Македонија
Вицепремиерот Фатмир Битиќи во изолација поради контакт со позитивен на Ковид-19

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, објави дека оди во самоизолација поради контакт со позитивен на Ковид-19.
Моменталните услови на живеење за сите нас се променливи и непредвидливи, коронавирусот наметнува брзо прилагодување на…
Posted by Fatmir Bytyqi on Петок, 16 октомври 2020
„Моменталните услови на живеење за сите нас се променливи и непредвидливи, коронавирусот наметнува брзо прилагодување на новите услови. Ова значи враќање во нормалното секојдневно работење и живеење, секако со почитување на сите мерки за заштита и превенција, но од друга страна и одговорност за себе и луѓето околу нас и почитување на насоките на Институтот за јавно здравје за изолација и тестирање кога сме имале контакт кој можеби нè става под ризик“, напиша Битиќи на Фејсбук.
Тој информира дека поради контакт со позитивно лице, во следните неколку дена оди во самоизолација, по што ќе направи тест.
„Во моментов немам никакви симптоми и се чувствувам одлично. Ова ги менува моите секојдневни обврски и планови кои ги имав за наредните денови, се извинувам за сите откажувања на гостувања, состаноци и планирани средби. Здравјето и безбедноста на оние околу мене, семејството, тимот и соработниците е приоритет. Бидете здрави и живи и ова ќе помине“, порача тој на Фејсбук.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВМРО-ДПМНЕ со една реченица одговара на честитката од Заев до Ципрас: Она со кое паметниот се срами, недоветниот се гордее

ВМРО-ДПМНЕ му одговара на честитката на Заев до Ципрас по повод Преспанскиот договор во една реченица.
„Зоран Заев упати честитка до Алексис Ципрас по повод седумгодишнината од Преспанскиот договор. Одговорот е само еден: она од кое паметниот се срами, недоветниот се гордее“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Заев му честиташе на Ципрас за седумгодишнината од договорот потпишан на 17 јуни 2018 година во Преспа, кој овозможи членство на Северна Македонија во НАТО.
Договорот го потпишаа тогашните министри за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, во присуство на тогашните премиери Зоран Заев и Алексис Ципрас, посредникот во преговорите, Метју Нимиц, поранешниот еврокомесар за проширување, Јоханес Хан, поранешната висока претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, и други високи меѓународни претставници, како и претставници на двете земји.
Македонија
Владата ја усвои новата стратегија за конфискација на незаконски стекнат имот

Со задоволство информирам дека на денешната седница на Владата беше усвоена Стратегијата за зајакнување на капацитетите за финансиски истраги и конфискација на имот за периодот 2025–2028, заедно со Акцискиот План, изјави вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи.
„Овој документ ја одразува непоколебливата посветеност на Владата на Република Северна Македонија за борба против организираниот криминал и корупцијата, преку зајакнување на надлежните институции со структуриран и систематски пристап, кој има за цел зголемување на ефикасноста при конфискацијата на незаконски стекнат имот“, рече тој.
Една стратегија, додаде Фетаи, колку и да е добра, останува само документ доколку не се спроведува ефикасно.
„Поради тоа, ги зајакнуваме механизмите за следење и надзор, преку основање на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација на имот, кој ќе обезбеди успешно спроведување на утврдените цели“, рече тој.
Кабинетот на заменик-претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење ќе има централна улога во координирањето и поддршката на овие напори, обезбедувајќи постојана посветеност за реализација на оваа стратегија.
Македонија
Муцунски – Калас: Континуирана поддршка за европската интеграција на Македонија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Мучунски, попладнево оствари телефонски разговор со високата претставничка на Европската унија за надворешна политика, Каја Калас.
Во разговорот, високата претставничка Калас ја потврди континуираната поддршка за европската интеграција на Република Северна Македонија.
Министерот Мучунски ја реафирмираше посветеноста на нашата земја на европските вредности – владеење на правото, дијалог и добрососедска соработка – како темели на процесот на пристапување кон Европската унија.
Во рамки на разговорот стана збор и за регионалното поврзување, при што министерот ја подвлече поддршката за Коридор 8 како стратешки приоритет за инфраструктурна интеграција на регионот.
Соговорниците разменија мислења и за состојбите на Блискиот Исток, заеднички нагласувајќи ја потребата од почитување на меѓународното право и избегнување на понатамошна ескалација.