Црна хроника
Приведени четворица дилери, пронајдена дрога во Гевгелија
Полициски службеници вчера во Гевгелија приведоа четири лица и пронајдоа околу четири килограми марихуана, 20 стебла канабис, метамфетамин, како и лабораторија за производство на масло од канабис.
„Околу 16 часот на место викано Железнички мост е пронајдена марихуана кај М.Л. (41) и Е.П. (32), кои биле со возило ‘пежо’. Потоа е извршен претрес на имот на периферијата на Гевгелија, кај Е.С. (44) и Љ.П. (46), од кои М.Л. и Е. П. ја купиле марихуаната. При претресот се пронајдени 20 стебла канабис, поголем број на цветни завршетоци од марихуана, остатоци од стебла канабис“, информира МВР.
Лицата се приведени и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсени тројца скопјани, со метални предмети истепале син и мајка
На 29 и 30 мај, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Т.Б.(50), Д.Б.(21) и Е.Б.(34), тројцата од Скопје, извести МВР.
„Тие се сомничат дека на 29.05.2024 околу 10.15 часот, по претходна расправија, физички ги нападнале М.М.(39) и неговата мајка Д.М.(56), двајцата од с.Инџиково, скопско, во дворот од нивната семејна куќа, при што употребиле метални и остри предмети, а потоа оштетиле и товарно возило“, соопшти МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
43-годишник истепан од тројца малолетници во скопски Аеродром
Вчера во 18.14 часот во СВР Скопје, 43-годишниот П.Б. од Скопје пријавил дека на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, по претходна расправија, бил физички нападнат од тројца малолетници, од кои едниот му се заканил со остар предмет, извести МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанка добила експлицитно видео од својата малолетна ќерка на социјална мрежа, полицијата го расчистува случајот
Вчера во 10.40 во СВР Скопје 32-годишна жена од скопско пријавила дека на 23.05.2024 на нејзин профил на социјална мрежа, од малолетник од Скопје, кој бил во љубовна врска со нејзината ќерка, добила видео со експлицитна содржина на кое била нејзината малолетна ќерка, извести МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.