Свет
Во Охајо повикана полиција поради статуата „Бездомникот Исус“ веднаш по инсталацијата
Статуата што го прикажува бездомникот Исус како лежи на клупа, поставена пред една црква во Охајо, предизвика полициска реакција дента кога беше поставена откако некој помислил дека станува збор за вистинска личност, пренесува „Њујорк пост“.
Статуата е поставена на теренот на епископалната црква „Свети Барнабас“ во Беј Вилиџ во понеделникот, објави црквата на „Твитер“. Дваесет минути подоцна биле повикани полицајци, посочива пасторот на црквата, Алекс Мартин.
„Имав разговор со многу љубезен полицаец затоа што некој се јави да пријави бездомник што спие на клупа во парк. Во рок од дваесет минути…“, твитна Мартин.
We're glad to temporarily host this statue of Homeless Jesus to raise awareness of homelessness in Cleveland and remind us that all people are created in the image of God. pic.twitter.com/EKClQm7PFG
— St. Barnabas, Bay Village (@StBarnabasBV) October 12, 2020
Скулптурата, дизајнирана од Тимоти Шмалц, беше поставена во разни цркви и верски организации во областа од октомври 2018 година, објави „Кливленд син“. „Свети Варнава“ ќе биде домаќин на статуата до 1 декември, се вели во извештајот.
Пасторот Мартин го објасни значењето на статуата.
„Можеби статуата ќе ги инспирира оние што ја гледаат да преземат нешто и да помогнат… Гледањето во Исус опишан на овој начин нè потсетува дека Исус се идентификувал со прогонетите и бил маргинализиран во своето време“, напиша Мартин. „Поминал многу време со даночници и проститутки поради што бил презиран од учтивото општество“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

