Свет
Навални: Путин развива нов вид хемиско оружје
Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални тврди дека рускиот претседател Владимир Путин развива нов вид хемиско оружје со кое неодамна беше отруен.
Во интервју за Си-би-ес, Навални истакна дека Путин го користи тоа оружје за да го убие и со тоа да ги исплаши другите, тврдејќи дека рускиот претседател ужива кога луѓето паѓаат мртви без пушка и трага дека нешто се случило, пренесува порталот Кликс.ба .
Жестокиот критичар на Кремљ беше отруен со нервниот агенс новичок во Русија, по што мина 32 дена во болница, од кои 24 на интензивна нега.
Рускиот лидер на опозицијата додаде дека новичок е можеби најотровната алатка што ја измислиле луѓето, и дека онаа со која е затруен е всушност нов вид. „Ова докажува дека Путин развива нова програма за ова забрането хемиско оружје“, рече Навални.
Потоа, тој објасни колку е исклучително тешко да се дојде до новичок, а за тврдењата на другите дека Путин не е одговорен за нападот врз него, Навални се прашува зошто тогаш нема истрага.
Во интервју за „Си-би-ес“, Навални го повика американскиот претседател Доналд Трамп да го осуди хемискиот напад врз него.
„Сметам дека е исклучително важно сите, се разбира, вклучително и претседателот на САД, да бидат против употребата на хемиско оружје во 21 век“, изјави Навални за Си-би-ес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

