Свет
Баку го обвинува Ереван за кршење на новиот прекин на огнот
Азербејџанското Министерство за одбрана ги обвини ерменските вооружени сили за кршење на примирјето во Нагорно-Карабах, што стапи во сила утринава во 8 часот по локално време, пренесува ТАСС.
Вчера вечерта двете држави договорија нов хуманитарен прекин на огнот во Нагорно-Карабах со посредство на САД. Азербејџан денеска соопшти дека ерменските сили продолжиле со напади врз азербејџанските населби и воени единици и покрај новиот хуманитарен прекин на огнот.
„И покрај најавата за нов хуманитарен прекин на огнот во 8 часот на 26 октомври, ерменските вооружени сили уште еднаш грубо го прекршија постигнатиот договор. Селата на регионот Агдам, како и градот Тартар и неговите околни села, се цел на тешки гранатирања. Позициите на азербејџанските единици во Тартар, Агдам, Фузули, Лачин и во Губадли исто така беа нападнати“, соопшти Министерството.
Во исто време, Министерството изјави дека Азербејџан строго се придржува до условите за прекин на огнот.
И азербејџанскиот претседател Илхам Алијев денеска посочи дека Ерменија го прекршила прекинот на огнот само неколку минути откако тој стапил во сила, пренесува „Анадолија“. Алијев нагласи дека оние што сакаат хуманитарен прекин на огнот меѓу Ерменија и Азербејџан испраќаат оружје во Ерменија.
„Ја имам листата. Зошто некој што би сакал прекин на огнот би испраќал оружје?“, запраша тој.
Осврнувајќи се на оние што ја поддржуваат Ерменија, Алијев изјави: „Ако сакате да ја спасите ерменската држава, кажете им да ги напуштат нашите територии. Тие ќе излезат со вашиот збор“.
Обновените судири меѓу Азербејџан и Ерменија избувнаа на 27 септември, со интензивни битки во спорниот регион Нагорно-Карабах. Областа доживеа разгорување на насилството летото 2014 година, во април 2016 година и минатиот јули. Азербејџан и Ерменија воведоа воена состојба и започнаа со мобилизација. Двете страни во конфликтот пријавија жртви, меѓу нив и цивили.
Како резултат на консултациите иницирани од Русија во Москва, Баку и Ереван се согласија да прекинат со огнот на 10 октомври за хуманитарни цели за размена на воените затвореници и мртвите. Сепак, примирјето подоцна беше прекршено.
Конфликтот меѓу Ерменија и Азербејџан околу планинскиот регион Нагорно-Карабах, спорна територија што беше дел од Азербејџан пред распадот на Советскиот Сојуз, но мнозински населена со етнички Ерменци, избувна во февруари 1988 година кога автономниот регион Нагорно-Карабах најави повлекување од Советската Социјалистичка Република Азербејџан.
Од 1992 до 1994 година тензиите зовриваа и експлодираа во големи воени акции за контрола над енклавата и седумте соседни територии кога Азербејџан ја изгуби контролата над нив. Разговорите за решението за Нагорно-Карабах траат од 1992 година под водство на групата од Минск на ОБСЕ, предводена од тројцата копретседатели – Русија, Франција и САД.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Поранешен советник на Пентагон: Време е Зеленски да избега во Израел
Пензионираниот полковник на американската армија и поранешен советник на шефот на Пентагон, Даглас Мекгрегор, изјави дека дојде време украинскиот претседател Володимир Зеленски да „бега во Израел“, бидејќи, како што тврди, повеќе нема никаква политичка или безбедносна иднина. Коментарот беше објавен на платформата Икс.
„Време е Зеленски да ги запали моторите на својот личен авион и да одлета за Израел. Тој стана непотребен и нема иднина“, рече Мекгрегор.
Тој, исто така, оцени дека неодамнешната средба на Зеленски со британскиот премиер Кир Стармер, францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц била „бескорисна“, бидејќи украинскиот лидер, според него, не добил ништо освен „бесмислени гаранции“.
На 8 декември, Зеленски се сретна со тројцата европски лидери во Лондон, каде што, меѓу другото, разговараа за мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на конфликтот во Украина. Според соопштението од Елисејската палата, разговорите ќе продолжат, а европските земји имаат намера да му обезбедат на Киев „сигурни безбедносни гаранции“ и да учествуваат во планирањето на обновата на земјата.
Фото: депозитфотос
Свет
Захарова: Нема ништо лошо во трговијата, но Зеленски се занимава со крваво пазарење
Нема ништо лошо во трговијата, сè додека не се занимавате со некакво крваво пазарење, што го прави Владимир Зеленски, изјави претставничката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
„Нема ништо лошо во трговијата, кога не станува збор за трговија на луѓе кои ви верувале и кои ве избрале да донесете мир во земјата, како што ветивте.
Но, кога станува збор за трговија со верата, довербата на луѓето, па дури и нивните животи – што вклучува трговија со органи, трговија со украински деца, труење на честа, совеста и иднината на Украина – тогаш тоа добива сосема друго значење“, рече Захарова, коментирајќи ги изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, пренесува Спутник.
„Навистина, она што го прави Зеленски е крвава трговија“, оцени Захарова. Американскиот претседател Доналд Трамп претходно го нарече Зеленски трговец, и тоа не за прв пат, потсетуваат медиумите.
Фото: депозитфотос
Свет
(Видео) „Спејс Икс“ лансираше ракета со тајна мисија за американската војска
Ракета „Фалкон 9“ на „Спејс Екс“ што носи доверлив товар за Националната извидувачка канцеларија на САД (НРО) беше лансирана вчера од лансирната рампа 40 на вселенската станица Кејп Канаверал во Флорида. Тоа беше уште една класифицирана мисија за националната безбедност на САД.
„Фалкон 9“ полета во 14:16 часот по источноамериканско време, пробивајќи се низ облачното небо над вселенската станица Кејп Канаверал. Мисијата е означена како НРОЛ-77, а товарот е, како и обично со НРО, обвиен во тајност.
Liftoff! pic.twitter.com/4iQmX6dSF8
— SpaceX (@SpaceX) December 9, 2025
Националната извидувачка канцеларија, која работи во рамките на Министерството за одбрана на САД, е одговорна за управување со американската флота шпионски сателити. Во официјалната изјава на НРО само се наведува дека мисијата „носи товар за национална безбедност дизајниран, изграден и управуван од НРО“, без да се дадат дополнителни технички или оперативни детали.
Falcon 9’s first stage lands on LZ-2 pic.twitter.com/63yup6zvUT
— SpaceX (@SpaceX) December 9, 2025
Ова беше седмиот лет на „Фалкон 9“ во 2025 година, со ознака „NROL-“. Порано оваа година беа лансирани мисиите NROL-153, NROL-57, NROL-69, NROL-192, NROL-145 и NROL-48, кои траеја од јануари до септември.
Првата фаза на „Фалкон 9“ успешно се врати на Кејп Канаверал, дополнително демонстрирајќи ја посветеноста на „Спејс Екс“ за повторна употреба на ракетните системи, дури и на сложени и чувствителни мисии за американската воена и разузнавачка заедница.
фото: unsplash

