Македонија
15 починати и 247 нови случаи на Ковид-19
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 737 тестирања, а регистрирани се 247 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 116, Куманово – 4, Штип – 12, Прилеп – 23, Тетово – 10, Струга – 12, Велес – 7, Битола – 8, Охрид – 14, Кавадарци – 2, Гостивар – 10, Струмица – 6, Крива Паланка – 3, Радовиш – 2, Кочани – 3, Пробиштип – 5, Демир Хисар – 1, Македонски Брод – 1, Кичево – 6 и два во Ресен.
Институтот за јавно здравје денеска регистрира 321 оздравени пациенти од: Скопје – 189, Куманово – 12, Дебар – 1, Штип – 9, Прилеп – 15, Тетово – 8, Струга – 5, Велес – 1, Битола – 3, Охрид – 7, Кавадарци – 5, Гостивар – 3, Гевгелија – 7, Струмица – 16, Крива Паланка – 6, Кочани – 11, Пробиштип – 2, Берово – 3, Валандово – 5, Свети Николе – 4, Кичево – 6, Ресен – 2 и еден од Неготино.
Починати се 15 лица, двајца пациенти од Скопје (73 и 78 години), еден од Куманово (68), тројца пациенти од Тетово (60, 70 и 77 години), двајца од Струга (73 и 75 години), еден од Велес (58), еден од Охрид (69), еден од Кавадарци (71), еден од Гостивар (71), еден пациент од Гевгелија (76) и двајца пациенти од Кочани (49 и 68 години). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 27.199, бројката на оздравени пациенти е 18.948, на починати е 934, а бројот на активни случаи изнесува 7.317. Денеска се евидентираат два контролни теста од вчера, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов статистиката по градови е следна:
• Скопје 11.592, активни 3.490
• Куманово 2.128, активни 322
• Дебар 321, активни 56
• Штип 1.560, активни 204
• Прилеп 1.110, активни 324
• Тетово 1.932, активни 406
• Струга 785, активни 82
• Велес 514, активни 155
• Битола 550, активни 187
• Охрид 615, активни 170
• Кавадарци 431, активни 172
• Гостивар 1.115, активни 150
• Гевгелија 332, активни 172 (18 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 47 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 742, активни 424
• Крива Паланка 207, активни 72
• Радовиш 203, активни 76
• Крушево 22, активни 2
• Кочани 648, активни 203
• Пробиштип 164, активни 32
• Демир Хисар 73, активни 11
• Македонски Брод 101, активни 5
• Пехчево 57, активни 9
• Берово 192, активни 53
• Валандово 92, активни 35
• Виница 163, активни 59
• Делчево 227, активни 128 (47 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 37, активни 11
• Свети Николе 452, активни 66
• Кичево 487, активни 124
• Ресен 226, активни 55
• Неготино 121, активни 62 (17 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 737 теста се преку: ИЈЗ-241, ЦЈЗ Скопје – 42, МАНУ -129, Жан Митрев (Филип Втори) -146, Систина со PCR метода – 142, ЦЈЗ Битола – 24, Инфективна клиника – 4, ГАК – 9. Досега во земјата се направени вкупно 235.775 тестирања на Ковид-19.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 15 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 146, а на кислородна поддршка се 110 пациенти.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 6 деца и 9 мајки позитивни на вирусот, како и 5 деца и 4 мајки кои се суспектни на Ковид-19.
Во болницата „8 Септември“ има 2 приеми, а вкупно хоспитализирани се 47 пациенти. На респиратор се 2 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 60, а во болницата во Штип 50 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија и Кавадарци се хоспитализирани 295 позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Статистиката на активни случаи по скопските општини, денеска е следна:
• Чаир – 171
• Гази Баба – 437
• Аеродром – 675
• Карпош – 528
• Центар – 508
• Кисела Вода – 413
• Ѓорче Петров – 287
• Бутел – 157
• Шуто Оризари – 28
• Студеничани – 9
• Сарај – 23
• Арачиново – 10
• Илинден – 60
• Сопиште – 31
• Чучер Сандево – 15
• Петровец –21
• Зелениково – 9
• Странец – 22
• Нераспределен- 86
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: Нема поголема минимална плата, доаѓаат „економски работници“
Поголема минимална плата? Нема да има. Нема пари ниту за минимална плата, ниту за земјоделците, ниту за пензионерите, велат од СДСМ.
„Очигледно сите ќе мора да се навикнеме дека поголеми плати нема да има.
Ни доаѓаат „економски работници“. Според договорот кој го објавија британски медиуми треба да им се обезбедат плати, сместување, пензии. Ако нема работа мора да им се плати, што значи нема да има ниту за плати ниту за пензии. Така вели договорот.
Не, тоа не се мигранти. Економски работници. Затоа и Законот за странци го сменија.
Може да ги нарекуваме економски работници додека Мицкоски не им даде пасоши, а потоа ќе станат рамноправни граѓани на Македонија.
Што да се прави, договор си е договорот“.
Како што нагласуваат од СДСМ, засега во буџетот недостига само една милијарда евра.
„Само ВМРО-ДПННЕ не се грижи. Има пари до крајот на мандатот за уште криминални тендери“.
Македонија
Сиљановска-Давкова ја прими албанската министерка Спиропали: Заедничката европска перспектива да стане реалност
Регионот како целина треба да се интегрира во Европската Унија без натамошно одложување, заклучија на денешната средба претседателката Гордана-Сиљановска Давкова и министерката за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Елиса Спиропали, која престојува во официјална посета.
Сиљановска-Давкова го поздрави напредокот на Албанија во пристапниот процес, укажувајќи дека во актуелниот геополитички контекст, напредокот на секоја земја има позитивен ефект врз регионалната евроинтеграциска динамика.
Претседателката потсети дека, по 20 години кандидатски статус, македонскиот пристапен процес станува исцрпувачки маратон, со постојано одложување на целта.
Таа потенцираше дека Копенхагенските критериуми мора да бидат единствените услови за членство и дека билатерализацијата создава опасен преседан, овозможувајќи блокирање на европскиот пат и на други земји кандидатки.
Албанската министерка искажа силна поддршка за македонските евроинтеграции и уверување дека земјите од Западниот Балкан споделуваат идентични цели и вредности и треба заеднички да чекорат кон европското семејство.
Обете се согласија дека регионалната соработка е клучна за стабилноста, добрососедските односи и
инфраструктурното поврзување, а особено за реформски процеси неопходни за членството во ЕУ.
Во трилатералниот меморандум потпишан меѓу нас, Бугарија и Албанија, препознаваме јасно дефинирана временска рамка и динамика за реализирање на активностите врзани за Коридорот 8.
Воспоставувањето на систем со едно застанување „One Stop Shop“ на сите гранични премини меѓу двете земји, сметаат дека ќе придонесе за брза заедничка контрола и јакнење на меѓусебната соработка.
Соговорничките укажаа на потребата од засилена економска соработка и се заложија за продолжување на одличната соработка во НАТО.
Почитувањето на правата на малцинските заедници е додадена вредност за пријателските македонско-албански односи.
Македонија
МЗШВ: Исплатени се 335.963.096 денари кон 1.211 сточари
Денеска е извршена исплата на средства во вкупен износ од 335.963.096 денари кон 1.211 сточари, согласно Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
„Во однос на корисниците на кои не им се исплатени средства по основ на субвенции за 2023 година, информираме дека е потребно истите да се обратат до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, со цел да се изврши детална проверка и разгледување на секој поединечен случај. Грижата за земјоделците продолжува“, велат од таму.

