Црна хроника
Притвор за кумановец, со кокаин бил фатен во близина на болницата
Основното јавно обвинителство Куманово донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
На 22 октомври осомничениот 28-годишен кумановец, движејќи се во близина на влезот на Ургентниот центар во Куманово, кај себе држел 7 грама наркотична дрога кокаин во две најлонски пакувања во кутија од цигари и во паричникот. Дрогата му била пронајдена при личен претрес од страна на овластени службени лица.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка поднесе предлог за определување на мерката притвор против осомничениот поради опасност од бегство и можност да го повтори кривичното дело. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот и донесе решение со кое му определи мерка притвор во траење од 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
18-годишна девојка пријавила дека ја тепал вонбрачниот сопруг
МВР соопшти дека вчера во 20 часот во СВР Куманово 18-годишна кумановка пријавила дека околу 18 часот во домот на нејзините родители во Куманово била физички нападната од нејзиниот вонбрачен сопруг Ф.Р.
Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Го барале да оди во затвор, а додека бил на слобода го тепал и таткото
Вчера околу 17 часот полициски службеници од полициско одделение Жеровјане го лишиле од слобода М.М. (27) од с. Челопек, по добиена пријава дека агресивно се однесувал кон семејството и физички го нападнал неговиот татко.
Исто така, М.М. бил баран од КПУ Затвор Прилеп за доиздржување на казна затвор.
Против М.М. ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Црна хроника
Малолетник се скарал со мајка му и побегнал од дома, полицијата го бара
Денеска во полициското одделение Петровец Б.Ц.М.(34) од с.Петровец-скопско пријавила дека по претходна семејна расправија, од домот се оддалечил нејзиниот малолетен син Г.Ц.(12).
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.