Свет
Парламентот на Шри Ланка затворен два дена поради коронавирус
Парламентот на Шри Ланка е затворен поради дезинфекција кога беше утврдено дека еден полицаец во комплексот бил позитивен на коронавирусот.
Во овој период Шри Ланка забележа повторно зголемување на бројот на случаи.
Парламентот беше затворен два дена како мерка на претпазливост за просториите да може да се дезинфицираат, изјави официјалниот претставник Нарендра Фернандо.
Тестирани се и блиски соработници на полицаецот, резултатите се очекуваат во текот на денот, а утре ќе бидат тестирани уште 22 вработени во Собранието.
Шри Ланка забележа ново зајакнување на коронавирусот од почетокот на октомври кога се појави нов кластер на инфекции во фабрика за облека во близина на главниот град Коломбо.
Денес, потврдени се 351 нов случај на инфекција. Повеќето од новозаразените се поврзани за кластер во фабрика за облека, каде што бројот на случаи се искачи на 4.400. Тоа е повеќе од половина од вкупниот број заразени во земјата – 7.872.
Еден починат од коронавирус е пријавен во неделата, а од инфекцијата досега починале 16 лица.
Во обид да се запре ширењето на инфекцијата владата воведе полициски час во многу делови на густо населената западна провинција, каде што се наоѓаат фабриката за облека и главниот град Коломбо и каде што е заразен најголемиот број.
Владата исто така ги затвори училиштата, забрани митинзи и воведе ограничувања на јавниот превоз во целата земја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Хамас предаде тела, Израел порачува: „Борбата за нашите заложници не запира“
Израел ги презеде телата на двајца заложници кои ги држел Хамас во Газа, пренесе ЦНН. Посмртните останки биле предадени преку Црвениот крст и пренесени на идентификација во израелскиот форензички институт.
Од кабинетот на израелскиот премиер соопштија дека „напорите за враќање на сите заложници продолжуваат и нема да престанат додека не се вратат сите“.
Примопредавањето се случува два дена по израелските воздушни напади во Газа, во кои, според палестинското министерство за здравство, загинале повеќе од 100 лица. И покрај ескалацијата, и Израел и Хамас изјавиле дека остануваат посветени на прекинот на огнот посредуван од САД.
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека „ништо нема да го загрози примирјето“ и се закани дека ќе го „елиминира Хамас“.
Последното примопредавање, според медиумите, поминало без компликации, за разлика од претходните случаи кога Хамас ја повлекуваше одлуката за предавање поради израелски напади.
Свет
Медведев го нарече белгискиот министер „имбецил“, Франкен му возврати со песна на Селена Гомез
Белгискиот министер за одбрана Тео Франкен влезе во вербален судир со поранешниот руски претседател и сегашен заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев.
Се започнало кога Франкен изјавил дека, доколку Русија ја нападне Белгија, „НАТО би ја израмнил Москва со земја“. На тоа, Медведев остро реагирал, нарекувајќи го „имбецил“ и потсетувајќи дека оваа недела Русија го тестирала нуклеарното суперторпедо „Посејдон“, кое го опишал како „вистинско оружје на судниот ден“.
Франкен утрово возвратил преку Инстаграм: „Главниот руски насилник не престанува да се заканува и навредува. НАТО не е во војна со Русија, но принципот на одмазда е неприкосновен веќе 76 години. Не повлекувам ниту збор.“
На крајот, министерот ја споделил песната „Calm Down“ од Селена Гомез со порака до Медведев – да се „смири“.
Свет
Зеленски: Новите санкции ќе ѝ донесат на Русија загуби од најмалку 50 милијарди долари годишно
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека новите санкции против Русија ќе ѝ предизвикаат годишни загуби од најмалку 50 милијарди долари, пренесе „Укринформ“.
Тој се повика на извештај на шефот на украинската надворешна разузнавачка служба Олег Ивашченко и рече дека санкциите против нафтените компании веќе создаваат сериозни финансиски последици за Москва.
Зеленски изрази надеж дека ќе следат и нови санкциски мерки, нагласувајќи дека арапските земји со своите испораки нафта можат да спречат какви било потреси на светскиот пазар.
Тој додаде дека Украина сојузниците редовно ги информира за лица и структури што заслужуваат санкции и дека „голем дел од нашите предлози се земаат предвид“.
На 23 октомври високата претставничка на ЕУ за надворешна политика Каја Калас објави дека е одобрен 19-от пакет санкции против Русија, а американското министерство за финансии веќе воведе мерки против „Росњефт“ и „Лукоил“. Зеленски претходно изјави дека американските санкции би можеле да ги намалат руските приходи за околу 5 милијарди долари месечно.

