Македонија
Шахпаска: Зголемување на капацитетите на градинките и безбедно згрижување е наш приоритет
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, денеска беше во посета на детската градинка „Детска радост“ клон Темјанушка во населбата Автокоманда, општина Гази Баба, каде што изминатиов период се работи на нејзино реновирање.
„Навистина задоволството е огромно кога се работи на проект со кој се обезбедувааат прекрасни услови за згрижување на децата во градинките, преку реновирање на постоечките, проширување на капацитетите и отворање нови. Таков е случајот и со детската градинка ‘Детска радост’ клон Темјанушка, каде што се наоѓаме денес, кои преку програмата на Владата за намалување на аерозагадувањето во делот за енергетска ефикасност е направена целосна промена на прозорците и во моментов се работи на нејзино внатрешно реновирање, односно санитарните јазли и подот“, истакна Шахпаска.
Притоа, таа го посочи и отворањето на новата градинка во Стајковци како уште еден успешен проект кој е во завршна фаза и исполнување на целта зголемување на бројот на деца на ниво на општината.
„Како министерство целта ни е и да правиме децентарализација на социјалните услуги во локалните средини, таму каде што граѓаните престојуваат и живеат и оттука потребата за отворање на собата за аутистичен спектар на нарушувања, која вклучува не само деца од претшколска туку и деца од школска возраст и тоа е наш заеднички приоритет и за општината и за нас како министерство“, посочи Шахпаска.
Таа изрази задоволство на подготвеноста на општината Гази Баба и градинките во неа за доследното почитување на Протоколот и фактот дека досега во оваа градинка нема позитивен случај на Ковид-19.
Министерката Шахпаска и градоначалникот на општина Гази Баба, Горгиевски, за периодот кој следува најавија отворање и реновирање на уште градинки со кои капацитетите за сместување деца би се зголемил. Само за последниве две години во општина Гази Баба е обезбеден престој за нови 220 деца, преку отворање на градинките Морковче во Јурумлери и Калинка во населба Железара.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

