Македонија
(Видео) Во кратовско село запленето оружје и пронајдена лабораторија за дрога
Полицијата периодов спроведува засилени активности во борба со недозволена трговија со дрога и оружје, а вчера заплени осум парчиња оружје, а пронајдени се и лабараторија за дрога, хероин и марихуана при што уапсени се седум лица.
Како што информираат од МВР, Криминалистичка полиција, во координација со СВР Куманово, СВР Штип, СВР Велес и ОВР Кратово, извршила претрес во домови и помошни простории во кратовското село Којково и во село Злетово, при што уапсени биле четри лица Д.М. (25), З.М. (44), М.М. и Љ.М..
При претресите пронајдени биле осум парчиња оружје без документација (три карабини, четири ловечки пушки, една малокалибарска пушка). Во близина на куќата на Љ.М. во Којково откриен бил и насад со марихуана, а при претресите се пронајдени и лабараторија за преработка, стебла марихуана засадени во пластеници (високи од околу 2 метра), 10 тегли со екстракт од марихуана, поголема количина семки од марихуана, платформи за сушење марихуана со поголема количина на дрогата во процес на сушење…
Во моментот кога полициските службеници почнале со претреси, во лабароторијата се одвивал процес на обработка на марихуаната.
Во дополнителна акција, полициски службеници извршиле претреси во дом на 26-годишниот од Велес и при тоа се пронајдени два килограма марихуана и други предмети.
Во дополнителна акција на СВР Струмица и СВР Велес приведен е Х.Б. (44), дилер на хероин од Велес.
Вчера одделението за криминалистичка полиција при СВР Струмица кај струмичанецот С.И. пронашла 50 грама хероин во моментот додека го купувал од други лица.
Лицата се дале во бегство со возило „бе-ем-ве“, но по преземани мерки тие се фатени во Неготино. Приведени се Х.Б. од Велес и М.О. (34) од селото Бузалково.
Против приведените ќе бидат поднесени соодветни пријави до надлежното обвинителство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забрана за камиони на неколку патни правци поради врнежи од снег
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на повисоките места, во западните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот, извести АМСМ
Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, во Маврово и на планинскиот премин Стража. На планинскиот премин Буково врнежите се од дожд и снег.
Поради врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, како и на патниот правец крак Маврово – Дебар.
На патниот правец Тетово – Попова Шапка е воведена забрана за сообраќај за автобуси, а за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема.
Македонија
Делови од Илинден, Ѓорче Петров и Кисела Вода денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 13:00 часот дел од улицата 19 во населба Илинден, oпштина Илинден;
· во периодот од 08:30 до 14:00 часот дел од корисниците во населба Волково, поточно улиците: 95, 100, 101, 102 и 103, општина Ѓорче Петров;
· во периодот од 08:30 до 14:30 часот дел од корисниците на улицата Јустинијан Први во село Драчево, поточно делот од Маркет – Вајота кон село Студеничани, општина Кисела Вода;
· во периодот од 09:00 до 14:00 часот дел од улицата Герника, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-125мм на улицата Светозар Марковиќ бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Светозар Марковиќ и дел од булеварот Кочо Рацин, вклучително и објектот на Веро Џамбо, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

