Македонија
Одбележан Европскиот ден за борба против трговијата со луѓе
Државната секретарка и Национална координаторка за борба против трговија со луѓе, Магдалена Несторовска се обрати по повод одбележувањето на 18 октомври – Европскиот ден за борба против трговијата со луѓе, на онлајн настан со новинари, претставници на медиумите и граѓанското општество.
Свое излагање имаа и Светлана Влаховиќ Димановска, началник на Сектор за преговори и евроинтеграција во МВР и заменик на ционален координатор за борба против трговија со луѓе, како и Љупчо Маркудов, началник на Единицата за борба против трговија со луѓе и илегална миграција во МВР.
Настанот е организиран во заедничката акција на Европската Унија и Советот на Европа за „Спречување и борба против трговијата со луѓе во Северна Македонија” , во соработка со Националната комисија за борба против трговијата со луѓе и со учество на Меѓународниот центар за развој на миграциска политика.
За време на овој настан, новинарите, дописниците и претставниците на медиумите имаа можност да слушнат и да разменат мислења во однос на институционалната рамка за спречување и борба против трговијата со луѓе, улогата на Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција, улогата на Нaционалнaта единица за сузбивање на трговијата со луѓе и илегалната миграција, начинот на кој може да се подобри медиумското известување за случаи на трговија со луѓе, разликите помеѓу трговијата со луѓе и илегалната миграција, заштита на лични податоци на жртвите на трговија со луѓе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.

