Забава
(Видео) К-поп бенд на удар на јавноста за користење исламска сценографија

Јужнокорејскиот бенд НЦТ се најде на удар на критики поради користењето слики на исламско светилиште како заднина за време на неодамнешниот настап – последно во низата обвинувања за присвојување култура и религија изнесени против овој бенд.
Во неделата бендот изведе нова песна Make A Wish (роденденска песна) на локалното музичко шоу „Инкигајо“, придружено со визуелни содржини, кои некои фанови на социјалните мрежи бргу ги идентификуваа како храмот на имамот Хусеин, кој е и џамија и гроб на Хусеин ибн Али – третиот имам или водач на шиитскиот ислам и кој бил внук на пророкот Мухамед – во градот Карбала во Ирак.
На сцената можеше да се види и уметничка изведба на религиозен текст од светилиштето, што предизвика загриженост кај љубителите на делото, и кај муслиманите и други.
Креативната тема на Make A Wish почна да привлекува внимание, дури и пред објавувањето на песната на 12 октомври кога генерички слики од Блискиот иисток, Индија и од Арабија почнаа да се појавуваат на најавните фотографии.
Снимки од музички спотови и настапи прикажуваат членови на бендот како носат турбани или изведуваат мудри, свети гестови од религии, како хиндуизам и будизам, што ги вознемири фановите што веруваат дека бендот не ги почитува странските култури.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Најбизарното издание на Хајди Клум: голи гради и детаљ што ги згрози сите

Поранешната ѕвезда на модните писти Хајди Клум се појави на Неделата на модата во Париз во сосема неочекувано, но и, како што многумина коментираат, најлошото издание во нејзината кариера досега.
Навикнати сме да гледаме екстремно провокативни модни стајлинзи од познатата Германка, како и фактот дека редовно ги покажува своите интимни делови, сепак… Хајди успеа да ја шокира јавноста со овој избор на ревијата пролет/лето 2026 на модната куќа Vetements.
Таа пристигна на ревијата во проѕирен фустан од чипка, под кој јасно се гледаа нејзините голи гради, кои гордо ги покажуваше додека позираше пред камерите, како и бели танга гаќички со висок струк. Сепак, таа направи „катастрофална грешка“ со еден моден детаљ – носеше златни протези.
Таа ја зачини оваа бизарна комбинација со чевли во боја на кожа и црни очила за сонце, а реакциите на нејзиниот изглед беа сè друго освен позитивни. Некои сметаат дека ова е вулгарен и невкусен потег што привлекува внимание, и очаен обид да се „врати“ во своите 20-ти години.
„Очајот не е привлечен. Ова е само тажно“, „Зрачи со очај. Апсолутно невкусно“, напишаа некои.
Таа пристигна на модниот настан во придружба на нејзината ќерка Лени Клум, која успешно ја гради својата манекенска кариера и која, за разлика од нејзината позната мајка, беше облечена поскромно – таа искомбинираше црна здолниште со црна кратка кошула.
фото: принтскрин
Забава
Тешко им е да веруваат во убави работи: хороскопски знаци кои не паѓаат на комплименти

Комплиментите се мали подароци што ги примаме од другите, но не секој ги прифаќа со иста леснотија.
Додека некои ќе уживаат во секој убав збор и среќно ќе го повторуваат во своите мисли, постојат хороскопски знаци кои веднаш почнуваат да се нервираат, да гледаат надолу или да бараат изговор зошто не ја заслужиле пофалбата.
Тие не знаат што да прават со комплимент, па затоа често го гледаат како срам, а не како признание.
Девица
Девиците се познати по својата самокритика. Кога некој ќе им даде комплимент, првото нешто што го помислуваат е дека мора да има некоја скриена причина или дека лицето претерува. Наместо да уживаат во убавите зборови, веднаш ќе почнат да објаснуваат зошто не е толку совршено.
Рак
Раковите се емотивни и чувствителни, но тешко им е да поверуваат дека некој искрено мисли толку убави работи за нив. Нивните несигурности честопати им пречат, па затоа ги гледаат комплиментите како нешто што мора да го одбијат или минимизираат. Наместо „благодарам“, почесто ќе чуете скромно „не е ништо“.
Јарец
Јарците се навикнати на сериозност и работа, па затоа комплиментите им звучат непотребни и излишни. Тие веруваат дека трудот се зема здраво за готово и не гледаат причина зошто некој би го нагласил особено. Затоа пофалбите честопати ги прават да се чувствуваат непријатно бидејќи им е полесно да зборуваат за достигнувања отколку за сопствените доблести.
Шкорпија
На Шкорпиите им е тешко да им веруваат на другите, па затоа понекогаш ги гледаат комплиментите како тактика или обид да извлечат нешто од нив. Кога некој ќе им каже нешто убаво, тие често реагираат со доза на сомнеж или дури и иронија. Нивната интензивна природа едноставно не им дозволува лесно да ги прифатат пофалбите на другите луѓе.
фото: принтскрин
Забава
Ѕвездите од серијата „Емили во Париз“ повеќе не се заедно: „Згодните момци не се мој тип“

Ѕвездите на „Емили во Париз“, Ешли Парк и Пол Форман, наводно, ја завршија својата врска, која ја започнаа за време на снимањето на популарната серија на Нетфликс.
Иако двојката сè уште не дала официјална изјава, гласините се чини дека се вистинити.
Ешли и Пол се запознаа на снимањето на „Емили во Париз“ и за прв пат беа видени заедно во 2023 година, иако ја потврдија својата врска дури следната година, на посебен начин.
Потоа Ешли откри на социјалните мрежи дека преживеала септичен шок, а меѓу другото, му се заблагодари на Пол, кој цело време бил покрај неа.
Интересно е и тоа што таа влегла во врска со Пол откако раскинала со еден актер, по што мислела дека никогаш повеќе нема да сака врска со колега.
„Првото нешто што Пол ми го кажа беше дека никогаш не бил во врска со глумица. Мислев дека се шегува“, изјави Ешли Парк за „Космополитен“, додавајќи дека згодните момци како него „не биле нејзин тип на маж“.
„Не знам зошто, но некако секогаш прво мислам дека овие мажи не се за мене и дека не можат да бидат за мене“, беше искрена актерката.
За време на нивната врска, тие често објавуваа заеднички фотографии на социјалните мрежи и имаа голем број обожаватели.
фото: принтскрин