Регион
Борисов на домашно лекување од коронавирусот, се чувствува истоштено
Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, кој во домашни услови се лекува од коронавирусот, изјави дека болеста нема да го спречи да ја извршува својата работа иако се чувствува истоштенo.
Борисов (61) во порака на „Фејсбук“ рече дека нема никакви промени во неговата здравствена состојба, објави „Ројтерс“.
„Лекарите ме третираат како и секој Бугарин што останал на домашно лекување. Убеден сум дека нашето општество, предводено од многубројни експерти, од кои некои се најдобри во светот, успешно ќе го поминат ова искушение. Следете ги пропишаните мерки и бидете безбедни“, им порача Борисов на своите сонародници преку социјалната мрежа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Познатата српска актерка Слобода Миќаловиќ претепана во Белград
Познатата српска актерка Слобода Миќаловиќ вчера во 18 часот и 50 минути била физички нападната од 47-годишната С.Д..
Како што неофицијално објави српски Телеграф, кај С.Д. по пристигнувањето на полицијата било утврдено присуство на алкохол во крвта.
Како што пишуваат српските медиуми, тепачката се случила на плоштад во Земун.
Актерката наводно управувала со возило и кога тргнала напред, со предниот дел од автомобилот удрила во случајниот минувач С.Д. во пределот на коленото, што довело до вербален, а потоа и физички конфликт.
Актерката потоа била префрлена во Ургентниот центар.
Регион
(Видео) Тепачка во српскиот парламент
Во српскиот парламент дошло до физичка пресметка кога опозиционерите првин кренале транспаренти по усвојувањето на дневниот ред, а потоа се обиделе физички да го спречат почетокот на расправата кога пристигнале владините членови.
Претставниците на владејачкото мнозинство на Вучиќ застанале во еден вид жив ѕид околу говорницата, при што имало жестока расправија, пишуваат тамошните медиуми.
Пратениците од опозицијата им извикуваа „убијци, убијци“ мислејќи на катастрофата во Нови Сад, каде што 15 лица загинаа при падот на натстрешникот на реконструираната станица, што доведе до серија протести во Србија, пренесуваат медиумите во регионот.
SNS.Sramota Srbijeje razvila transparent da oni grade a žuti kradu. O Sunce ti kalajisano……….!
Je li ovo prerijsko goveče što se tiče u Skupštini. pic.twitter.com/QKObClnvhN— Darko@Darko0209 (@darko02091) November 25, 2024
Претседателката на Собранието, Ана Брнабиќ, го повика обезбедувањето да влезе во салата, кое се обиде да ги смири пратениците.
Funkcioner i narodni poslanik Srpske napredne stranke Igor Bečić nasrnuo je u skupštinskoj sali na poslanicu @SlobodaIPravda – @MarinikaTepic! pic.twitter.com/lbicotJGse
— TV N1 Beograd (@n1srbija) November 25, 2024
Брнабиќ потоа ги повика пратениците да се вратат во своите клупи.
Според написите, тие набргу се вратиле, но дискусијата не продолжи, пратениците од опозицијата продолжија да стојат и да извикуваат „убијци, убијци“.
Регион
Блажиќ: Цел живот се жртвував, знам што ме чека, мртов сум
Во Специјалниот суд во Белград денеска продолжи судењето на Урош Блажиќ, обвинет за масакрот во селата кај Младеновац, во кој беа убиени девет лица. На почетокот на судењето, Стефан Стефановиќ, адвокатот на семејствата на убиените деца, побара како доказ да бидат доставени IP-адресите на Урош Блажиќ, на татко му, како и на сите луѓе со кои комуницирал непосредно пред масакрот, а потоа пред присутните се обрати првообвинетиот Блажиќ, пишуваат медиумите во соседството.
„Сакаме да бидат доставени сите IP-адреси, не е утврдено дали имало влијание однадвор дека е извршен овој масакр. Не утврдивме дали имало планови или имало влијание од странство. Немаме пораки, немаме повици. Семејствата инсистираат на тоа“, рече Стефановиќ.
Обвинителите тогаш се спротивставија на предлогот и нагласија дека IP-адресите нема да донесат нови докази и дека постапката само ќе се одолжува.
Тогаш обвинетиот Урош Блажиќ побара од судијата да ја дополни неговата одбрана.
Родителите на убиените деца се побунија.
„Сфатив дека сите сте во право тука. Ви благодарам што сте толку љубезни кон мене, заслужив полоши зборови и осуда. Барав мотив, но нема мотив толку многу луѓе да загинат. Цел живот глумев, се жртвував, замислував дека сите ме мразат, а овие млади сакаа да ми помогнат, а јас бев арогантен. Одбив да ја прифатам вината, извинете што не го кажав ова веднаш. Сакам да изразам најдлабоко сочувство. Не можам да го минимизирам ова. Мојата судбина е во ваши раце, сакам најстрога казна. Да ми дадете да потпишам да ми го извадат окото и да ѝ го дадат на Анѓела, да ми ги земат ногата и ‘рбетниот мозок и да им ги дадат на другите повредени“, рече Блажиќ и додаде:
„Знам што ме чека, јас сум мртов човек“.
На Урош Блажиќ му се заканува казна од 20 години бидејќи во моментот на делото сè уште немал 21 година, пренесуваат српските медиуми.