Македонија
Средба Битиќи – Томан: Економската и политичката соработка со Чешка е значајна за европските интеграции на земјата
Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денес се сретна со амбасадорот на Чешката Република, Мирослав Томан, со кого разговара за продолжување на континуитетот на успешната економска и политичка соработка помеѓу двете земји и за можностите за продлабочување на соработката помеѓу двете земји и компаниите од Чешка и Северна Македонија во економското поле.
Вицепремиерот Битиќи потенцира дека поддршката од Чешката Република и другите земји членки на Европската Унија е многу важна за европските аспирации на Северна Македонија и дека посветено ќе работи соработката помеѓу двете земји да се унапредува постојано. Тој нагласи дека нашата земја треба да ги користи искуствата на земјите членки од ЕУ за спроведување на потребните реформи за членство во Унијата и креирање подобри услови за живеење на граѓаните.
Амбасадорот Томан и вицепремиерот Битиќи се согласија дека постои големо поле на можности за економска соработка помеѓу двете земји, а како теми за разговор што подетаљно би се дискутирале на наредната седница на мешовитата комисија помеѓу Република Северна Македонија и Чешката Република ги посочија земјоделството, железничката и гасоводната инфраструктура, управувањето со водните потенција и заштитата на животната средина и енергетиката.
На состанокот се разговараше и за поттикнување поголема соработка на компании од двете земји, што би придонело до зголемување на трговската размена, но и за создавање бизнис-партнерства, со кои македонските компании би влегле во синџирите за набавки на мултинационалните компании и би ја подигнале својата конкурентност, но и обем на производство.
Вицепремиерот Битиќи и амбасадорот Томан се согласија дека потенцијалите за соработка се големи, како и дека многу од активностите што се планираат во наредниот период зависат од развојот на здравствената и социо-економската криза предизвикана од коронавирусот, сепак ќе го вложат својот максимум економската соработка постојано да бележи позитивен тренд, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

