Македонија
ВМРО-ДПМНЕ за празникот најави протест со автомобили, колоната ќе се движи од Скопје до Штип

За 23 Октомври, кој во земјата се празнува како Ден на македонската револуционерна борба, кога е формирана Македонската револуционерна организација, ВМРО-ДПМНЕ најавува протест со автомобили против, како што се вели, мафијата на власт, а за правдата и слободата.
Како што најавуваат од партијата, протестот ќе почне во 12 часот, од две собирни точки во Скопје – СЦ „Борис Трајковски“ – општина Карпош и СЦ „Јане Сандански“ – општина Аеродром, по што ќе финишира пред Собранието, каде што ќе се обрати партискиот лидер, Христијан Мицкоски.
По говорот, протестот со автомобили ќе продолжи од Скопје до Штип преку автопатот Гоце Делчев, а во Штип ќе заврши пред Учителската школа, каде што своевремено учителствувале Гоце Делчев и Дамјан Груев.
„127 години ВМРО, 30 години ВМРО-ДПМНЕ. Денот кога почнува организираниот бунт против тиранијата, мигот кога почнува борбата за слобода, правда и своја држава. Денес ја имаме државата, но ја немаме слободата што ја сакаме, ја немаме правдата што ни е потребна, се бориме за националното чувство што ни го негираат“, се наведува во партиското соопштение преку кое се повикуваат граѓаните масовно да се приклучат на протестот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата е околу 1 час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата изнесува околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Претпладне сончево, попладне наместа нестабилно со локален дожд и грмежи

Претпладне сончево со умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со локален дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со услови за пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Времето во наредните денови
Од среда на повеќе места ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд, локално поројни, проследени со грмежи. Дневната температура ќе биде во постепено благо опаѓање.
Македонија
Карпош, Ѓорче Петров и Сопиште денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· Oд 08:00 до 16:00 часот, дел од корисниците во Стопански Двор. (Општина Ѓорче Петров);
· Oд 09:00 до 13:00 часот,ул.24 с.Сопиште КАЈ ИЦЕ МАК (Општина Сопиште);
· Oд 09:00 до 14:00 часот, дел од корисниците на ул.Ванчо Мицков,во Долно Нерези (Општина Карпош) ;
· Oд 10:00 до 14:30 часот, дел од потрошувачите на ул.Женевска (Општина Карпош).