Свет
Азарбејџан тврди дека во борбите загинал ерменски полковник
Полковникот на ерменската армија, Сергеј Шакарјан, е убиен во акција на азербејџанската армија, тврди Министерството за одбрана на Азербејџан.
Министерството во Баку објави дека во текот на 26 и 27 октомври ерменските воени страни го прекршиле договорот за прекин на огнот користејќи разновиден арсенал оружје, пренесе агенцијата „Азертак“.
„Борбите продолжија во три града, а нападите на ерменската армија беа одбиени, па непријателот се повлече и претрпе човечки загуби“, додава азербејџанското Министерството за одбрана.
„Како резултат на акцијата спроведена од нашата армија уништен е командниот пункт на 18. моторизирана дивизија на ерменските вооружени сили. Меѓу загинатите е и полковникот Сергеј Шакарјан, началник на штабот на дивизијата“, соопшти Министерството.
Според инзвештајот, покрај човечките загуби, ерменската армија загубила и еден тенк, 27 хаубици, еден противавионски ракетен систем, радарска станица и шест теренски возила.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Француските експерти препорачуваат децата да не користат паметни телефони пред да наполнат 13 години
На децата не треба да им се дозволува да користат паметни телефони пред да наполнат 13 години и треба да им се забрани користењето на конвенционалните социјални медиуми како ТикТок, Инстаграм и Снепчет до 18 години, се вели во експертскиот извештај нарачан од францускиот претседател Емануел Макрон.
Макрон побарал експертите да предложат упатства за употреба на паметни телефони кај детската популација.
Тој сака да преземат решителни чекори за да ја ограничат нивната изложеност на негативното влијание на оваа технологија, пренесува лондонски Гардијан.
Регион
Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ
Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала утрово во 05:38 часот е регистриран во Хрватска, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Според информациите од Европскиот медитерански сеизмолошки центар, земјотресот бил на 92 километри јужно од главниот град Загреб и на 14 километри од границата со Босна и Херцеговина, кај Тржачка Раштела.
Земјотресот бил на длабочина од 10 километри.
Земјотресот најмногу бил почувствуван во централна Хрватска и во дел од Босна и Херцеговина со интензитет од V-VI степени според Европската макросеизмичка скала.
Засега нема извештаи за повредени лица или за предизвикана материјална штета.
Свет
Небензја: Русија е категорично против резолуцијата за Сребреница
Рускиот амбасадор во Обединетите нации Василиј Небензја изјави дека Русија е категорично против резолуцијата за Сребреница во Генералното собрание на ОН и додаде дека секоја страна и должи на другата и Сребреница не е единствената темна страна на таа војна.
Тој посочи дека промовирањето на нацрт-резолуцијата на Генералното собрание на ОН за геноцидот во Сребреница го прекршува Дејтонскиот договор.
„Тој нацрт е едностран и политички мотивиран“, рече тој.