Забава
Набргу 30 нови продолженија на популарниот детски серијал „Дајте музика“

Во Студиото 2 на националниот сервис МРТ во текот на август и септември се одвиваше мисијата навидум невозможна: снимањенмови 30 продолженија од детското музичко-забавно шоу „Дајте музика“.
Многу македонска музика, сопствен бенд, битка за тронот главен во маалото, детски кавги, помирувања и други разни згоди и незгоди на добро познатите старомаалци се главните теми на новата сезона на серијалот „Дајте музика 2020“, изработена во копродукција на Македонската-радио телевизија“ и продукцијата „Рифенштал“.
Автор на серијалот е Цаци Паковска, а режијата е на Марко Џоковиќ. Пред камерите застанаа четириесеттина деца актери, повеќето од актерската школа на Весна Петрушевска, а голем дел од протагонистите беше регрутиран преку јавниот повик за млади таленти, кој продукцијата го имаше објавено на своите канали на социјалните мрежи.
Реализацијата на проектот „Дајте музика 2020“ почна по добивањето зелено светло за протоколот зa работа од страна на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, а се следеа и препораките на Aсоцијацијата на европските филмски агенции (ЕФАД), како и прописите на Законот за безбедност и заштита при работата. Сите учесници: деца и гости актери, пејачи, техничка екипа и др., беа соодветно тестирани на Ковид-19 и во согласност со препораките уредно се придржуваа кон мерките за карантин за целото времетраење на снимањата.
„Предизвикот беше огромен. Од една страна, имавме проект кој за неполна година достигна речиси 14,5 милиони прегледи и над 25 илјади претплатници на ‘Јутјуб’, прекрасна идеја за нови продолженија, ентузијастички расположен тим и огромна желба да го реализираме проектот. Од друга страна, бевме соочени со опасностите при работата во услови на пандемија. Наш прв приоритет беше да го комплетираме проектот здрави, во што и успеавме! Во оваа пригода би сакала да му се заблагодарам на ангажманот и посветеноста на целиот тим, особено на дечињата, кои дисциплинирано се придржуваа до мерките за здравствена заштита јуначки справувајќи се со предизвиците на работење во вонредни услови, што на камерите практично не смееше да се забележи. Нашата публика мислам дека ќе биде задоволна од сработеното“, изјави Цаци Паковска, продуцент и автор на серијалот.
Новите 30 продолженија од серијалот имаат цел преку забава да ги поттикнат традиционалните семејни вредности преку призмата на една нова модерна генерација на детски идоли, кои ги почитуваат вистинските вредности: добро однесување, здрави навики, чесност, одговорност, вистинско другарство и емпатија.
Во новите 30 епизоди, ќе има 30 музички спота (од кои 19 се снимени на надворешни локации), многу интересни теми и гости и многу нови содржини во однос на минатата сезона, а емитувањето ќе почне на 4 ноември на Првиот канал на МРТ.
Во оваа необична година, исполнета со безброј неизвесности на сите полиња, новите продолженија на серијалот „Дајте музика“ ќе имаат цел на најмладите да им овозможат едно поинакво искуство: на момент да се заборават стегите на пандемијата и домовите да се исполнат со позитивна енергија и добра македонска музика.
(ПР-текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Насекаде имало крв – Том Круз доживеал несреќа за време на снимање на 18+ сцена

Актерот Том Круз доживеал многу необична несреќа додека снимал љубовна сцена во филмот „Коктел“ од 1988 година.
Неговата тогашна колешка, Џина Гершон, за „Гардијан“ раскажа како ја снимале својата прва интимна сцена, а таа случајно го удрила Круз право во носот со коленото, поради што искрварил. Сè почнало кога таа предложила сцената да биде посугестивна, но под покривка, а на актерот му споменала дека е многу скокотлива.
„Му реков: ‘Само немој да ме скокоткаш’. Но, тој ме фати за половината и рефлексно му го удрив носот со коленото. Не го сакав тоа, крв имаше насекаде“.
Таа беше убедена дека оваа грешка и ја уништила иднината во Холивуд.
„Помислив: ‘Штотуку му го скршив носот на Том Круз, никогаш повеќе нема да работам’. Бев ужасната, но, Круз не ја обвинил. Тој само и’ рекол: „Моја грешка. Ти ме предупреди“.
Гершон заклучи дека Круз е исклучително нежен и професионален, особено во сцена каде таа се чувствува ранливо: „Мило ми е што тој беше мојот прв партнер во таква сцена“.
Забава
(Видео) Нова песна на Наташа Малинкова – „Нема правила“

Наташа Малинкова деновиве на јавноста реши да ѝ ја претстави својата нова песна со наслов „Нема правила“. Станува збор за, како што вели, емотивна баладa која допира длабоко и зборува за љубов која не познава и признава граници, која нема логика и, се разбира, ниту правила.
„’Нема правила’ е искрен крик на срцето што сè уште чека, што се буди со спомени и живее и кога љубовта е далеку. Текстот и интерпретацијата ја доловуваат болката, страста, но и надежта што останува во едно срце што љубело длабоко. Во песната доминира чувството дека понекогаш не можеш да го објасниш ниту да го контролираш она што го носиш во себе. Љубовта не следи правила, не се води по план – таа е хаос, сила и убавина во иста мера“, вели Наташа и додава: „Имам само еден живот, една песна – недопеана.“
Комплетен автор на песната која претендира да стане вистински летен хит – инаку уште едно лично, артистичко отворено писмо за сите оние кои некогаш љубеле без објаснување, без услови, само со цело срце, е нејзиниот долгогодишен соработник Столе Аврамов, во чие студио Аврамов рекордс и е снимена.
Видеото, пак, е со потписот на 351 Студио – екипа која повеќе од една деценија е посветена на креирање визуелно зачудувачки и влијателни креативни решенија. Впрочем, видеото за „Нема правила“ е доказ дека надвор од границите на можеби очекуваното видео парче, а од кои излегува Наташа секогаш има многу повеќе.
Забава
Нивната искреност ќе ве остави без зборови: трите најчесни хороскопски знаци

Искреноста е една од оние квалитети што не може да се одглуми. Некои луѓе едноставно имаат силен внатрешен компас што ги води низ животот, без оглед на околностите или притисоците.
Според астрологијата, постојат хороскопски знаци во кои почесто се раѓаат луѓе кои се држат до вистината, правдата и сопствените вредности, дури и кога тоа не е најлесниот пат за нив.
Таквите луѓе не толерираат неправда, не изневеруваат и не манипулираат – едноставно затоа што тоа не е во нивната природа. Со нив, знаете каде се наоѓате, и тоа е она што ги прави посебни.
Стрелец
Стрелецот е брутално искрен, понекогаш до тој степен што нивната директност може да биде збунувачка. Тие не знаат како да „глумат“, не сакаат игри и не можат да поднесат двосмисленост. Нивната искрена природа произлегува од внатрешната потреба да бидат автентични и верни на себе.
Дури и ако лажењето би им било од корист, тие би ја избрале вистината и би ги прифатиле последиците. Тие веруваат во слободата, но и во моралот – и оваа комбинација ги прави едни од најчесните знаци.
Вага
Вагата се стреми кон рамнотежа, но пред сè – кон правда. Нивната потреба да ги усреќат сите страни не произлегува од слабост, туку од длабоко чувство за фер игра. Искреноста за нив не е само доблест, туку и принцип според кој градат односи и донесуваат одлуки.
Тие тешко се справуваат со лаги, манипулации и дволичност, и често се мачат кога ќе почувствуваат дека некој не игра фер. Лесно е да се чувствувате безбедно во нивно друштво бидејќи знаат како да се стават во туѓа кожа и секогаш бараат решенија што се соодветни за сите вклучени.
Бик
Биковите се познати по својата лојалност и доследност, но малку се зборува за тоа колку се искрени. Тие немаат скриени агенди – она што го кажуваат, го мислат.
Нивниот збор има тежина, а нивните ветувања не се празни фрази. Нивната искреност доаѓа од чувство на стабилност и морално убедување дека е подобро да се спие мирно отколку да се живее во лага. Можеби не се гласни, но се сигурни – и ретко ќе најдете Бик кој намерно ќе ве измами.