Забава
(Видео) Новиот албум на Дрејк излегува во јануари

Дрејк го прослави својот 34. роденден во саботата откривајќи и дека неговиот нов албум Certified Lover Boy излегува на почетокот на следната година.
Пејачот, роден во Канада, се појави на својот „Инстаграм“ во саботата за да сподели видео за новиот албум најавувајќи го за јануари 2021 година.
Дрејк првично го откри насловот на албумот во август кога го исфрли водечкиот сингл Laugh Now, Cry Later со Лил Дарк.
Видеото почнува со мало афроамериканче во светлосина пуфер-јакна како гледа кон Месечината.
Дрејк е во ресторан и размислува со чаша вино. Пејачот има необичен изглед на косата – избричено срце над челото.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Хороскопски знаци кои постојано се жалат, но не менуваат ништо во својот живот

Сите знаеме некој што постојано се жали на животот – работата е ужасна, љубовта е невозвратена, луѓето се неправедни. И додека повременото кукање е сосема нормално, некои хороскопски знаци го прават тоа начин на живот.
Наместо да преземат конкретни чекори кон промена, тие остануваат заробени во циклус на жалење.
Рак – емоционален затвореник на минатото
Раковите се познати по нивната длабока емоционалност, но оваа длабочина често ги влече во вртлог од разочарување и жалење.
Нивните поплаки најчесто се однесуваат на минатите неправди и чувства на недоразбирање.
Иако точно знаат што ги мачи, ретко одлучуваат да се променат бидејќи им е тешко да се одвојат од својата емоционална безбедносна зона – дури и кога таа безбедност вклучува постојано жалење.
Риби – сонувачи кои бегаат од реалноста
Рибите се склони кон интроспекција и фантазија, но кога се соочуваат со реални проблеми, тие често се повлекуваат во својот свет.
Наместо да дејствуваат, тие се препуштаат на жалење – дека никој не ги разбира, дека животот е премногу тежок, дека сè е бесмислено.
Иако знаат што ги боли, ретко преземаат конкретни чекори. Полесно им е да бараат сочувство отколку да се дисциплинираат.
Вага – перфекционист заробен во неодлучност
Вагата се стреми кон хармонија и убавина, но кога работите не се совршено избалансирани, тие не престануваат да се жалат. Светот им изгледа неправеден, луѓето себични, а животот суров.
Меѓутоа, кога имаат можност да променат нешто – да прекинат токсична врска или да ја променат својата околина – тие се парализирани од стравот од конфликт.
Тие би сакале повеќе да останат несреќни отколку да ризикуваат со непознатото.
Жалбата не го менува животот – дејствувањето менува сè
Овие знаци имаат длабока свест за своите проблеми, но честопати им недостасува храброст да ги решат.
Ако се препознавате себеси во некој од нив, можеби е време да престанете да се жалите и да почнете да го менувате она што ве оптоварува. Бидејќи вистинската промена започнува кога ќе одлучите да престанете да бидете само набљудувач на вашиот живот.
Фото: принтскрин
Забава
Џесика Алба е на одмор во Европа со својата ќерка Онор, објави заеднички фотографии

Џесика Алба е во Европа со својата 17-годишна ќерка Онор, а на Инстаграм објави фотографии од нивниот заеднички одмор.
„Прекрасни, вечни моменти со моето мало девојче“, напиша 44-годишната актерка, а набрзо од нејзините обожаватели и следбеници беа преплавени со комплименти.
Многумина напишаа дека Онор многу личи на нејзината мајка.
Во јуни, мајка и ќерка заедно присуствуваа и на венчавката на Џеф Безос и Лорен Санчез во Венеција, а актерката и тогаш сподели нивни заеднички фотографии.
Фото: принтскрин
Забава
Северина настапи во Словенија во проѕирен црн фустан, објави фотографии

Северина настапи во Порторож, а нејзиниот фустан дизајниран од Матија Вуица привлече посебно внимание. Пејачката објави фотографии и видео од концертот, а воедно ја искористи можноста да ѝ го честита роденденот на познатата хрватска дизајнерка.
„Ова не се обични фотографии, ова е гордост и среќа што (повторно) дојдов во Порторож… Ќе видите во видеата. А овој фустан е креација на една посебна жена. Среќен и благословен е овој ден, бидејќи таа се роди и го збогатува мојот живот повеќе од 30 години. Уметница, сопруга, пријателка, се роди единствената и единствена Матија Вуица. Среќен роденден, ангелу…“, напиша пејачката покрај фотографиите на кои позира во проѕирен црн фустан украсен со детали од чипка и шлиц што ги открива нејзините нозе.
„Северина, годините не ти можат ништо“; „Обожавам кога останувам без зборови“, „Опасна си, Севе“, „Старееш наназад“, беа комплиментите од нејзините обожаватели.
Подоцна, пејачката објави видео од концертот, на кое се гледа каква била атмосферата.