Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Сите мерки на мафијашката власт се дебакл
Мерките и политиките на мафијата на власт доживуваат дебакл, оцени опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, последна во низата промашени е мерката викенд без ДДВ.
„Наместо најавуваниот поврат на ДДВ од 17 милиони евра, ќе се реализира само 1 милион евра. Тоа покажува дека мерката не беше доволно добро обмислена и е избрзана, но истовремено покажува дека народот нема доволно пари поради драстичниот пад на стандардот. Впрочем, Македонија со оваа мафија на власт тоне од ден на ден. Поради промашените политики, Македонија имаше рекорден пад на економијата во вториот квартал од 12,7 %, бројот на невработени се зголеми над 40 илјади нови лица, а долгот за три месеци се зголеми за една милијарда евра“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Опозицијата нагласува дека Македонија е црна точка, рекордер по смртност од коронавирусот, а ситуацијата е излезена од контрола.
„Процентот на заразени од тестирани во континуитет веќе извесен период е двоцифрен и вкупниот број заразени достигна 21.193 лица и, за жал, 800 починати. Мафијата на власт на чело со Заев покажа колку е неспособна кога се работи за потребите и интересите на граѓаните, но истовремено организирана и агилна кога се работи за криминал, корупција и лично богатење“, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во југоисточните региони. На повисоките планини врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд. Долж Повардарието ќе дува умерен до засилен северен ветер. За време на викендот под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса ќе има врнежи од дожд кои повремено наместа ќе бидат пообилни (над 30 l/m2). Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер. Во почетокот на следната седмица ќе има заладување и врнежи кои претежно ќе бидат од снег.
Македонија
Без струја денеска дел од Шуто Оризари
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00-15:00 часот дел од улицата Тиквешка, улицата Нов Живот, улицата Индира Гранди, улицата Брсјачка Буна, улицата Овчеполска, улицата Пелагонија, улицата Демирхисарска, улицата Злетовска, улицата Слан Дол, улицата Хаџи Јован Шишков, општина Шуто Оризари.
Македонија
Дел од Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради уличен дефект на водоводна цевка Ф 80мм. на булеварот Илинден бб. во кругот на Ј.П.Парови и Зеленило Скопје, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на булеварот Илнден од крстоницата со улицата Франклин Рузвелт до крстосницата со булеварот 8ми-Септември, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00часот до завршување на работните активности.

