Македонија
(Видео) „Енергетика“ почна со парно греење во Железара, Автокоманда, Триангла, Маџари и Хиподром
На почетокот на грејната сезона, 15 октомври, АД ЕСМ, подружница „Енергетика“, почна со испорака на топлинска енергија за корисниците што се снабдуваат со греење преку топловодниот систем на „Енергетика“, а тоа се скопските населби Железара, Автокоманда, Триангла, Маџари и Хиподром.
Парно греење добија 3.700 домаќинства, детски градинки, основни и средни училишта и деловни субјекти.
„Во ‘Енергетика’ се бележи зголемен интерес за нови приклучувања на системот на парно греење како од индивидуални куќи така и од новоизградени станбени згради во овие населби. Имаме поднесени барања за нови приклучоци, кои во моментот се во фаза на реализација бидејќи тие беа поднесни во втората половина на септември и првата половина на октомври, така што бројката на корисници дополнително ќе се зголемува“, изјави генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, при денешната посета на „Енергетика“ и увид во работите за почеток на грејната сезона.
Во однос на проширувањето и реконструкцијата на нашата топловодна мрежа, во завршна фаза е изработката на проектите, а реализацијата е планирана за наредната година. Со оваа инвестиција, како што посочи Ковачевски, ќе се обезбедат нови приклучоци и греење за пошироко подрачје во населбите Железара и Хиподром, како и поквалитетно греење за постојните корисници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

