Македонија
518 нови случаи на Ковид-19 во земјава, починаа девет лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2367 тестирања, а регистрирани се 518 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-261, Куманово-13, Штип-19, Прилеп-21, Тетово-30, Струга-5, Велес-13, Битола-21, Охрид-15, Кавадарци-11, Гостивар-10, Гевгелија-11, Струмица-23, Крива Планка-4, Радовиш-6, Кочани-11, Пробиштип-6, Берово-2, Валандово-3, Виница-2, Делчево-3, Свети Николе-8, Кичево-13, Ресен-6, Неготино-1.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 200 оздравени пациенти од: Скопје-112, Куманово-2, Штип-7, Прилеп-5, Тетово-8, Струга-1, Велес-2, Битола-9, Охрид-3, Гостивар-8, Гевгелија-3, Струмица-10, Радовиш-5, Кочани-8, Берово-3, Валандово-4, Свети Николе-4, Кичево-3, Ресен-3.
Починати се 9 лица, четири пациенти од Скопје (36, 60, 65 и 53), еден пациент од Штип (66), еден од Радовиш (72), еден од Струмица (71), еден од Пробиштип (75) и еден пациент од Македонска Каменица (44).
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 25991, бројката на оздравени пациенти е 18247, на починати е 883, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 6861. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 11024, активни 3320
• Куманово 2080, активни 301
• Дебар 315, активни 53
• Штип 1522, активни 192
• Прилеп 1035, активни 294
• Тетово 1857, активни 367
• Струга 767, активни 81
• Велес 482, активни 131
• Битола 521, активни 171
• Охрид 582, активни 149
• Кавадарци 405, активни 152
• Гостивар 1075, активни 120
• Гевгелија 309, активни 167 (16 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 47 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 676, активни 394
• Крива Паланка 199, активни 73
• Радовиш 199, активни 80
• Крушево 21, активни 1
• Кочани 614, активни 198
• Пробиштип 152, активни 23
• Демир Хисар 71, активни 10
• Македонски Брод 98, активни 4
• Пехчево 57, активни 11
• Берово 179, активни 44
• Валандово 92, активни 45
• Виница 160, активни 57
• Делчево 221, активни 123 (46 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 34, активни 8
• Свети Николе 445, активни 68
• Кичево 472, активни 122
• Ресен 220, активни 53
• Неготино 107, активни 49 (16 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 2367 теста се преку: ИЈЗ-721, ЦЈЗ Скопје-82, Авицена-496, Биотек-271, МАНУ -170, Жан Митрев (Филип Втори) -210, Систина со PCR метода -136 , лабораторија Лаор –77, Судска медицина-28, ЦЈЗ Битола-99, Инфективна клиника-10, ГАК-11, Синлаб-56, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 231.613 тестирања на Ковид -19.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 18 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 128 пациенти. На кислородна поддршка се 90 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 5 деца и 6 мајки позитивни на ковид-19, 2 деца и 2 мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ има 3 приеми, а вкупно хоспитализирани се 45 пациенти. На респиратор се 2 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 49, а во болницата во Штип се 52 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани и Кавадарци се хоспитализирани 286, позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 159
• Гази Баба – 403
• Аеродром – 649
• Карпош – 516
• Центар – 510
• Кисела Вода – 387
• Ѓорче Петров – 275
• Бутел – 132
• Шуто Оризари – 22
• Студеничани – 6
• Сарај – 21
• Арачиново – 10
• Илинден – 58
• Сопиште – 27
• Чучер Сандево – 12
• Петровец –19
• Зелениково – 8
• Странец – 19
• Нераспределен- 87
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Минчев-Дукај: Зајакнување на јавната администрација преку регионална соработка

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари билатерална средба со својот колега, министерот за јавна администрација на Црна Гора, Мараш Дукај, во Скопје. Целта на оваа средба е зајакнување на билатералната соработка помеѓу двете земји во областа на јавната администрација.
Министрите разменија визии и идеи за унапредување на реформските процеси и примена на современи методологии кои ќе придонесат кон создавање на поефикасна, транспарентна и граѓански ориентирана администрација.
„Реформата на јавната администрација не е само внатрешна обврска, туку и надворешен сигнал, дека нашите институции се подготвени за европските стандарди, за модерно управување и вистински партнерства во регионот. Токму оваа соработка е доказ за тоа, што ја потврдува нашата посветеност кон транспарентност, ефикасност и заемна поддршка на патот кон европската интеграција.“ изјави Минчев.
Во јуни годинава беше потпишан Меморандум за соработка, кој служи како цврста основа за стратешка и континуирана комуникација меѓу двете министерства, овозможувајќи заедничка реализација на проекти и иницијативи поддржани од меѓународни партнери и Европската Унија.
„Во согласност со стратешката определба за воспоставување на ефикасна, модерна и граѓански ориентирана јавна администрација, ја препознавме важноста на регионалната соработка и размената на најдобри практики во оваа област. Потпишувањето на Меморандумот претставува значаен чекор кон зајакнување на институционалните капацитети и унапредување на партнерските односи“ додаде Дукај.
Министерството за јавна администрација, како што нагласуваат од таму, останува посветено на унапредување на меѓународната соработка и градење на партнерства кои придонесуваат за професионални и поефикасни институции.
Македонија
Димовска-Вал: Соработката е клуч за успех на реформите

Денеска, генералната секретарка на Собранието на Република Северна Македонија, Марина Димовска оствари средба со амбасадорот на ОБСЕ, Килиан Вал.
На средбата Димовска го запозна амбасадорот Вал со тековните процеси на кои активно работи собраниската служба, осврнувајќи се на неодамна донесениот Правилник за внатрешна организација на Службата на Собранието на Република Северна Македонија и изработената Функционална анализа, со која се унапреди ефикасноста на собраниската служба, како и на резултатите од донесениот Етички кодекс на службата на Собранието и работата на Етичкиот комитет и Повереникот за етика. Генералната секретарка го нагласи донесувањето на Акцискиот план за унапредување на рамноправноста меѓу жените и мажите на Собранието на Република Северна Македонија 2025-2027 и искажа благодарност за целокупната поддршка на Канцеларијата на ОБСЕ за проектите кои се реализираат во Собранието во рамки на овој План и искажа надеж дека поддршката ќе продолжи и во иднина.
Амбасадорот Вал истакна дека особено е значајно што поддршката од ОБСЕ е отелотворена преку конкретни резултати кои ги унапредуваат капацитетите на службата на Собранието. Вал потврди дека поддршката и соработката ќе продолжат во сите сфери од интерес, врз темелите на веќе реализираните проекти. Искажа и почитување за тоа што во Работна група надлежна за следење на реализацијата на активностите предвидени со Акцискиот план вклучува и претставник од ОБСЕ, како претставник на развојните партнери на Собранието.
Соговорниците се согласија дека непосредната, директна и постојана комуникација меѓу Собранието и развојните партнери е особено важна за успешна реализација на реформите за унапредување на работата на Собранието.
Македонија
Судот го одложи судењето, Штекли добил епилептичен напад

Судењето за случајот „Штекли“, во кој повеќе лица се обвинети за организирана продажба на дрога, е одложено за 9 октомври. Одлагањето следува по епилептичен напад на првообвинетиот Раде Трајковски – Штекли, пред почетокот на рочиштето. По укажана лекарска помош, тој одбил да прими терапија.
Судијата Илија Трпков ја донесе одлуката за одложување, истакнувајќи дека ќе се почитуваат правата и здравствената состојба на обвинетите, но и дека секој обид за одолговлекување ќе биде санкциониран.
Адвокатот на Штекли, Сашко Дуковски, пред судот изјави дека епилептичен напад на лице со дијагностицирана епилепсија не може да се третира како нарушување на редот во судницата. Тој посочи дека обвинетиот ниту еднаш не го нарушил редот на расправата и дека нападот се случил непосредно пред почетокот на главното рочиште. Дуковски додаде дека одбраната нема интерес да го одолговлекува процесот. Додаде дека обвинетиот вчера бил прегледан и дадена му е терапија од психијатар, со оглед на суицидални идеи.
Во предметот обвинети се вкупно 10 лица, за организирана продажба на кокаин и марихуана, по речиси едногодишна истрага.