор.

dobivaj vesti na viber

Колку е важна, но и најубава улогата на татко нагласи Тарик Филиповиќ, првиот бренд-амбасадор на „Бекутан“: „Велат дека е лесно маж да стане родител, но треба многу повеќе за да стане ТАТКО! Фигурата која јас ја паметам како најголем морален и човечки авторитет и пример. Сето пропуштено при растењето на детето тешко можеш да го надоместиш, а детето кога ќе стане возрасен човек, ќе памети многу од она што не си го пропуштил. И тоа неретко го формира како личност и го насочува понатаму во животот. Но, со сета должна почит спрема нас татковците и спрема нашите татковци, мојот наклон оди за едната и единствена – МАЈКАТА!“

 Значењето и важноста на рамнотежата во родителството ги нагласи д-р Натко Бек: „Сите ние правиме грешки, но и учиме од грешките и се трудиме да го направиме најдоброто во дадениот момент. Важно е да се едуцираме и да увидуваме каде грешиме бидејќи тоа нѐ прави подобри татковци! Важен е балансот во родителството. Татковците и мајките треба рамноправно да учествуваат во растењето на детето од неговото раѓање.“

„Овогодишната Бекутанова работилница ја имаше темата за улогата на татковците во растењето на децата од првите денови, со акцент врз предизвиците што ги носи родителството, а во контекст на поттикнување позитивно и рамноправно родителство. ’Бекутан’, како и секогаш, е во чекор со времето, па покани и познати татковци за да ги споделат своите искуства со породилното отсуство, но и за да кажат збор-два за поврзувањето со своите деца. Сите беа согласни дека улогата на таткото во растењеето на детето е неизмерно важна“, изјави реномираниот педијатар д-р Диана Пужевски.

ПР текст

Прикажи повеќе...

Најново

Економија10 часа

Нови цени на бензинот и дизелот од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Економија10 часа

Новиот газда на „Еуроникел“ на вработените им нуди минимални плати: Ако не потпишете ќе увеземе работници од Косово

Новите газди на кавадаречки „Еуроникел индустри“ на досегашните вработени кои останаа без работа им понудиле договори за вработување со минимални...

Македонија10 часа

Филипче се кандидира за претседател на СДСМ: „Мојата цел е да ја обновиме и повторно да ја подигнеме партијата“

Ексминистерот за здравство, Венко Филипче, објави дека одлучил да се кандидира за претседател на СДСМ, на претстојните внатрепартиски избори. Тој...

Свет11 часа

(Видео) Апокалиптични сцени од Германија: обилните дождови предизвикаа големи поплави, за еден ден паднал дожд колку за цел месец

Состојбата со поплавите во јужна Германија и понатаму е напната. Германската метеоролошка служба повторно предупреди на обилни врнежи од дожд....

Македонија12 часа

Вјолца Бериша ќе раководи со Министерството за земјоделство до изборот на нов министер

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја информира јавноста дека со верификацијата на претеничкиот мандат на 28.05.2024 година на министерот...

Македонија13 часа

ДС: Брза промена на надлежностите на некои министерства, за да се формира нова Влада и да се спречи целосен колапс на државата

Демократскиот сојуз смета дека промената на надлежностите на некои министерства и формирањето нови треба да се одвива со брзо темпо...

Македонија13 часа

Тирон Јајага ќе раководи со Министерството за одбрана до изборот на нов министер

Министерството за одбрана известува дека со верификацијата на пратеничкиот мандат на 28 мај на министерката за одбрана, Славјанка Петровска и...

Свет14 часа

Кина: Toj што ќе се осмели да не’ раздели од Тајван ќе биде здробен на парчиња

Кинескиот министер за одбрана Донг Јун предупреди дека секој што ќе се осмели да бара независност на Тајван ќе биде...

Свет15 часа

Земјотрес од 5,9 степени во Јапонија

Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала го погоди утрово централниот дел на Јапонија, но не е издадено...

Регион15 часа

СНС освои најмногу гласови во Белград, Нови Сад и Ниш на локалните избори во Србија

СНС освои најмногу гласови во Белград, Ниш и Нови Сад на локалните избори што се одржаа вчера во Србија во...

Топ1 ден

Повторно насилство во „Идризово“: затвореник со тешки повреди заврши во болница

Нов случај на насилство помеѓу затвореници е забележан вчера во Казнено-поправната установа Затвор Идризово. Од полицијата велат дека се работи...

Македонија1 ден

Eвропскиот фронт предводен од ДУИ со декларација ќе се жали до меѓународната заедница

Европскиот фронт преводен од ДУИ денеска во Тетово усвои декларација која ја нарече политичка декларација за етничкиот легитимитет што произлегува...

Топ1 ден

Детали за убиството во Боговиње: Во кафеаната во која бил застрелан мажот имало и други лица, се сослушуваат сведоци

Обвинителството изнесе детали за убиството што утрово се случи во угостителски објект во Боговиње. Од тука велат дека бил извршен...

Македонија1 ден

(Видео) Стоилковски за Хирургија: Демири и Манолева да одговорат дали за 120.000 евра сиот здравстен систем е колабиран

Министерот Демири и заменик министерката Манолева да одговорат дали се работи за 120.000 евра санација за цела Хирургија и дали...

Македонија1 ден

Мицотакис очекува Мицкоски да користи Северна, прашањето ќе го покрене на Самитот на НАТО

Грчкоит премиер, Киријакос Мицотакис, очекува мандатарот за премиер на јасен и категоричен начин да изјави дека го почитува Договорот од Преспа....

Спорт1 ден

Дарио Ивановски победник на 8. Издание на “Охрид трчат“

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски победи на главната трка на 21 километар на 8. издание на Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“, што...

Свет2 дена

(Видео) Седум повредени лица се извлечени од урнатините на зградата во Истанбул

Трикатна зграда се урна во истанбулскиот кварт Кучукчекмез, а спасувачките тимови досега извлекле седум повредени од урнатините, јави денеска „Анадолија“....

Свет2 дена

(Видео) Се’ уште се трага по тројцата млади луѓе во Италија кои ги однесе реката додека стоеа прегрнати, најдена чантата на една од девојките

И втората ноќ од потрагата заврши без резултати во Премариакo, Италија, каде реката Натисон во петокот однесе тројца млади луѓе:...

Свет2 дена

Адвокатката на Трамп: Ништо не се менува, тој останува во трката за Белата куќа

Адвокатите на кандидатот за претседател на САД, Доналд Трамп, изјавија за „Би-Би-Си“ дека ништо нема да се промени во неговата...

Македонија2 дена

Седум лица под истрага за улична продажба на дрога во Скопје

Скопското обвинителство донесе Наредба за спроведување истражна постапка против седум лица осомничени за дејствија на Неовластено производство и пуштање во...