Македонија
218 санкционирани возачи во Драчево

Министерството за внатрешни работи продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
Само на територијата на Драчево изречени се вкупно 218 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 36 лица, 27 технички неисправни и нерегистрирани возила, неносење заштитна маска 14… Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. MВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и нивниот привезок ЗНАМ се колаборационисти, за нив може ЕУ за граѓаните не

„ВМРО-ДПМНЕ и нивниот привезок ЗНАМ се колаборационисти. Со години лажат и шират хистерија дека тие ќе се ‘бореле со Бугарите’, а впрочем тие се тоа. Нема кој нема бугарски пасош од нив“, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче на граѓанската трибина „Мугра на слободата“ во Крушево.
Тој појасни дека проблемот не е дали некој има бугарски пасош, туку лицемерието.
„И не е проблем да имаш бугарски пасош, од било која причина – економска, социјална или лична – но лицемерно е да се правиш патриот и дека ќе се бориш против ‘бугарски диктат’, а да имаш фирми во Бугарија, државјанства, и разни други бизнис интереси. За нив може ЕУ, а за другите не може“, истакна Филипче.
„За прв пат Европската Унија јасно кажува дека во Македонија се спроведува авторитарен режим. За прв пат без никаква обланда Европската Унија укажува на сериозното зголемување на сериозната и висока корупција во Владата и во нејзните високи органи на Владата. За прв пат јасно ни се укажува на селективната правда, на нарачаните обвиненија и пресуди. Јасно ни се укажува дека Европската Унија има сериозни сомнежи за тоа како се води процесот за трагедијата во Кочани. И ова е поразително“, порача претседателот на СДСМ, Филипче.
Македонија
Најголем интересот за студии по медицина и социјална заштита, порасна бројот на запишани студенти за една година

Во академската 2024/2025 година се запишале 53.535 студенти, што претставува зголемување за 2,3 проценти во однос на претходната година.
Според податоците на Државниот завод за статистика, од вкупниот број запишани студенти, за студии по здравство и социјална заштита се определиле 13.371 лице, од кои дури 10.011 жени, а 3.360 мажи. Понатаму, втори по интерес се студиите за бизнис, администрација и право – 10.839, по што следат Информатичко-комуникациските технологии (ИКТ) со запишани 8.875 студенти.
Најголем број студенти, 76,8 проценти, се запишале на државните високообразовни установи, додека 23,2 отсто се запишале на приватните високообразовни установи, соопшти Државниот завод за статистика.
Македонија
„Кандидатите на СДС не се реформирани туку рециклирани, Филипче пак покажа дека заевизмот е наративот по кој ја води партијата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС повторно демонстрира неспособност да понуди нешто ново. Со месеци наназад зборуваа за некоја реформација и за нови лица. Кои се и каде се тие нови лица“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Филипче откако ја презема партијата се обидува да наметне некој наратив за реформирање, а сега во прва прилика кога треба да го оправда тоа што го зборуваше, тој повторно нуди имиња на познати стари ликови. Или по логиката на СДС овие ликови би биле нереформирани.
Јавноста повторно е сведок на истите шеми на СДС. Кандидатите кои СДС ги нуди за претстојните локални избори не се ништо друго освен жив доказ дека заевизмот и понатаму е наративот по кој Филипче ја води партијата.
Изборот на кандидати е најјасната порака што една партија ја испраќа до граѓаните. СДС во овој случај испраќа порака дека прво не е реформирана партија, што значи дека повторно ги лаже граѓаните. И второ, дека овие кадри се истите оние од претходно, кадри кои се познати низ општините по скандали и уништен углед.
Кандидатите на Филипче, или на тандемот Филипче-Заев се луѓе кои ги претстаавуваат најлошите практики на локално ниво. Од нив не се очекува никаков развој, ниту пак може да има некаков бенефит за граѓаните. Од нив се очекува послушност.
За какви интелектуалци зборуваше Филипче? За интелектуалци врзани за СДС како приврзоци базирани на лична лојалност наместо компетентост, или интелектуалци кои ќе ги користат институциите за партиски цели.
СДС само покажува дека ја продолжува истата политика што граѓаните одамна ја отфрлија.
А тоа што Филипче сега е играч во кампањата, Филипче кој е симбол на здравствениот хаос и сомнителните тендери, тоа само покажува дека СДС не се реформира туку се рециклира.
Со вакви луѓе, СДС не тргнува на избори, тргнува во уште еден директен, сигурен пораз. Граѓаните веќе ги препознаваат ваквите структури на СДС, криминални мрежи маскирани во социјалдемократи“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.