Свет
Повеќе од 5.000 новозаболени во Украина

Во Украина се потврдени 5.062 нови случаја на коронавирус, е објавено во Киев. Во земјата од почетокот на епидемијата потврдени се вкупно 281.239 случаи на Ковид-19.
Уште 73 лица починаа од коронавирусот, а од почетокот на епидемијата вкупниот број смртни случаи е 5.302, пренесува ТАСС.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Сирискиот претседател оди во посета на Путин

Сирискиот привремен претседател Ахмед ал-Шаара ќе ја посети Москва во обид да ги обнови односите со Русија и да пронајде нови области на политичка и економска соработка, соопшти сириската влада.
Во соопштението објавено од сириската државна новинска агенција САНА се вели дека ал-Шаара ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин за да разговараат за регионални и меѓународни прашања, како и за начините за зајакнување на соработката меѓу двете земји.
Ал-Шаара, исто така, ќе се сретне со сириската заедница таму за време на престојот во Русија, се вели во соопштението.
Ова е прва посета на Ал-Шаара на Русија откако ја презеде власта минатиот декември, кога го предводеше бунтовничкиот сојуз што го собори Башар ал-Асад.
Русија е еден од најголемите сојузници на сирискиот диктатор, кој сега живее во Москва со своето семејство.
Посетата следува по телефонскиот разговор во февруари меѓу двајцата претседатели, за време на кој Путин ја нагласи поддршката на Русија за единството и стабилноста на Сирија и ја изрази својата подготвеност да преговара за договорите што Москва ги потпиша со поранешниот режим.
фото: принтскрин
Свет
(Видео) Трамп во пресрет на одлуката за Украина: „Имав добри односи со Владимир. Многу сум разочаран“

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека е „многу разочаран“ од рускиот претседател Владимир Путин, неколку дена пред посетата на украинскиот лидер Володимир Зеленски на Вашингтон.
„Многу сум разочаран, бидејќи Владимир и јас имавме многу добри односи. Веројатно сè уште имаме“, им рече Трамп на новинарите во Белата куќа, додавајќи: „Не знам зошто тој ја продолжува таа војна“.
Трамп рече дека Путин не сака да го заврши конфликтот, што остава „многу лош“ впечаток, според новинската агенција ДПА.
„Тој може да го заврши. Може да го заврши многу брзо“, рече тој.
Американскиот претседател, исто така, ја пофали Украина за нејзиниот отпор кон Русија и зборуваше за посетата на украинскиот претседател Зеленски на Вашингтон во петок.
„Тој сака оружје. Би сакал Томахавки“, рече Трамп, кој не ја исклучува можноста за снабдување на Украина со овие моќни американски крстосувачки ракети со дострел до 2,5 илјади километри.
фото: принтскрин
Европа
Прекини во снабдувањето со електрична енергија во дел од Украина, вклучително и во Киев

Преоптоварувањето на електричната мрежа и последиците од претходните руски напади доведоа до прекини во снабдувањето со електрична енергија во Киев и други украински региони доцна синоќа.
Проблеми со притисокот на водата беа пријавени и во делови од украинскиот главен град, објави Ројтерс. Градската администрација на Киев соопшти на платформата Телеграм дека преоптоварувањето предизвикало проблеми во една од главните електрани во градот.
Три централни области на Киев на западниот брег на реката Днепар останаа без електрична енергија. Како резултат на тоа, метрото во Киев мораше привремено да се потпира на резервна електрична енергија за да продолжи со работа, објави Ројтерс.
Градската власт подоцна објави дека службите за итни случаи ја вратиле струјата во погодените области, иако сè уште се пријавуваат прекини на електричната енергија во некои области. Администрацијата додаде дека притисокот на водата ќе се врати на нормално ниво во рок од два до три часа.
Укренерго, компанијата што управува со високонапонските далноводи во Украина, соопшти дека проблемите предизвикани од руските напади врз електроенергетскиот систем предизвикале прекини во електричната енергија низ северна, централна и југоисточна Украина.
Русија ги фокусираше своите напади врз енергетски цели во Украина во последните недели. Серија напади врз Киев и други области оставија милион домаќинства и бизниси привремено без електрична енергија минатата недела.
фото: принтскрин