Македонија
Дванаесетмина починати и нови 641 заразен од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.688 тестирања, а регистрирани се 641 нов случај на Ковид-19, и тоа: во Скопје-325, Куманово-26, Дебар-1,Штип-25, Прилеп-38, Тетово-25, Струга-5, Велес-10, Битола-14, Охрид-10, Кавадарци-25, Гостивар-11, Гевгелија-20, Струмица-24, Крива Паланка-9, Радовиш-5, Кочани-10, Пробиштип-3, Демир Хисар-2, Пехчево-2, Берово-3, Валандово-3, Виница-3, Делчево-2, Кратово-3, Свети Николе-3, Кичево-18, Ресен-8, Неготино-7 и еден во Крушево.
Институтот за јавно здравје денеска регистрира 233 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје-89, Куманово-6, Дебар-2, Штип-11, Прилеп-13, Тетово-15, Струга-3, Велес-3, Битола-14, Кавадарци-4, Гостивар-1, Гевгелија-2, Струмица-18, Крива Паланка-4, Радовиш-8, Кочани-25, Пробиштип-3, Берово-2, Валандово-2, Виница-2, Делчево-1, Свети Николе-2, Кичево-2 и еден од Неготино.
Починати се 12 лица, тројца пациенти од Скопје (52, 73 и 85 години), еден од Куманово (59), двајца пациенти од Прилеп (78 и 75 години), двајца од Велес (61 и 62 години), двајца пациенти од Гостивар (43 и 76 години), еден од Струмица (66) и еден пациент од Свети Николе (69).
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 24.836, бројката на оздравени пациенти е 17.905, на починати е 862, а во моментот бројот на активни случаи изнесува 6.069. Од вчера се евидентира еден контролен тест, а според завршените епидемиолошки анализи во моментот статистиката по градови е следна:
• Скопје 10.493, активни 2.983
• Куманово 2.024, активни 252
• Дебар 310, активни 49
• Штип 1.486, активни 172
• Прилеп 973, активни 237
• Тетово 1.786, активни 314
• Струга 759, активни 78
• Велес 458, активни 113
• Битола 490, активни 152
• Охрид 543, активни 116
• Кавадарци 352, активни 102
• Гостивар 1.053, активни 111
• Гевгелија 287, активни 150 (16 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 44 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 630, активни 369
• Крива Паланка 193, активни 67
• Радовиш 184, активни 72
• Крушево 21, активни 1
• Кочани 583, активни 181
• Пробиштип 144, активни 16
• Демир Хисар 71, активни 10
• Македонски Брод 98, активни 4
• Пехчево 57, активни 11
• Берово 175, активни 46
• Валандово 86, активни 46
• Виница 154, активни 51
• Делчево 215, активни 118 (43 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 34, активни 8
• Свети Николе 430, активни 59
• Кичево 442, активни 96
• Ресен 210, активни 46
• Неготино 95, активни 39 (15 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Досега во земјата се направени вкупно 226.612 тестирања на Ковид-19.
На Инфективната клиника во изминатите 24 часа примени се 20 пациенти, а вкупно хоспитализирани се 108. На кислородна поддршка се 80 лица, а нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 3 деца и 4 мајки позитивни на Ковид-19, како и едно дете и две мајки суспектни на вирусот.
Во болницата „8 Септември“ има 6 приеми, а вкупно хоспитализирани се 47 пациенти. На респиратор се 5 пациенти.
Во болницата во Битола хоспитализирани се 52, а во болницата во Штип – 50 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани и во Кавадарци хоспитализирани се 214 позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Статистиката на активни случаи по скопските општини денеска е следна:
• Чаир – 134
• Гази Баба – 353
• Аеродром – 592
• Карпош – 479
• Центар – 476
• Кисела Вода – 332
• Ѓорче Петров – 240
• Бутел – 122
• Шуто Оризари – 17
• Студеничани – 6
• Сарај – 23
• Арачиново – 9
• Илинден – 49
• Сопиште – 25
• Чучер Сандево – 11
• Петровец –20
• Зелениково – 9
• Странец – 14
• Нераспределен – 72
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ДПМНЕ преку Еразмус+ дели пари на универзитетот на Мерко, наместо да го затвори, велат од Левица

Повторно се открива соработката помеѓу двете долгогодишни коалициони партнери, ДПМНЕ и ДУИ, овој пат преку директна соработка со градоначалникот на црна листа, Рамиз Мерко. Додека премиерот Мицкоски секојдневно го обвинува ДУИ за криминал и корупција, неговите директори делат европски пари на спорниот универзитет во Струга, кој е директно во сопственост на фунционерот на ДУИ и градоначалник на Струга, истакнуваат од Левица.
Според оваа партија, новопоставената В.Д. директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Ана Михајлов, пред само една недела одобрила грант од Еразмус+ програмата на контроверзниот Универзитет во Струга од Рамиз Мерко.
Ова, како што велат, е скандал од невиден размери.
„Европски пари се делат на универзитет, за кој и министерката Весна Јаневска во официјални изјави потврди дека се утврдени бројни неправилности во неговото работење.
Скриената коалиција помеѓу ДПМНЕ и ДУИ, која совршено функционира во општините каде ДПМНЕ е власт, се докажува повторно. За Универзитетот на Рамиз Мерко има бројни скандали и истиот е познат дека единствено служи за принтање дипломи на функционерите на ДУИ, без да исполнува никакви критериуми за неговата спорна акредитација. Левица потсетува дека единствениот просветен инспектор кој алармираше за неправилностите на овој универзитет експресно беше суспендиран и деградиран, па пензиониран во време на владеењето на СДС и ДУИ. Ако ДПМНЕ пати од амнезија, Левица го потсетува дека просветен инспектор беше физички нападнат при вршење на надзор токму на струшкиот универзитет, каде сега ДПМНЕ дели европски пари“.
Од Левица јавно ја прашуваат министерката Весна Јаневска, „зошто наместо да се затвори универзитет на ДУИ поради констатираните неправилности, Владата на ДПМНЕ дели грантови од европски пари. Дали власта со амнестирањето на криминалот во овој универзитет постепено ја најавува идната влада со ДУИ, со оглед на тоа што и поранешниот вицепремиер Груби кој е во бегство партијата на Мицкоски веќе не го спомнува“.
Македонија
Кирков: ЈСП е пример за тоа како е да се работи недомаќински

На денешната седница на Советот на Град Скопје се обрати советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Кирков.
Кирков истакна дека по посетата на Јавното сообраќајно претпријатие, сликата била застрашувачка, со што повеќе од 200 автобуси стојат нефункционални и неупотребливи, без притоа да се поправат.
„Заедно со колегата Тони Бојковски од Советот на Град Скопје направивме посета во ова јавно претпријатие и она што го видовме навистина нѐ вџаши. Повеќе од 200 расипани автобуси стојат подолго време на паркинзите на ова јавно претпријатие и покрај тоа што овде се случува тотален хаос“, рече Кирков.
Кирков додава дека ова јавно претпријатие работи недомаќински и ги повика институциите да направат целосна ревизија, со цел да се утврди кој е причинител за ваквата катастрофална ситуација на ЈСП.
„Оттука, се прашувам, иако сѐ е изгласано од страна на советниците, зошто ова јавно претпријатие апсолутно во последните три и пол години работи недомаќински и алармирам и од оваа позиција овде ги повикувам сите јавни и државни институции да направат целосна ревизија и да се утврди одговорноста за тоа кој придонесе ова јавно претпријатие да се наоѓа во ваква ситуација. Скопјани треба да бидат мирни, јавниот превоз и целиот град Скопје ќе доживее една поубава слика“.
Македонија
Филипче од лежалка меѓу две јахти пишува статуси за економијата или телефонот му е кај Фрчкоски, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Класична СДС матрица на лаги и дефокус. Последниот човек кој може да зборува за економија е Венко Филипче. Под него, Заев, Артан, Бујар и Али, Македонија ја виде најголемата сиромаштија најскапата струја, најскапото гориво и најголемите корупциски афери, велат од ВМРО-ДПМНЕ откако на социјалните мрежи се огласи лидерот на СДСМ Венко Филипче.
Народот, додаваат од партијата на власт, плаќаше со живот и празни џебови, а тие си полнеа сметки и договараа политики на јахти.
Според ВМРО-ДПМНЕ, денес Филипче зборува за „достоинство“, а токму тој и неговиот ментор, како што велат, ја понижија државата и ја симнаа СДС од втора на четврта партија.
Го прашуваат Филипче: „кога толку глуми загриженост за државата, зошто не им каже на своите 6% поддржувачи колку чини еден ден возење на јахтата? Тука зборуваме за материјалната цена во евра, не за фактот кој одамна е познат, дека тоа возење е само симбол на неговата заложеност кон менторот и сопственикот на јахтата.
За да му ги скратиме маките, еве ја сметката: Гориво: 1800 €; Екипаж: 500 €; Одржување: 250 €;
Марина / сидрење: 200 €; Вкупно: околу 2750 € на ден.
Без да ги пресметаме и скапите ручеци и „ужинки“, какви што има дводецот што го води СДС. Со храна и пијалоци, сумата оди и до 6–7000 € дневно.
За десетина дена тоа преку 70000 евра луксуз.
А за 30 дена, колку што летово поминуваат на јахтата и по грчките плажи и острови, а и по други земји, нека пресмета кој сака сам, колку чини сето тоа“.
Затоа, додаваат од партијата на Мицкоски, пред да глуми дека се грижи за народот, Филипче нека објасни како е можно да се трошат толку пари на јахти и дали мирно спие кога сите во државата знаат дека токму тој хедонистички двоец е одговорен за сиромаштијата, галопирачката инфлација и разурнатата економија.
„Додека народот преживуваше, тие купуваа јахти и си планираа луксузен живот со украденото од народот богатство.
Затоа, Филипче прекини!
Засрами се! Ако воопшто знаеш што е срам“.