Свет
Кина ја поддржа светската иницијатива за вакцинација

Кинеското Министерство за надворешни работи објави дека земјата и официјално се приклучила на глобалната иницијатива за вакцинација позната како COVAX, со што стана најголемата економија која се обврза дека ќе помогне во финансирање на дозите на вакцини во земјите со низок и среден приход.
Во соопштението на Министерството не се откриени детали за тоа колку помош ќе пружи Пекинг, иако претседателот Шји Џјинпинг во мај вети 2 милијарди долари во текот на следните две години за да помогне во борбата против пандемијата на коронавирусот, од кој досега починаа над еден милион луѓе ширум светот.
„Го преземаме овој конкретен чекор за да обезбедиме рамномерна дистрибуција на вакцини, особено до земјите во развој, и се надеваме дека и побогатите земји ќе се приклучат и ќе го поддржат COVAX“, рече портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Хуа Чунинг.
Глобалната иницијатива COVAX, предводена од Светската здравствена организација (СЗО), планира да достави најмалку две милијарди дози вакцини до крајот на 2021 година.
СЗО претходно објави дека преговара со Кина да се приклучи на иницијативата, а Русија и САД донесоа одлука да не се приклучат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
40 ранети во Израел, двајца критично

Вкупно 40 лица побарале медицинска помош по вечерашниот ирански ракетен напад врз Израел, соопштија локалните здравствени служби. Двајца од повредените се во критична состојба.
Најголем број пациенти се лекуваат во болницата Ичилов во Тел Авив – 18 лица.
Според лекарите, пријавените повреди вклучуваат рани од шрапнели, вдишување чад и состојба на шок.
Свет
Израелската војска: Иран истрела помалку од 100 балистички ракети, повеќето ги пресретнавме

Портпаролката на израелската војска, Ефи Дефрин, рече дека помалку од 100 балистички проектили биле истрелани од Иран кон Израел.
Дефрин рече дека „повеќето од ракетите биле пресретнати од воздушната одбрана или паднале пред да стигнат до израелска територија“.
„Регистрирани се ограничен број погодоци на згради, а дел од штетата е предизвикана од фрагменти од пресретнати проектили“, додаде тој.
Според израелските медицински служби, во нападот биле ранети 40 лица.
Свет
Нетанјаху: Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва и порача на јавноста дека можат да ги напуштат засолништата, откако новиот бран ирански ракети прелета над израелска територија.
„Иранскиот режим никогаш не бил послаб. Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот“, рече Нетанјаху во вечерашното обраќање.
Тој директно им се обрати и на граѓаните на Иран: „Јас сум со вас, израелскиот народ е со вас“, рече тој.
Министерот за одбрана на Израел, Израел Кац изјави дека Иран „ја преминал црвената линија со лансирање ракети кон израелските цивилни области“ и најави: „Техеран ќе плати висока цена“.
Оваа иранска одмазда следеше по израелските воздушни напади на иранска територија, при што беа погодени нуклеарни постројки и беа убиени високи команданти и научници.