Македонија
Турската агенција за соработка и координација – ТИКА донира бесконтактни термометри и дезифициенси за детските градинки

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, и заменик-министерот Енвер Хусејин денеска присуствуваа на предавање на донацијата од страна на Турската агенција за соработка и координација – ТИКА наменета за јавните установи за згрижување и воспитание на деца на ниво на држава.
„Почитувањето на протоколите во институциите, во случајов, јавните установи за згрижување деца, се многу значајни за поголема безбедност и заштита од вирусот. Секоја помош што доаѓа во услови на пандемија е добредојдена. Во името на Министерството за труд и социјална политика изразувам благодарност до нашиот долгогодишен соработник Турската агенција за соработка и координација – ТИКА за помошта што денес ја примаме, тоа се бесконтактните термометри и дезинфекциски средства за детските градинки во државава“, истакна министерката Шахпаска.
Турската агенција за соработка и координација – ТИКА изминативе години со проектите што ги реализира помага онаму каде што е најпотребно, на најранливите категории граѓани, децата, болните и сиромашните. Од почетокот на своите активности во Република Северна Македонија има реализирано речиси 1.000 проекти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Ѓорѓиевски и Тошковски на пешачење во Градски парк: секој чекор е здравје

Градскиот парк денеска беше изборот на градоначалникот на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Двајцата утрото го започнаа со пешачење низ алеите на паркот, во спортска опрема и ведро расположение.
„Најубаво е денот да започне со утринско пешачење низ Градскиот парк, свеж воздух, мир и позитивна енергија. Секој чекор е здравје, секој здив е нова сила. Започни го денот со природа, а денот ќе ти врати со радост“, напиша Ѓорѓиевски во својата објава на социјалните мрежи.
Македонија
За влез и излез од државава на граничните премини се чека до 15 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за влез и излез е околу 10-15 минути.
На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
Македонија
Свежо утро, а преку ден до 33 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 30 степени.
До средината на следната седмица ќе преовладува претежно стабилно време со дневни температури малку под просекот за овој период од годината. Потоа времето ќе биде сончево и потопло со пораст на дневната температура.