Македонија
(Видео) Арсовски: Луѓе живеат од минималец, а струјата поскапува за директори од СДСМ да земаат илјадници евра
Народот зема плата минималец од 15.000 денари или воопшто не зема поради корона-кризата, а функционерите на СДСМ земаат плати од илјадници евра, ама молчат и ги игнорираат прашањата на граѓаните, обвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
„Денес повторно ќе го прашам личниот пулен на Зоран Заев, тоа е претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, Марко Бислимоски, за висината на неговата плата. Бидејќи Бислимоски упати јавен демант и барање за извинување преку медиуми, но и до мене лично, а молчи и не кажува јавно на граѓаните колкава плата зема за неговата работна обврска, а тоа е да им ја поскапи струјата на граѓаните. Не само што нема да се извинам бидејќи го прашав во името на граѓаните, туку ќе го прашам уште еднаш и јавно барам да им се извини на граѓаните што молчи неколку денови за висината на неговата плата“, посочи Арсовски.
„Ако Марко Бислимоски вели дека не зема 130.000 денари плата, тогаш зошто не каже јавно на граѓаните, да ги извади јавно платните изводи, бидејќи е функционер и велат дека се транспарентни како Влада“, кажа партискиот портпарол и обвини дека цената на струјата се покачува за да има огромни плати за директорите предложени од СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Сарај и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 14:00 часот, дел од корисниците од село Буковиќ, горниот дел (општина Сарај);
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците на улицата Струшка (општина Карпош).
Македонија
Апасиев: Следната недела ќе закажам посебна седница за трагедијата во „Пулс“
„Како претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот во Собранието на РМ, следната недела планирам да ја закажам посебната комисиска седница на која ќе се разгледува добиената Претставка од „Здружението 16 Март“ на родителите од Кочани, на која ќе се расправа за изнесените наводи поврзани страшната трагедија во дискотеката „Пулс“. На седницата официјално ќе бидат поканети и претставници на подносителите“, напиша на социјалните мережи пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев.

За време на саботниот „Марш на ангелите“ во Скопје, семејствата на загинатите во „Пулс“ побараа пратениците да иницираат надзорна расправа и посебна анкетна комисија за целосно и независно испитување на случајот.
Македонија
Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд
Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), локално со услови за невреме со засилен ветер (над 60 km/h) и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 13 до 18 степени.
Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд, во делови од котлината повремено пообилни. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија влажни воздушни бранови до крајот на седмицата следува период на променливо облачно и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, локално со услови за невреме со засилен ветер (над 60 km/h) и ретки грмежи. Во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m2). Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

