Македонија
Одобренa изградбата на брана во Липково, инвестицијата чини 22 милиона евра

Владата на седница ја одобри тендерската постапка за изградба на брана на реката Слупчанска.
Инвестицијата ќе треба да се реализира во рок од 4 години со вкупна вредност од речиси 22 милиона евра (1.342.000.000 денари).
Ова е најголемата капитална инвестиција што ќе се реализира во општина Липково.
„Со изградбата се очекува да биде целосно решен проблемот со водата за пиење и наводнување на земјоделските површини“, велат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, на чиј предлог оваа точка беше ставена на седница на Владата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ЈП Водовод и канализација: утре ќе работат шалтерите за наплата

ЈП Водовод и канализација – Скопје, известува дека на ден 18.04.2025 година (петок), шалтерите за наплата, шалтерите за рекламација и операторите во Дирекцијата на претпријатието ќе работат, од 07:30 до 15:30 часот.
Според соопштеното, 21.04.2025 година (понеделник) е неработен ден.
Македонија
Да се извини Филипче и СДС што го лажеa народот дека “Бугари во Устав” се единствениот услов за напредок на државата, вели ВМРО-ДПМНЕ

Бугарскиот министер за надворешни работи, Георг Георгиев изјави „уставните измени не се единствениот услов, тогаш допрва почнува процесот”. Оваа негова изјава значи врел шамар за СДС, Венко Филипче и целата надворешна политика на оваа партија која се заосноваше на тезата дека уставните измени се единствениот услов кој треба да се исполни, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Уставните измени се единствен услов за продолжување на нашиот пат кон ЕУ. Продолжувањето на преговорите со ЕУ не зависи од извештајот на ЕК, туку од уставните измени. Единствен услов за отворање на првиот кластер се уставните измени“, се зборовите со кои Бојан Маричиќ лажеше и ја убедуваше македонската јавност, дека “Бугари” во Устав се последната кнедла која треба да се проголта“, потсетуваат од партијата на власт.
Додека, како што велат, ВМРО-ДПМНЕ бараше гаранции и уставни измени со одложено дејство, СДС повторно „не убедуваше дека нема опасност од ново вето од Бугарија“.
„И претседателот Христијан Мицкоски, јасно посочуваше дека смената на уставот е само почеток на барањата, СДС пак лажеше дека тоа не е точно.
СДС ја заплеткаа државата во чвор, го лажеше народот и ги распродаваше државните и национални интереси без око да му трепне.
Каде е сега Венко Филипче да ја убедува јавноста дека уставните измени се единствениот услов за напредок?
Ќе се извинат ли што ја лажеше јавноста?“, прашуваат од партијата на власт.
Според нив, СДС е синоним за неспособност, криминал и предавства.
Македонија
„Таравари не може да бега од одговорност за затворената кардиохирургија која е стратешки интерес на државата“, велат од партијата Левица

„Министерот Таравари продолжува да ја крие сопствената одговорност позади некаква стручна комисија, која треба да утврди дали имало пропусти од здравствените работници за случајот со починатиот пациент на Клиниката за кардиохирургија. Јавноста мора да знае дека затворање на единствената сала на Кардиохиругија, во услови кога очигледно пациентите нема каде да се пренасочат – претставува колапс на здравствениот систем по директива на министерот!“, велат од партијата Левица.
„Пропустите на Таравари стануваат евидентни доколку се погледне и самата набавка на апаратот за компјутерска томографија, тендер кој скандалозно воопшто не е ни јавно објавен. Оттука прашуваме, зошто министерот Таравари ја крие сумата со која овој апарат (тежок 3 тона) е набавен? Дали Таравари се обидува да ја скрие фирмата која го добила тендерот, со оглед што истата фирма се спомнува претходно и во друга контроверзна набавка во јавното здравство?!
Односно, од информациите кои пристигнаа до Левица, се работи за добро позната компанија, која уште во времето на министерот Фатмир Меџити (од партијата на Таравари) склучуваше тендери по астрономски цени. Оваа компанија со тогашниот министер Меџити склучи тендер за набавка на медицински апарат по цена од 940.000 евра, иако истиот апарат може да се набави и по двојно пониска цена!
Дали затворањето на единствената сала на Клиниката за кардиохирургија е поради несоодветно реализиран тендер со контроверзна компанија, чија јавна набавка никаде не се објавува? Уште еден момент кој ја бранува јавноста е што Министерството за здравство прво го набавило апаратот, без да изврши соодветна проценка дали може истиот да се инсталира на Клиниката. Еклатантната неспособност на Таравари се гледа во тоа што откако бил набавен апаратот тежок речиси 3 тони, потоа одлучиле да реконструираат потпорни ѕидови на самата Клиника, што дополнително го пролонгира отворањето на салата на Клиниката за кариохирругија.
Бидејќи министерот Таравари очигледно е фокусиран само на локалните избори, додека пациенти во тешка состојба нема каде да се оперираат – Левица бара од Владата итно да го разреши министерот за здравство кој дозволи еден живот да згасне пред вратите на затворена сала!“, се наведува во соопштението на партијата Левица.