Контакт

Свет

Студија: повеќе од половина од луѓето што прележале Ковид-19 чувствуваат симптоми и по неколку месеци

Објавено пред

Повеќе од половина од луѓето што биле отпуштени од болница по заболувањето од Ковид-19, чувствуваат симптоми, како што се отежнато дишење, замор и анксиозност во следните два-три месеци, покажаа резултатите од помала британска студија.

dobivaj vesti na viber

Студијата, спроведена од научници од Универзитетот „Оксфорд“ во Велика Британија, го следи долгорочното влијание на Ковид-19 врз 58 пациенти хоспитализирани со дијагноза на болеста.

Откриено е дека кај некои пациенти се развиле абнормалности во неколку органи по инфекцијата со коронавирусот и дека за некои продолженото воспаление создавало здравствени проблеми со месеци.

Студијата сè уште не го поминала стручниот преглед на други научници, но заклучоците се објавени на веб-страницата MedRxiv.

„Овие откритија ја нагласуваат потребата за понатамошно истражување на физиолошките процеси поврзани со Ковид-19 и развојот на сеопфатен и комплементарен модел на клиничка нега за пациентите по излегувањето од болницата“, рече д-р Бети Раман, коавтор на истражувањето на „Оксфорд“.

Претходниот извештај на британскиот Национален институт за здравство (НИХР) објавен минатата недела покажа дека времетраењето на болеста по инфекцијата со коронавирусот може да вклучува широк спектар на симптоми, кои влијаат на разни делови од телото и умот.

Резултатите од студијата од Универзитетот „Оксфорд“ укажуваат дека дури и два-три месеци по појавата на симптомите на Ковид-19, 64 проценти од пациентите страдале од отежнато дишење, а 55 од нив пријавиле постојано чувство на замор.

Снимките покажале абнормалности на белите дробови кај 60 проценти од пациентите што го надминале Ковид-19, абнормалности на бубрезите кај 29 проценти, неправилност во работата на срцето кај 26 проценти од пациентите и абнормалности на црниот дроб кај 10 проценти од пациентите.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

(Видео) Луѓето трчаат да ги спасат преживеаните: детали по падот на авионот во Индија

Објавено пред

Авион на Ер Индија со 232 патници и 10 членови на екипажот се урна во Ахмедабад, Гуџарат, како што потврди и Контролниот центар на државната полиција. Според Flight Radar, авионот се урнал само неколку секунди по полетувањето.

dobivaj vesti na viber

Во соопштението се наведува дека на летот имало 242 лица, вклучувајќи двајца пилоти и 10 членови на кабинскиот екипаж.

Капетанот имал 8.200 часа искуство во летање. Придружникот (копилотот) имал 1.100 часа искуство во летање.

Авионот полетал од Ахмедабад во 13:39 часот по локално време од пистата 23.

Тие испратиле итен повик до контролата на летот, но потоа немало одговор од авионот.
По полетувањето, авионот се урнал надвор од периметарот на аеродромот, пренесуваат светските медиуми.

Портпаролот на Меѓународниот аеродром Сардар Валабхаи Пател во Ахмедабад изјави дека аеродромот моментално не е оперативен. Сите воздушни операции се суспендирани до понатамошно известување.

Страницата за следење на летови Flightradar24 објави дека станува збор за Боинг 787-8 Дримлајнер, еден од најмодерните патнички авиони денес.

„Моментално ги утврдуваме деталите и ќе споделиме дополнителни информации“, напиша Ер Индија на X.

Авионот полетал од аеродромот во Ахмедабад и бил на пат кон Лондон.

Флајт Радар известува дека авионот се урнал само неколку секунди по полетувањето.
Би-Би-Си известува дека сцените се хаотични. Во тек е спасувачка операција на локација многу блиску до аеродромот.

Службите за итни случаи се насекаде. Патиштата се блокирани.

Сведоци велат дека слушнале гласна експлозија и виделе како се крева црн чад. Многу луѓе почнале да се собираат. Волонтери од областа се обидуваат да помогнат колку што можат.

Ер Индија според написите ги објави националностите на патниците на летот.

Во летот имало 169 индиски државјани, 53 британски државјани, еден канадски државјанин и седум португалски државјани.

Авиокомпанијата вели дека повредените се транспортираат во најблиските болници, јавува Би-Би-Си.

Прикажи повеќе...

Свет

Џефри Сакс: Украина ја уништуваат нејзините „пријатели“

Објавено пред

Американскиот економист Џефри Сакс ги обвини западните сојузници на Украина за уништување на земјата.

dobivaj vesti na viber

„Таканаречените „пријатели на Украина“ целосно ја уништуваат охрабрувајќи ја да продолжи да се бори“, рече Сакс, директор на Центарот за одржлив развој на Универзитетот Колумбија, во интервју за Такер Карлсон.

„Тоа е како тренер по бокс кој постојано го враќа поразениот борец во борбата сè додека не го доврши“, додаде тој.

Економистот нагласи дека Западот продолжува да охрабрува војна и покрај катастрофалните последици за Украина.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Објавена снимка од падот на авионот на „Ер Индија“ со 244 патници

Објавено пред

Од

Снимка од падот на авионот на „Ер Индија“, кој леташе за Лондон со 244 патници и членови на екипажот, беше објавена на социјалните мрежи. Авионот се урна кратко по полетувањето во близина на аеродромот Ахмедабад.

dobivaj vesti na viber

Патничкиот авион се урна во областа Меганинагар, предизвикувајќи паника и хаос на земјата.

Густи облаци од чад се издигаа од местото на несреќата и беа видливи од голема далечина.

Службите за итни случаи, вклучувајќи пожарникари, веднаш беа испратени на местото на настанот, а во тек е спасувачка операција.

Состојбата на патниците и екипажот во моментов е непозната, но снимката покажува огромна експлозија по падот на авионот.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет38 минути

(Видео) Луѓето трчаат да ги спасат преживеаните: детали по падот на авионот во Индија

Авион на Ер Индија со 232 патници и 10 членови на екипажот се урна во Ахмедабад, Гуџарат, како што потврди...

Македонија1 час

Игуменот Георгиј избран за нов митрополит на Дебарско – кичевската епархија

Игуменот Георгиј (Ѓорѓевски) е избран за нов духовен водач на Дебарско-кичевската епархија Тој е назначен на местото на упокоениот митрополит...

Македонија1 час

Бројот на гости и ноќевања расте со историски 20% во однос на лани, целта ни е да стигнеме до четири милиони ноќевања, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски утрово при посетата на Машинскиот факултет историски успех го нарече зголемениот број регистрирани ноќевања и туристи во...

Македонија2 часа

Картел во фармацевтскиот бизнис – две веледрогерии го оштетиле буџетот за 1,1 милион евра

Вишиот управен суд со пресуда го потврди решението на Комисијата за заштита на конкуренцијата со кое утврди дека две големи...

Македонија2 часа

Трајко Славески со платa од 3.000 евра им порачува на граѓаните да работат по три работи, тоа е лицемерие на човек кој цел живот е во фотелји, велат од СДСМ

Новиот гувернер на Народната банка, Трајко Славески, според СДСМ, уште на почетокот го покажал својот вистински лик, надмен, без допир...

Македонија4 часа

Филипче со денови молчи за бугарската фирма, Обвинителството да поведе постапка, бара ВМРО-ДПМНЕ

Филипче со денови молчи за бугарската фирма Пауер Ај 8, која е во негова 100% сопственост, а ја основал на...

Свет4 часа

Германскиот министер за одбрана: Правиме сè што можеме за да ѝ помогнеме на Украина да се одбрани

Германскиот министер за одбрана, Борис Писториус, пристигна во Киев за да разговара за воената поддршка за Украина во нејзината војна...

Македонија5 часа

За три дена, 109 повредени од Кочани доставиле барања и предлози на телефонската линија на Владата

109 граѓани за три дена од пуштање на телефонската линија за повредените лица и нивните семејства, која е во директна...

Свет16 часа

Вучиќ е единствениот кој не ја потпиша декларацијата за поддршка на Украина

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги опиша денешните состаноци во Одеса на самитот „Украина-Југоисточна Европа“ како многу успешни, но тој...

Македонија17 часа

Меџити во Украина: Силно ја осудуваме руската агресија и бараме итно запирање на војната

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија, Изет Меџити, денес учествуваше на Самитот...

Топ19 часа

Битолчанка сакала да ги убие своите баба и дедо, ги избодела со нож

Полицијата приведе жена од Битола која со нож ги избодела своите баба и дедо. „По овластување на јавен обвинител од...

Економија20 часа

Паушалите во сметките за струја ќе станат минато, Министерството за енергетика почна серија брифинзи за новиот закон

До 2031 година 80 отсто од граѓаните треба да имаат смарт броила, а првите веќе се очекува да бидат инсталирани...

Македонија23 часа

Македонската дипломатија нема да биде ничија партиска сопственост, одговори МНР по прозивките од СДСМ

Македонската дипломатија не е, и нема да биде ничија партиска сопственост. По години на политичка злоупотреба, ја враќаме дипломатијата на...

Македонија23 часа

Побаран доживотен затвор за убијците на Вања и Панче: Двете дела се убиства на свиреп начин за кои е предвидена најтешка казна

Обвинителките Ана Стојковиќ-Димитровска и Жаклина Крстевска во завршните зборови на денешното судење за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот...

Македонија23 часа

(Видео) Обвинителството да отвори постапка за криминалниот круг Филипче – Заев – Зобек мининг, бара Петрушевски

Фрапирани сме од молкот во СДС и кај Венко Филипче, за неговата фирма во Бугарија, џипот купен од фирма која...

Македонија1 ден

(Видео) Костова: Тотален дебакл на Мицкоски во економијата, инфлацијата го изеде семејниот буџет

Се случува тотален дебакл на економски план, економската политика на владата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е целосно промашена. Последните податоци...

Македонија1 ден

За прв пат после шест години, учениците во основните училишта ќе имаат учебници по сите странски јазици, вели Јаневска

„Наместо училиштата да им делат парталави и неупотребливи учебници на учениците, треба да ги пријават во електронскиот систем на Министерството...

Македонија1 ден

Арсовска: Аценце, те чекам на ТВ дуел

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска преку социјалните мрежи го повика градоначалникот на Ѓорче Петров на ТВ дуел. „Во меѓувреме...

Македонија1 ден

(Фото) ДЗС: Пронајдени артилериска граната од 75 mm и рачна бомба од Првата светска војна

Во последното деноноќие, вчера во пределот на преспанскиот дел од Национален парк Галичица, беа пронајдени една артилериска граната 75 mm...

Свет1 ден

Хронологија на масакрот: Австриецот нишанел во главите на децата, оставил видео-порака за мајката

Првиот училишен ден по долгиот викенд. Потоа започнува ужасот: некои деца се преправаат дека се мртви, други очајно им се...