Македонија
Утре променливо облачно и магливо време со температура до 22 степена
Времето утре претпладне ќе биде облачно, по котлините магливо, а попладне променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните јужни делови ќе има услови за слаб дожд. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степена.
Во Скопје претпладне облачно и магливо, попладне променливо облачно. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне 17 степени.
В четврток времето ќе биде посончево, а в петок и в сабота повторно ќе има зголемена облачност со услови за локален дожд во северните и североисточните делови од земјава.
Од петок ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено по должина на Повардарието, па дневните температури ќе се намалат за неколку степени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Омилена работа на претходната власт била местење тендери, велат од ВМРО-ДПМНЕ
За да одиме напред мора да ја знаеме фактичката состојба, што е оставено од претходно, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека одговорот е руинирани институции, корупција и криминал, омилена работа на претходната власт била местење тендери.
„Во низата скандалозни тендери се и оние во РЕК Битола. Спорни и според Државната ревизија се тендерите во РЕК Битола што ги доби Марковски компани на чело со сопственикот Борче Марковски почесниот конзул на Белорусија во земјава. Ревизијата утврдила дека биле спроведувани постапки во РЕК Битола со договарање во четири очи без јасно дефинирани критериуми, нееднаков третман на компаниите и расипничко користење на јавните средства. При една набавка одбиена е компанија која нудела подобри услови, а била избрана Марковски компани, во друга пак се глумело конкуренција за битолската компанија на конзулот да ја задржи високата цена. Марковски компани основана во 2020 година со паричен влог од 2500 евра била особено омилена на СДС и ДУИ за делење на тендери. Ваквата Македонија ќе ја смениме. Неспособноста завршува со нив, работиме 100 проценти одговорно за твојата иднина“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
СДСМ: Запалени возила, а сторителите непознати, со Тошковски улиците се како Див Запад
Дури седум возила изгореа во Скопје само за два дена. Четири возила изгореа вчера во Чаир за една вечер и две возила во Аеродром еден ден пред тоа, реагираат од СДСМ и додаваат дека неспособноста на Тошковски е закана за безбедноста на граѓаните која што е алармантно влошена.
„Во последните два месеци има десетина случаи на запалени автомобили и на инспектори, началници, полицајци. Беше запаленото возило на Началникот на полицијата во Струга, на инспектор во Виница. Сторителите се уште се непознати, одговорност нема. Пречесто има пукања и криминални пресметки, досега има дваесетина убиства и обиди за убиства. Откако Тошковски и ДПМНЕ се на чело на МВР улиците станаа Див Запад. Немало досега понеспособен министер за внатрешни работи“, се вели во реакцијата на СДСМ.
Македонија
Дел од општина Центар денес без вода
Без вода од 08:30 часот до завршување на дефектот ќе бидат корисниците на дел од улица „Димитрие Чуповски“ во Општина Центар.
Прекинот, како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, е поради уличен дефект Ф-100 мм на крстосницата на улицата „Димитрие Чуповски“ и булеварот „Св.Климент Охридски“.